Ознака: немаат

Празноверие на кое многумина веруваат

Post Views: 2 Потковицата носи среќа, станување на лева нога носи несреќа, отворање чадор дома исто така не е добро, се само некои од празноверијата кои во поголема или помала мерка влијаат на животот, а во нив спаѓа и петок 13-ти, односно бројот 13. Негативните конотации кои ги поврзуваме со бројот 13 влечат објаснувања од неколку теории. Една од нив влече корени од хритијанската традиција. Апостолот Јуда, кој го предал Исус, бил тринаесетти на Последната вечера. Стравот од бројот 13 влече корени и од еден норвешки народен мит. Имено, 12 богови во Валхали имале вечера и забава, на...

Continue reading

malik shemshedini

ДУИ ги манипулира гласовите на албанците

Post Views: 1 ДУИ е во клиничка смрт. Мерко само се обидува да ја спаси. Струшкиот огранок на ДПА, со здружени сили на ограноците на ДПА на Пелагонискиот регион изразија вознемиреност во врска манипулацијата со гласовите на Албанците. Малиќ Шемшедини, претседател на огранок на Преспанскиот регион, рече дека основните вредности на демократијата се изгубени и тоа било, ни помалку, ни повеќе, туку само конкурентност на политичките опции. Тој предупреди дека албанска нација има насекаде, не само во Струга. Шемшедини во кратки црти спомна дел од пропустите на ДУИ, посебно во градовите...

Continue reading

mrtv

Има да се плаќа без пардон

Post Views: 7 Радиодифузната такса изгледа дека ќе мора сите да ја плаќаат, а од тоа не се поштедени дури и невладините организации и здруженијата на граѓани. Замислете го апсурдот, живееме во држава каде сметката за радио и телевизија мора да ја плаќаат дури и здруженијата на граѓани со оштетен вид и слух, кои досега беа поштедени од оваа јавна давачка. Дел од невладиниот сектор сеуште добива сметки за наплата на радиодифузна такса. Според членот 146 од Законот за радиодифузна дејност, такса плаќа, меѓу другото,  секое правно лице и сопственик  на деловен простор, на секои 20 вработени....

Continue reading

Таблетите и паметните телефони се причина за премалку сон кај децата

Post Views: 6 Децата кои имаат таблети и паметни телефони во своите соби спијат помалку од оние кои ги немаат до себе, покажала американската студија објавена неодамна. Децата со модерните играчки во своите соби спијат 21 минута помалку од оние кои ќе ги остават вон дофат, вели студијата објавена во часописот Pediatrics. Освен тоа, децата кои имаат телевизор во собата спијат 18 минути помалку од оние кои немаат далечински управувач до себе. “Овие резултати треба да бидат предупредување дека децата не треба да имаат неограничен пристап до екраните во своите соби”, вели Jenifer Falbe...

Continue reading

Плажите кои немаат концесионери ќе ги одржува општина Охрид

Post Views: 8 На охридските плажи кои немаат концесионери на крајбрежјето одржувањето на комуналната чистота го презема општина Охрид. Обврската за нивно чистење е на ЈП Охридски комуналец по отстранување на нелегалните шанкови и угостителски објекти на крајбрежјето. Постетителите ќе доаѓаат на плажите кои нема да бидат оставени без соодветно одржување на хигиена, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина. „За тие плажи ќе се грижи општина Охрид преку ЈП Охридски комуналц. Тие се задолжени за овие места да ги чистат и уредуваат плажите за да се во добра состојба за посетителите...

Continue reading

Специјалните возила немаат пристап на Кеј „Македонија“

Post Views: 0 Специјалните возила на противпожарната единица и комбињата на брзата помош немаат пристап на Кеј „Македонија“. Со новиот летен режим на сообраќај оваа сообраќајница од двете страни е затворена со физички препреки, од едната страна рампа, а од другата жардињери. На овој потег се хотелите Ривиера, ресторанот Белведере, ланч барот Објектив,  неколку индивидуални куќи. Недај боже да се случи пожар или пак да имаат потреба од итна медицинска помош, возилата не ќе можат да стигнат до таму. Од локалната признаваат дека ова е проблем и ветуваат дека ќе најдат начин да го решат. Размислуваме...

