Стружани недоволно информирани за мерките на Агенцијата за вработување

Малку информации од Агенцијата за вработување допираат до граѓаните на Струга. Ова го истакна  директорот на Агенцијата. Влатко Поповски на денешната трибина за презентација на активните мерки за вработување. На локалната единица во Струга и се потребни правници, психолози и економисти со цел да се подигне нивото на квалитетот на работењето на струшката агенција.

 |  Николоска Биљана  | 
agencija
агенција

agencijaЌе се подига нивото на квалитет на подрачната единица во Струга на Агенцијата за вработување на РМ.  Директорот на агенцијата, Влатко Попоски вели дека наредниов период повеќе ќе бидат присутни во Струга и посветено ќе работат во локалната единица, со цел да се надминат проблемите, односно сите невработени лица навремено да добиваат информации во врска со програмите и активните мерки за вработување.

„Низ нашето работење како Агенција утврдивме дека дел од нашите вработени не си ја вршат совјата работат односно многу малку инфорамации доаѓаат до оние граѓани кои што имаат потреба од овие информации, што нудиме како агенција, и денеска беше идејата на што е можно повеќе луѓе да го пренесеме ова, бидејќи можеби не стигнавме сите да ги поканимено доволно е присутните да го пренесат зборот кон сите други заинтересирани со тоа што во иднина ќе знаат како и на кој начин не само преку агенцијата туку и он лајн како да добиваат информации односно да добиваат информации за она што го работиме и што ќе работиме“ – вели Попоски.

agencijaНе само што стружани малку знаат за мерките за вработување на Агенцијата, туку на сите заинтересирани за вработување треба да им се посочи како треба да ги потполнуваат формуларите, односно дека истите треба да содржат повеќе информации нагласува Попоски.

„Колку повеќе информации имаме за едно лице, толку полесно ќе можеме да му помогнеме да се вработи, да му бараме соодветно вработување, да го споиме со некој работодавач. Воедно со самото доаѓање во Агенцијата се потполнува индиивидуален план за вработување кој што на нас пак ни дава информации што треба да направиме во иднина за да му помогнеме. Значи тоа се се битни информации кои што зависта од луѓето а не од агенцијата. Ние сме ја направиле можноста има електронска можност се седнува со нашиот вработен се внесува во системот и после тоа се е внесено и може да се употреби. agencijaВоедно да се искористи он лајн системот на Агенцијата за вработување, бидејќи со самото креирање на си-ви он – лајн веќе имате над 7000 работодавачи кои што во истиот момент може да го погледне вашето си-ви. Значи се е поставено на дланка само треба да се искористи“ -појаснува Попоски.

Струшките пратеници со став дека оваа трибина ќе допринесе за подобро запознавање на стружани со мерките на Агенцијата за вработување.

„Првата заложба е да го доближиме овој проект до граѓаните на Струга и тоа денес се случува а втората заложба ќе биде наскоро да се подигне нивото на квалитетот на агенцијата во Струга“

Трибината за презентација на активните мерки за вработување е во организација на пратеничката канцеларија на струшките избраници во Собранието на РМ,  Лилјана Затуроска, Момчило Аврамоски и Нола Исмајловска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top