Ознака: ОИК

ОИК: Завршени се техничките подготовки за работата на Избирачките одбори

Post Views: 2   Завршени се сите подготовки за нормално функционирање на избирачките одбори на сите гласачки места во општина Охрид , информира Климент Камнароски, претседател на ОИК. Поделени се 880 решенија на претседатели, заменици претседатели, членови и заменици на членови кои се во составот на избирачките одбори. Од претходниот состав на ИО 40 лица биле иземени и на нивно место се поставени  нови членови од страна на ДИК“ , кажува Камнароски. „Има промени на луѓе кои се иземени од работни позиции кои заминале в пензија, се на боледување или се со хронични заболувања кои се ослободени...

Continue reading

ОИК МУ ГО ВРАЧИ УВЕРЕНИЕТО НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Post Views: 6 Константин Георгиески, од денес и официјално ќе раководи со општина Охрид во текот на наредните две и пол години. Уверението за извршување на градоначалничката функција на новиот градоначалник денеска му беше врачено од страна на претседателот на ОИК, Климент Камнароски, во присуство на сите членови од комисијата. Георгиески рече дека од денес е градоначалник на сите граѓани на Охрид, независно од нивната политичка, верска, етничка или национална припадност. „Оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене и уште еднаш да им ветам и...

Continue reading

koalicija

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ сепак заеднички ќе настапат во Струга

Post Views: 0 Жалбата на подносителот на заедничката советничка листа на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Струга, се уважува. Ова е одлуката на судот со која се поништува решението не ОИК од Струга, со кое доцна синоќа беше отфрлена заедничката советничка листа. Во тужбата од подносителот на листата СДСМ Струга, било укажано на неправилностите во постапката при донесувањето на решението на ОИК Струга, затоа што Комисијата ја донела оспорената одлука без притоа да има предвид дека ДИК претходно веќе констатирала повлекување на листата на ВМРО – ДПМНЕ. Судот не го прифатил ставот на ОИК дека 13...

Continue reading

koalicija

ОИК ја одби заедничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за Струга

Post Views: 1 ОИК даде вето за заедничката советничка листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за Струга. Ваквата одлука предизвика огромен револт и незадоволство во редовите на струшките социјалдемократи, кои се официјален подносител на зеадничката листа. Претседателот на ОО на СДСМ Ристе Чушкоски, тврди дека листата на кандидати за членови на Совет навреме била поднесена, но не била прифатена од ОИК со забелешка дека за 13 членови од таа листа веќе е поднесена кандидатура за Советот. Додава дека од нивна страна им било сугерирано дека има одлука од ДИК во однос на тие 13 членови односно дека...

Continue reading

ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски

Post Views: 1 ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата за живот во Македонија за градоначалник на Охрид. Од денес тече рокот за назначување на градоначалникот и за преземање на функцијата. Согласно Законот за локална самоуправа примопредавањето треба да се изврши во рок од седум дена од завршување на изборите, вели Димитрија Вревезоски, претседателот на ОИК. Конституиран е и советот на Општина Охрид. Во него влегоја 11 советници од СДСМ и коалицијата За живот во Македонија, 10 од ВМРО ДММНЕ и коалицијата ЗА подобра Македонија, двајца од коалицијата...

Continue reading

kutija

Изборниот процес во Струга помина во фер и демократска атмосфера

Post Views: 6 Изборниот процес во Струга заврши онака како и што беше очекувано. Локалните и претседателски избори во струшкиот регион иако малку комплицирани при пребројувањето на гласовите, сепак поминаа мирно. Право на глас имаа 53 371 гласач. Во текот на вчерашниот ден, се гласаше на 76 избирачки места бидејќи изборниот процес не се реализира во 2 села, поради непристапноста на патиштата. Според првичните информации кои денес ги објави општинската изборна комисија, од претседателските кандидати најмногу гласови има Имер Селмани 9 999, Мируше Хоџа има 2 689, Нано Ружин 532, Ѓорѓе...

