ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски

За една недела од денес и официјално треба да биде назначен новиот градоначалник на Охрид. ОИК  ја прогласи победата на Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата за живот во Македонија кој во наредните четири години треба да ја води општината.   Во наредните дваесет дена треба да се конституира и новиот градски совет.

 |  Јаковлева Лионела  | 

ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата за живот во Македонија за градоначалник на Охрид. Од денес тече рокот за назначување на градоначалникот и за преземање на функцијата.

Согласно Законот за локална самоуправа примопредавањето треба да се изврши во рок од седум дена од завршување на изборите, вели Димитрија Вревезоски, претседателот на ОИК.

Конституиран е и советот на Општина Охрид. Во него влегоја 11 советници од СДСМ и коалицијата За живот во Македонија, 10 од ВМРО ДММНЕ и коалицијата ЗА подобра Македонија, двајца од коалицијата Заедно за Охрид предводена од ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците.

Советот согласно Законот за Локална самоуправа треба да се конституира во рок од 20 дена. Досегашниот претседател на совет треба да свика констиутутивна седница, а доколку не се свика во овој рок најстариот советник свикува седница во наредните дваесет дена. Доколку и во тој рок не се одржи конститутивна седница се оди на избор на нови членови за совет, вели Вревезоски.

Претседателот на ОИК кажа дека нема ниту еден приговор за изборниот процес во Општина Охрид и дека изминал регуларно, фер и демократски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top