Ознака: ОН

zname

Јапонија ќе ги намали уплатите во буџетот на ОН

Post Views: 13 Владата на Јапонија се подготвува значително да го скрати своето учество во финансирањето на ОН, но и покрај тоа Јапонија ќе остане втората држава, по САД, според уделот во буџетот на светската организација. Досега делот на Токио во буџетот на ОН беше 16,6 отсто, а Владата планира да го намали до 12 отсто, пишуваат денеска јапонските весници. ОН на секои три години ги преразгледуваат уплатите на земјите членки во буџетот. Сега се водат преговори за периодот 2010-2012 година. Се очекува САД да останат со најголем удел – 22 проценти од финансирањето на ОН. Заради...

Continue reading

Самит за климатски промени во ОН

Post Views: 2 Во ОН денеска ќе биде одржан еднодневен самит за климата на кој ќе се направат напори од мртва точка да се покренат преговори за нов климатски договор кој треба да го замени Протоколот од Кјото. Преговорите се во застој поради различните ставови за тоа како намалувањето на емисиите да се подели меѓу богатите и земјите во развој и како да се соберат околу 100 милиони долари колку се потребни годишно за сиромашните држави да им се помогне да се изборат со глобалното затоплување и да се прилагодат на промените. На тој состанок треба да биде формулиран нов документ за спречување...

Continue reading

Generalno sobranie

Али Абдусалам – новиот претседател на Генералното собрание на ОН

Post Views: 2 Али Абдусалам е новиот ротационен претседател на Генералното собрание на ОН. Треки, кој беше избран со овации да раководи со 64-та сесија на Генералното собрание, е поранешен министер за надворешни работи на Либија и досега трипати беше постојан претставник на северноафриканската држава во ОН. Во изјавата по изборот новиот претседател им се заблагодари на земјите-членки и изјави дека неговата идна работа ќе зависи од соработката на секој член на Генералното собрание, без да изразува пристрасност кон определени групи земји. – Мојата главна девиза ќе биде праведноста,...

Continue reading

logo

Усвоена резолуцијата за религија

Post Views: 13 Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави. Текстот, што го предложи Пакистан во име на Организацијата на исламска конференција, е усвоен со 23 гласови “за“ и 11 “против“, додека 13 држави се воздржаа од гласање. Европските држави, Канада и Чиле гласаа против, Индија беше воздржана, додека неврзаните и повеќе исламски држави го поддржаа текстот. Резолуцијата, која правно нема обврзувачки карактер, укажува на “сериозна загриженост кога се во прашање...

Continue reading

Clarence Dijas

Службеник на ОН призна дека поседувал детска порнографија

Post Views: 0 Службеник на ОН призна дека е виновен за поседување на  детска порнографија, јавија светските медиуми. Шеесетипетгодишниот Кларенс Диас беше уапсен минатиот месец на аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк, откако во неговиот багаж беше откриено ДВД кое содржело кадри со сексуален чин меѓу маж и малолетно дете. Диас веројатно ќе биде условно казнет и ќе биде регистриран како сексуален престапник. Тој е директор на Меѓународниот правен центар, чие седиште е во централата на ОН во Њујорк.   {loadposition content9}

Continue reading

Angela Merkl

Ангела Меркел бара формирање на Економски совет на ОН

Post Views: 7 Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Давос изјави дека светската економска криза би можела да резултира со формирање на Економски совет на Обединетите нации, по примерот на веќе постоечкиот Совет за безебдност. „Актуелната криза ја потенцира потребата за подобра меѓународна координација. Сите прашања со кои се соочуваме мора да бидат вклучени во повелбата за глобален економски поредок. Тоа би можело да доведе до формирање на Економски совет на ОН, како што е формиран Советот за безбедност по Втората светска војна“, истакна Меркел. Таа најави дека идната година...

Continue reading

logo UN

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Post Views: 2 Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори. На седницата ќе учествува и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој подоцна денеска заминува во еднонеделна обиколка на Блискиот Исток. „Запрете веднаш! Конфликтот веќе зеде доволно жртви“, изјави синоќа на прес-конференција генералниот секретар на ОН. Бан Ки-мун утре ќе пристигне во Каиро, за да се приклучи кон меѓународните напори за постигнување мир во Газа.Минатиот четврток Советот за безбедност ја усвои резолуцијата 1860, со која го повикува...

Continue reading

zrtva

ОН загрижени поради можна копнена инвазија на Газа

Post Views: 5 Специјалниот пратеник за Блискиот Исток Роберт Сери изјави синоќа дека ОН се загрижени од можна копнена инвазија во појасот Газа, што само би го влошило судирот во кој стотици луѓе веќе ги загубија животите.   „Силно сме загрижени бидејќи тоа би значело само нов круг насилства и натамошна ескалација на судирот. Тоа мора да престане“, истакна Сери.   Специјалниот пратеник на ОН, преку видео бим од Ерусалим, рече дека имајќи предвид оти израелските тенкови се на граицата со Газа, сега апсолутен императив е да се најде начин да се избегне поширок конфликт со уште поголем...

Continue reading

ON

Генералното собрание одобри зголемен буџет за ОН

Post Views: 6 Генералното собрание на Обединетите нации го зголеми двогодишниот буџет поради зголемените расходи за мисиите во кризните региони и новите функции. Буџетот на ОН за периодот 2008-2009 година изнесува 4,86 милијарди долари, иако претходно беше фиксиран на 4,17 милијарди долари. Како причини за зголемувањето на расходите се 27 мисии на ОН во светот, посебно мисијата во Авганистан, во Ирак и во Судан. Генералното собрание на Светската организација одобри финансирање на 92 нови функции во ОН за развој и 49 во политичкиот оддел односно за превентивна дипломатија. Генералниот...

Continue reading

sediste UN

Избрани новите непостојани членки во Советот за безбедност на ОН

Post Views: 1 Избрани се петте нови непостојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година. За единственото место предвидено за азиска држава е избрана Јапонија, која освои 158 гласови, а конкурентот Иран 32, соопшти вечерва претседателот на Генералното собрание на ОН Мигел Декото. Во групата на Европа за непостојани членки се избрани Австрија и Турција, а Исланд беше елиминиран. Од групата на Латинска Америка и Африка, беа избрани единствените кандидати Мексико и Уганда.

Continue reading

corapi

„Ние сме свесни за Дауновиот синдром“

Post Views: 14 Донаторска акција за денот на лицата со Даунов синдром. Во декември 2011 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации го прогласи 21 Март за Светски ден на Дауновиот Синдром. Генералното Собрание одлучи дека почнувајќи од 2012 година, секоја наредна година на 21 март ќе се одбележува Светскиот Ден на Дауновиот Синдром, и ги поканува сите земји членки на ОН, релевантните организации на системот на ОН други меѓународни организации, вклучувајќи ги невладините организации и приватниот сектор, да го одбележат овој ден на соодветен начин, со цел да се постигне поголема...

Continue reading

agencija

Стружани недоволно информирани за мерките на Агенцијата за вработување

Post Views: 3 Ќе се подига нивото на квалитет на подрачната единица во Струга на Агенцијата за вработување на РМ.  Директорот на агенцијата, Влатко Попоски вели дека наредниов период повеќе ќе бидат присутни во Струга и посветено ќе работат во локалната единица, со цел да се надминат проблемите, односно сите невработени лица навремено да добиваат информации во врска со програмите и активните мерки за вработување. „Низ нашето работење како Агенција утврдивме дека дел од нашите вработени не си ја вршат совјата работат односно многу малку инфорамации доаѓаат до оние граѓани кои што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top