Ознака: ниво

francija ubistvo

„Пурпурна“ тревога во Франција

Post Views: 0 Француските власти прогласија тревога на највисоко „пурпурно“ ниво во југозападниот дел од земјата, додека полицијата трага по убиецот на 3 деца и нивниот наставник во вчерашниот напад во Тулуз. Повеќе од 100 полицајци се ангажирани во потрагата по убиецот. Балистичките анализи докажаа дека се работи за истиот напаѓач, кој минатата недела уби тројца француски војници од етничките малцинства во земјата. Властите претпоставуваат дека нападите се организирани од ултра-националисти по примерот на норвешкиот Андерс Брејвик, додека, пак, француските медиуми шпекулираат оти...

Continue reading

radiacija

Радијација во Европа, изворот не се знае

Post Views: 55 Многу ниско ниво на радиоактивен јод-131 е измерено во Европа, но се верува дека тие честички не се опасни за здравјето на луѓето, објави агенцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации. Агенцијата ИАЕА, со седиште во Виена, објавила дека се’ уште се истражува изворот на честичките, но не верува дека тие доаѓаат од Јапонија, каде во март се случи нуклеарна катастрофа кога централата “Фукушима“ беше погодена од земјотрес и цунами. Чешката агенција за нуклеарна безбедност објавила дека изворот на ова зрачење не е во Чешка и дека веројатно не произлегува од нуклеарна...

Continue reading

baby

Отровна мувла во бебешки кашички

Post Views: 1 Производител на детска храна „Семпер“ од Швeдска, повлече од пазарот прехранбени продукти за деца, откако во нив биле откриени траги од мувлосани состојки. Станува збор за овошни каши од марката „Смафолк“ наменети за бебиња. Отровните состојки што се најдени во мувлата се от типот афлатоксин и предизвикуваат канцер, јави Шведското радио. Според службата за информирање на „Семпер“ нивото на откриениот афлатоксин е нешто повисоко од пропишаното ниво со Законот за детска храна во Шведска. „Семпер“ едновремено тврди дека откриеното ниво на отровна мувла не е алармантно....

Continue reading

Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија

Post Views: 6 Форумот во заедницата во општина Вевчани ќе ја одржи четвртата форумска сесија на 27.08.2020 (четврток) од 14:30 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани. Целта на Форумот во заедниците е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Граѓаните – учесници на форумот во општина Вевчани имаа можност да предлагаат идеи и да учествуваат во подготовката на предлог проекти. На претстојната, четврта, сесија – тие ќе ги изберат приоритетните проекти што ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF),...

Continue reading

london

Главен град на светот е Лондон

Post Views: 4 Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.  На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка...

Continue reading

Ткаченко: Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди

Post Views: 2 Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности. -На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен...

Continue reading

„Охридски Комуналец“ на ниво на своите задачи

Post Views: 1 Охрид го доживува врвот од туристичката сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители. Туристи од секаков ранг: пензионери кои уживаат во поволните климатски услови, фамилии кои сакаат да се одморат од напорните секојдневни обврски, млади кои сакаат да се релаксираат, но и млади кои во желбата за забава не ставаат граници и градот кој ни` служи на сите, го претвораат во депонија. Службите на јавното претпријатие се максимално ангажирани 24/7 и се трудат Охрид секое утро да изгледа вака како што му доликува.

Continue reading

Реката Мисисипи го достигна рекордното ниво

Post Views: 1 Во регионот на градот Натчез, во јужниот дел на југоисточната американска држава Мисисипи, нивото на реката вчера достигнало 17,8 метри, за 10 сантиметри над рекордот од 1937 година (17,7 метри)Поплавите во басенот на Мисисипи се резултат на континуираните врнежи, како и од топењето на снеговите. Природната несреќа зафати осум држави.До денеска се евакуирани илјадници лица, кои живеат долж крајбрежјето на реката, каде има десетици населби и 12.000 квадратни метри земјоделски површини во државите Мисисипи, Тенеси и Арканзас.Во Мисисипи привремено се затворени десетици...

Continue reading

2 нови случаи во Охрид 87 на ниво на држава од 987 тестирања

Post Views: 0 Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. – Скопје 41– Куманово 12– Штип 16– Тетово 10– Струга 1– Охрид 2– Гостивар 1– Пробиштип 4 На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти. – Скопје 1– Прилеп 2– Тетово 2 Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот...

Continue reading

6 нови случаи на ковид позитивни лица во Охрид, 127 на ниво на држава

Post Views: 1 Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19. – Скопје 67– Куманово 1– Дебар 1– Штип 33– Тетово 10– Струга 5– Охрид 6– Кочани 2– Пробиштип 2 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти. –...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината

Post Views: 3 ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од оваа партија, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик. Предлаат итно да се свика седница на Совет и да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени како патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози, кои очекуваат...

Continue reading

Георгиески : Градиме нови пречистителни станици, грижата за Охридското Езеро на највисоко ниво

Post Views: 7 Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани. Согласно препораките наУНЕСКО, беше формирано ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија, истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Локалната самоуправа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top