Ознака: ниво

pokazateli

Квалитетот на воздухот во големите македонски градови e очаен

Post Views: 1 Скопје, Битола, Тетово – ова се градовите во кои се регистрира зголемено ниво на штетни честички во воздухот. Мерните станици во Битола синоќа покажале концентрација на честички ПМ10 дури 11 пати поголема од максимално дозволената.Во овој град и утрово покажуваат загаденост на воздухот, иако нешто пониска од вчерашната. Во Тетово, загадувањето било десет пати поголемо од дозволеното, а скопјани дишеле воздух трипати позагаден од максимално дозволените вредности. Утрово најголема загаденост во главниот град регистрираа мерните станици во Гази Баба, кај Ректоратот на...

Continue reading

FZOM

Охриѓани и стружани едни од најажурните во подигнување на електронските здравствени картички

Post Views: 8 Охриѓани и стружани според бројот на подигнати електронски здравствени картички, над просекот на ниво на држава. Од вкупните 110.000 осигуреници во двата града, досега своите картички ги подигнале околу 60.000 граѓани, односно околу шеесет проценти од вкупниот број на осигуреници. Ова се бројките со кои денес излезе директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, при нејзината посета на подрачните служби. Еве каква е ситуацијата поодделно за двата града. „Подрачната служба Охрид има околу 54.000 активни осигуреници. Преку 30.000 картички...

Continue reading

Унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво

Post Views: 3 Македонија е над европскиот просек според бројот на загубени животи во сообраќајни незгоди. Анализите покажуваат дека во земјите во ЕУ во просек има 5 жртви во сообраќај на 100.000 жители, а во Македонија просекот е 8 жртви и бележи тренд на зголемување. Потребно е да се работи на анализа на црните точки и причините за сообраќајните несреќи, слабоста на инфрастуктурата, да се зајакнат механизмите за контрола на однесувањето на возачите кое потенцијално е опасност во сообраќајот. За таа цел потребен е ефикасен систем на податоци за сообраќајките според стандардите на...

Continue reading

sdsmstruga

На улица против власта и струшките социјалдемократи

Post Views: 3 Два дена протестираат и струшките социјалдемократи. Го искажуваме својот револт за кршењето на демократијата, слободата и Уставот пред и во собранието на Р.М. од страна на актуелната власт, вели Ристе Ќушкоски актуелниот претседател на ОО на СДСМ – Струга. „Истовремено сакаме да ја информираме струшката јавност дека советничката група на СДСМ- Струаг не учествуваше во расправа на последната седница на Советот на општина Струга поради изгубената доверба на институциите на власта“ -истакна Ќушкоски. Ќушкоски го повтори ставот на нивната партија на централно ниво, дека...

Continue reading

Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со голем број проблеми

Post Views: 4 Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат...

Continue reading

trgovija so luge

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 8 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата. „Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...

Continue reading

Institut za razvoj na zaednicata

Коалицијата за соживот со предлог-измени на Законот за локална самоуправа

Post Views: 0 Подобри услови за функционирање и работа на комисиите за односи помеѓу заедниците е само една од целите кон која тежнее Коалицијата за соживот. Денес тие беа во Струга во обид да го слушнат мислењето на граѓаните околу предложените измени на Законот за локална самоуправа. Се работи за предлог измени на членовите 41 и 55 од овој закон, а со кои сметаат дека ќе влијаат кон подобрување на самиот закон. „Целта на овој настан организиран од Коалицијата за соживот, коалиција во која има дваесет организации предводени од организацијата Институт за развој на заедницата од Тетово,...

Continue reading

tanceri

Нов успех на танчерите од „Соната“

Post Views: 2 Неделата во Врњачка Бања,  Р. Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар на кој учество зедоа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц “СОНАТА” од Охрид. Натпреварувањата започнаа во 9 часот на утро,  а завршија во 3:30 после полноќ.  И покрај големата и силна конкуренција охриѓани танцуваа во финалињата во сите пријавени категории  и застанаа на педесталот со освоени медали за секоја од нив. Климентина Гилевска во категоријата класичен балет соло јуниор жени го освои златото,...

Continue reading

rakomet

Струга во знакот на ракометот

Post Views: 4 Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот  претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска. „Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат...

Continue reading

chips

Знаете ли што чипсот му прави на вашето тело?

Post Views: 6 На многу луѓе чипсот им е омилено задоволство за грицкање, кое има релативно прифатлива цена, вкусен е и е лесно достапен. Но, дали некогаш сте се запрашале што чипсот му прави на вашето тело? Спротивно на популарното верување, не сите чипси се направени од компири. Така на пример, некои видови на чипси се мешавина од пченица, ориз, пченка… Како што објаснува Д-р Џозеф Меркола, мешавината од горенаведените состојки „се гмечи“ и потоа се сече на парчиња и се обликува како вистински чипс, се пржи во масло и на крајот се прска со различни вкусови во прав. Доктор Меркола,...

Continue reading

svp

СВП со многу новитети

Post Views: 3   Новиот директор на СВП, Мите Стевоски, во битка со проблемите на фестивалот. Тој денеска заедно со претседателот на У.О Славе Ѓорго Димоски, одржа прес конференција, на која во текот на разговорот кажа дека максимално се ангажирал пред престојното 51 издание на СВП. Визиите за развој и унапредување на фестивалот станаа моја секојдневна преокупација  не само за време на моите работни саати, туку  не ретко се случува светлото во мојата канцелерија секој ден да е запалено  после полноќ, вели Стевоски. Додава дека треба да се направи многу за да се врати некогашниот сјај...

Continue reading

LAR Struga

Македонска и грчка младина заедно против бариерите

Post Views: 6 Уметност, индустрија, претприемништво, стопанство. Еве неколку поими кои имаат заедничко значење за Македонија и Грција. Но не на државно туку на општинско ниво. Младите од двете земји преку проектот „Контакти за заедничка иднина“ ќе ги рушат бариерите кои меѓу нас ги поставува политиката. Како дел од овој проект се одржале неколку подготвителни семинари во четири македонски и четири грчки градови во кои се споделиле искуства од најразлични области. А ова е заклучокот на претставниците од Грција. „Луѓето се многу отворени за соработка. Овој ѕид кој понекогаш го создаваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top