Continue reading

оик

Избирачките одбори без проблеми уредно ги презедоа изборните материјали

Post Views: 2 Избирачкиот материјал без проблеми предаден на избирачките одбори. Утре охриѓаните ќе избираат градоначалник и советници. Денес е молк и граѓаните ги сумираат сите ветувања дадени од политичарите во текот на двонеделната изборна кампања.  50.686 охриѓани запишани во единствениот избирачки список  утре од 7 до 19 часот ќе можат да го дадат својот глас за  градоначалник и советници во градскиот Совет. Предавањето на избирачкиот материјал протече во најдобра ред, информира претседателката на ОИК, Марика Костадиноска. „ Досега нема забелешки и нерегуларности, се зема материјал...

Continue reading

izbori

До 17 часот излезност од 59%

Post Views: 7 Според податоците на ОИК (Општинска изборна комисија) во Охрид своето избирачко право го оствариле 32 081 гласач или 58,93% од вкупниот број гласачи евидентирани во единствениот гласачки список. Изборниот ден тече мирно и ОИК досега нема добиено информации за инциденти и нарушувања на изборниот процес. {loadposition content9}

Continue reading

Marika Angeleska

Општинската изборна комисија се брани

Post Views: 5 Претседателот на ОИК денес со негирање на обвинувањата за нелегални дејствија. „Не се точни тврдењата дека самоволно сме вршеле исправки во записниците од избирачките одбори“, тврдат членовите на Општинската изборна комисија. „Не би сакале јавноста да стекне погрешен впечаток дека ОИК работела спротивно на законот“, рече претседателот на ОИК, Марика Анѓелеска.   Од друга страна, членот на ОИК Ѓорѓи Бошалески со свој став: „Дали тоа е точно, должна е да одлучува Државната изборна комисија, а не општинската“. Со демонстративното напуштање на прес-конференцијата Ѓорѓи...

Continue reading

logo

ОИК ги објави првичните неофицијални резултати

Post Views: 1 Според нив Петрески и Трендафилов сигурно влегуваат во вториот круг. Конституиран новиот состав на советот. Општинската изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати. Според нив на 73 изборни места во Охрид,од запишани 54 905 гласачи, вчера во Охрид вкупно гласале 33 611. Според ОИК кандидатот за градоначалник на Нова демократија, Васви Доко освои 824 гласови. Боро Павловски кандидат за градоначалник од ЛДП 611. Кирил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ освои 12 985, Томе Гиновски од ВМРО НП 1287 гласови, Александар Петрески од СДСМ...

Continue reading

OIK

ОИК започна со обука на избирачките одбори

Post Views: 3 730 преставници на избирачките одбори од  73 избирачки места, од денес започнаа да се едуцираат за правилата  при гласањето. Битно е тие да  знаат кој се надлежностите на избирачките одбори  и да се организараат меѓусебно на денот на гласањето кој ќе биде на избирачкиот список, кој ќе детектира со УВЕ ламбата, а кој ќе биде на гласачката кутија вели претседателот  на ОИК , Марика Анѓелеска. На овие избори има и новини додава таа. Една од измените  на гласачкото ливче од минатите парламентарни избори е што имаше 2 печати, а на овие избори има само еден печат строго поставен...

Continue reading

spisoci

Доставени листите до ОИК

Post Views: 0 За примамливата градоначалничка функција се прифатени  шест кандидатури. За советници се поднесени деветнаесет листи. На овие локални избори нема интерес од  независни кандидати за градоначалник велат од Општинската изборна комисија. Поднесувањето на листите за градоначалници и советници се завршени  во законскиот рок. До ОИК се поднесени листите на кандидатите за градоначалник на Охрид. За примамливата градоначалничка функција се поднесени  шест кандидатури. Во трката за градоначалничката функција на престојните локални избори ќе трчаат кандидатите: од НСДП Ацо Попоски, ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top