Ознака: одбележувањето

sportski igri

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Post Views: 13 Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...

Continue reading

vlasi

Денес Власите празнуваа

Post Views: 2 Власите од цел свет денес слават. Во земјава празнувањето на Националниот ден на Власите бележи 21 година и има големо значење. Имено, како што кажа Јордан Трца од охридското здружение, Власите правото да учат на својот мајчин јазик во училиштата, црквите како и да поставуваат намесници во градовите каде што живеат, ги добиле со Ирадето потпишано од турскиот Султан Абдул Хамид 2 на 23.05. 1905 год. „И во Охрид има исполнување на тие права, поточно охридските власти успеале да отворат школи во двете Влашки цркви, Св. Никола во долна влашка мала и Св. Горѓи горна влашка...

Continue reading

Anri Dinan spomenik

Охридскиот Црвен крст го слави роденденот на Динан

Post Views: 2 Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки. „Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на...

Continue reading

penzionerki

Пензионерките денес славеа

Post Views: 1 Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид. Празникот на сите жени им го честита...

Continue reading

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

bure

Масовно капење на рибарите

Post Views: 6 Фрлањето на буриња со вино во водите на Охридското езеро дел од одбележувањето на големиот христијански празник Св. Јован Крстител. Оваа традиција од година во година прераснува во врвен настан не само кај нас туку и пошироко. Триесет литарското буре кое падна во рацете на годинешниот ксметлија Иван тасески, ќе му донесе 10 000 денари, а ќе се испие за 5 минути.Евроамбасадорот Ерван Фуере и годинава дел од тајфата на скокачите по бурињата со вино. Како и секогаш неговите импресии се повеќе од позитивни.Тој верува дека Охрид со оваа манифестација е чекор понапред од...

Continue reading

krst

Јован Делов го фати светиот крст

Post Views: 1 Дваесет и едногодишниот Јован Делов денес беше најсреќниот Охриѓанец. Тој од водите на езерото го извади светиот крст, кој од бродот „Галеб“ го фрли владиката на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј. Делов изјави дека се чувствува неверојатно и дека му посакува на секој од оние кои скокаат во водите на езерото да го доживее истото чувство. Видно возбуден Јован кажа дека седмиот обид за да го фати светиот крст, за него бил успешен. Манифестацијата започна во 9 часот со културно – уметничка програма и незаменливата топла ракија, која бесплатно се делеше на повеќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top