Continue reading

Овие податоци звучат неверојатно

Post Views: 1 Иако живееме во свет кој е најповрзан досега, многумина ќе ги изненади податокот колку луѓе немаат пристап до интернет. Од индијските рурални подрачја, преку крајбрежните метрополи на Африка, американските предградија и азијските high-tech градови, интернет пристапот го диктира дневниот ритам на голем број луѓе. Извештајот на McKinsey покажува дека мнозинството на светската популација, околу 60% и понатаму е off-line. Главните бариери се сиромаштвото, информатичката неписменост и непостоењето на инфраструктура. Луѓето кои немаат пристап на интернет воглавно живеат во...

Continue reading

plan spasuvanje

Дел од охридските училишта сеуште немаат планови за заштита и спасување

Post Views: 3 Дел од основните и средни училишта од градов сеуште немаат планови за заштита и спасување. Како образовни институции, изработката на ваквите планови вклучително и плановите за евакуација во случај на неповолен настан, според Законот за заштита и спасување се задолжителни за сите образовни и јавни институции. Црвениот крст од Охрид досега има изработено вакви планови за осум училишта во Охрид и Дебрца како и за сите објекти на градинката „Јасна Ристеска“. „Остануваат уште неколку училишта кои што сеуште немаат планови и како што секоја година апелираме, апелираме и сега...

Continue reading

такси

Се заоструваат критериумите за дејноста такси возач

Post Views: 10 Таксистите за да возат ќе мора да полгаат и  да добијат сертификат за работа. За да дојдат пак, до лиценца  ќе мора да се подготвуваат и да знаат „Колку е висока Самоиловата тврдина“, Кои фестивали на песни и игри се одржуваат во  Охрид, или Кога  е откриена Златната маска, ова се само дел од 300 прашања во прирачникот со кој такси возачите ќе стекнуваат сертификат за работа. Поголем број таксисти имаат забелешки  на прашањата од  прирачникот,  но и за полагањето на англиски јазик како и на цените кои треба да ги издвојат од буџетот, за да ги платат и тоа 5000 денари...

Continue reading

brezani

Една година нема автобус до Брежани

Post Views: 17 Веќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник. „Бараме како прво да има барем еден...

Continue reading

george clooney

Обиди се да береш тутун

Post Views: 5 Џорџ Клуни им порачал на своите колеги актери да престанат да се жалат на работата бидејќи постојат и многу потешки начини да се заработи во животот. Вели дека му е смачено да слуша како некои „кукаат“, а поим немаат колку се всушност среќни. -Јас порано берев тутун во Кентаки и едно време продавав осигурување од врата до врата – тоа е тешка работа. Глумата не е – рекол Клуни во текот на состанок со „Холивуд рипортерс“. -Ако некој се наоѓа на оваа маса, значи имал многу среќа во животот. Сум познавал многу талентирани актери кои не ја добиле својата шанса....

Continue reading

lego voini

Кинеските глинени војници ги освојуваат улиците

Post Views: 2 Можеби немаат историско значење како оригиналните воини во Кина, но сепак претставуваат импресивна глетка. Уметникот Леон Кер создаде фасцинантна 3D слика на „војниците од теракота“ со помош на обична креда на средина на улица. Војниците изгледаат како да се направени од Лего коцкички.Вистинската верзија на армијата од теракота која беше откриена во 1974 година датира од 3-тиот век пред новата ера и содржи илјадници војници направени по нарачка на првиот Кинески император кој верувал дека армијата ќе го заштитува во задгробниот живот. Графитот веше изработен во рамки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top