Ознака: од

пакетчиња

Германските деца испратија Новогодишни подароци за охридските основци

Post Views: 6 Основците од  „Братсво  Единство“ преку  музика и игра, како што умеат само искрените  детски срца, ја искажаа благодарноста кон донаторот на новогодишните пакетчиња за нивните другари , децата од ранливите социјални семејства. Пакетчињата на кои се радуваат сите деца во светот им ги подарија од невладината , хуманитарна  организација Адра. Драгослав Кушески, од  НВО „ Адра“, вели дека три години соработуваат со донаторите на новогодишни пакетчиња. „Ова се пакетчиња кои ги подготвиле германски семејства. Ниедно пакетче не е исто, се подготвуват со голема љубов за децата...

Continue reading

деца

Од октомври „Детски час за приказни“на англиски јазик

Post Views: 5 Децата  на возраст од  4 до 7 години ќе имаат можност и ова есен да посетуваат  „Детски час за приказни“. Од октомври, секој четврток децата ќе учат англиски јазик преку игра и креативни вежби. За едукација на најмалите охриѓанчина ќе се грижат две волонтерки од Американскиот мировен корпус во Македонија и 4-ца волонтери од општинскиот Црвен крст, вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи. „Ние  преку  читање на приказни, кој  ги имаме во изобилство од англиска литература,  ги внесуваме децата во светот на приказните и бајките. Со тоа тие го слушаат...

Continue reading

drvo

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Post Views: 8  Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...

Continue reading

декамерон

Mјузиклот „Декамерон “на Охридско лето

Post Views: 6  52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“  завршницата во драмскиот дел ќе ја има  премиeрно со мјузиклот „Декамерон“. 13 врвни македонски актери од  МНТ и од  Театарот за деца и младинци, глумат, пеат и танцуваат  во премиерниот проект под водство на бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Познатиот режисер проговори за состојбите со овој жанр на нашите простори. Традиција за мјузикли нема, парите секогаш не се пречка ама режисерите тешко се одлучуваат да ги постават на репертоар.  Режисерот се осврна на проектот кој го работеше со актерите од двата македонски театри ....

Continue reading

pampur

Бели едра го закитија езерото

Post Views: 2   Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од  едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро. Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето. Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На денешнава...

Continue reading

sovetnici

Интерпелација за претседателот на охридскиот совет?!

Post Views: 3 Ќе има ли интерпелација за претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески? Дејан Паноски координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција истакна дека веќе помина  деловничкиот рок до кога Претседателот на Советот на Општина Охрид требаше согласно член 42 од  Деловникот за работа на Советот да свика седница на Советот на барање на ¼ од советниците, но некој сакаше да избега од тоа и да го скрати правото на демократска расправа. „Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, денес поднесува иницијатива за интерпелација за...

Continue reading

volonter

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Post Views: 4 Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата...

Continue reading

javna debata

Граѓаните од општината бараат решавање на комуналните проблеми

Post Views: 9 Подобра патна инфраструктура, решавање на разни видови комунални проблеми, изградба на дом за стари лица и спортски игралишта, отстранување на физичките препреки за лицата со хендикеп се дел од барањата на месните заедници, здруженијата и граѓаните за реализација во 2012 година.На јавната дебата, за Фискалната стратегија за 2012 година на Локалната самоуправа, градоначалникот Петрески и раководителите на секторите ги сослушаа граѓаните кои  бараат како приоритени потреби да влезат за реазлизација од  општинскиот буџет за престојната година. Се дискутираше што е  можно...

Continue reading

vracuvanje diplomi

Врачени дипломите во ФТУ

Post Views: 3 На студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите.  „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации  се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од  9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување. „Ова беше еден од најдобрите...

Continue reading

Marija Kanevce etnolog

Македонскиот вез пленува со колоритот и орнaментите

Post Views: 3 Во музејот  на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“.  Авторот на изложбата, етнологот Марија Каневче  вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит. Етнологот појаснува дека етнолошката поставка, со делови на етно облека од сите краишта на Македонија, со својата оргиналност и мотиви не оставила никого рамнодушен.  Пред јавноста биле презентирани  делови од  кошули и покривала за глава кои  датираат од периодот  на 19 и 20 век. Изработувач на прекрасната везбена техника на делови...

Continue reading

ucenici

Советот на општината ќе дава „амин“ за училишните екскурзии

Post Views: 0 Училишните екскурзии повеќе нема да се препуштаат на случајности. За  реализирање на патувањата надвор  од градот од оваа учебна година, училиштата   според своите предвидени програми за прв пат мислење ќе  бараат од повеќе органи. Меѓу нив се и градските советници, ова  е предвидено со новиот Правилник од  министерството за образование. Комисијата за општествени дејности деновиве даде зелено светло по барањето мислење за изведување на ексурзии за две основни училишта, за „Григор Прличев“ и за „Св.Наум  Охридски“ од Пештани, вели Јоне Станкоски претседателот на оваа...

Continue reading

rooms

На охридскиот брег странските гости побројни, а домашните се помалку

Post Views: 4 Туристичките работници на охридското крајбрежје ги сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и  гости од соседството, меѓу кои најборјни повторно се туристите од Србија. Според податоците од  книгите кои ги водат во сместувачките капацитети видливо е дека хотелските објекти на  ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет претежно со странски туристи,  информира раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски.  Годинава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top