Радијација во Европа, изворот не се знае

Многу ниско ниво на радиоактивен јод-131 е измерено во Европа, но се верува дека тие честички не се опасни за здравјето на луѓето, објави агенцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации.

 |   | 
radiacija
radiacija

radiacijaМногу ниско ниво на радиоактивен јод-131 е измерено во Европа, но се верува дека тие честички не се опасни за здравјето на луѓето, објави агенцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации.

Агенцијата ИАЕА, со седиште во Виена, објавила дека се’ уште се истражува изворот на честичките, но не верува дека тие доаѓаат од Јапонија, каде во март се случи нуклеарна катастрофа кога централата “Фукушима“ беше погодена од земјотрес и цунами.

Чешката агенција за нуклеарна безбедност објавила дека изворот на ова зрачење не е во Чешка и дека веројатно не произлегува од нуклеарна електрана. Според соопштението, можно е до радијацијата да дошло заради производство на радиоактивни медикаменти.

И Унгарија, Словачка и  Австрија соопштиле дека е измерено ниско ниво на радиоактивни честички во воздухот кои не се опасни по здравјето на луѓето.

Педи Реган, професор по нуклеарна физика на британскиот универзитет Сареј, вели дека објаснувањето дека радиокативноста е последица од производството на некои фармацевтски компании звучи “тотално разумно“.

“Малку е веројатно дека доаѓа од ’Фукушима’ оти тој инцидент се случи пред многу месеци, а јодот 131 има краток ’живот’“, рекол професорот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top