Знаете ли што чипсот му прави на вашето тело?

На многу луѓе чипсот им е омилено задоволство за грицкање, кое има релативно прифатлива цена, вкусен е и е лесно достапен. Но, дали некогаш сте се запрашале што чипсот му прави на вашето тело?

chips
чипс

На многу луѓе чипсот им е омилено задоволство за грицкање, кое има релативно прифатлива цена, вкусен е и е лесно достапен. Но, дали некогаш сте се запрашале што чипсот му прави на вашето тело?

chipsСпротивно на популарното верување, не сите чипси се направени од компири. Така на пример, некои видови на чипси се мешавина од пченица, ориз, пченка… Како што објаснува Д-р Џозеф Меркола, мешавината од горенаведените состојки „се гмечи“ и потоа се сече на парчиња и се обликува како вистински чипс, се пржи во масло и на крајот се прска со различни вкусови во прав.

Доктор Меркола, предвидува дека навидум едноставниот процес всушност создава штетни канцерогени ефекти кои се нарекуваат акриламид. Ова е штетно и потенцијално невротоксично соединение кое настанува кога храната богата со јаглени хидрати, се пржи на високи температури. Кога ќе се заврши со пржење, површината на храната добива жолта или кафеава боја, а тоа е знак дека се создава акриламидот.

chipsЗдебелување

Чипсот обично содржи голема количина на масти и калории што може да го зголемат ризикот на зголемување на телесната тежина. 15 до 20 грама парчиња чипс содржат околу 10 грама масти и 154 калории. Истражувањето од 2011 година објавено во магазинот „The New England Journal of Medicine“ открив а дека секојдневното консумирање на 30 грама чипс доведува до просечно зголемување на тежината од еден килограм во текот на четири години.

Како што напоменуваат научниците, врската меѓу чипсите и зголемувањето на телесната тежина е посилна од било која друга врска со телесната тежина, вклучувајќи го и месото и засладените пијалоци.

Висок крвен притисок

Натриумот во чипсот негативно може да влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем. Високото внесување на натриум може да предизвика зголемување на крвниот притисок, што може да доведе до мозочен удар, срцева слабост, коронарна болест и болести на бубрезите.

Висок холестерол

Честото консумирање на чипсот може да придонесе високо ниво на холестерол поради високата количина на масти кои се наоѓаат во чипсите. Чипсите најчесто се пржат во масло, процес во кој се создаваат најопасниот тип на масти, трансмастите.

Поздрава опција

Печениот чипс и печените тортиља чипс имаат помалку калории од пржениот чипс, иако и печениот чипс може да содржи високо ниво на натриум. Останатите поздрави опции вклучуваат чипс од зеленчук и јаболко кои содржат помалку натриум.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top