Ознака: немаат

brod

Охрид се кити, но годинава со старото руво

Post Views: 4 Охрид и оваа година ќе биде еден од најубаво украсените градови во Македонија, најавуваат од Локалната. Отаму информираат дека украсувањето е во тек веќе десеттина дена . Портпаролот на Општината, Симон Илиевски вели дека поголемиот број од споредните улици во градов, веќе се украсени, а сега се работи на украсување на центарот на градот. „Се работи со украсните материјали кои ги имавме, со мали надополнувања и интервенции и мислам и понатаму Охрид ќе го има епитетот, најукрасен град во РМ“, кажа Илиевски. Од локалната потенцираат дека украсувањето на градов треба да...

Continue reading

pomosh

Помош за оние кои немаат, а се тука покрај нас

Post Views: 1 Под мотото да им помогнеме на оние кои немаат а се до нас, а по иницијатива и во организација на жените и младите при О.О. на НСДП од Охрид, собрани социјални пакети за сто најзагрозени семејства во градов. Верица Хајба советничката од редовите на НСДП потенцира дека на овој начин, од оваа партија сакаат да се приклучат во одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски. Советничката Хајба додаде дека станува збор за скромен прилог, но доколку сите помагаме по малку, тоа ќе биде голем допринос за ранливите категории од општествената заедница. Хајба додаде дека пакетите...

Continue reading

Grashnica

Грашница повторно им создава главоболки на жителите во Воска

Post Views: 7 На дел од жителите на улицата Ариф Мустафа на потегот од Булевар Туристичка до Гоце Делчев реката Грашница повторно им задава главоболки. Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите  имале проблем со канализацијата. Жителите на дел од Ариф Мустафа признаваат дека немаат приклучок за канализација, ама велат уредно плаќаат сметки за колекторот. Утрово се сретнале со раководителот  на Фондот за комунален развој Емин Селман при што им ветил  расчистување на коритото. Но,  ветувањето не било одржано.  Крајно револтирани жителите велат биле...

Continue reading

humanitaren koncert

Време е за хуманост!

Post Views: 4 Хуманитарен концерт во организација на Здружението на македонско – турско – српска соработка со цел  да му се помогне на малиот Илче  кој боледува од церебрална парализа. Случувањето е во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот, каде на хуманитарниот концерт ќе настапат познати имиња од македонската естрада. Златко Ратајкоски, потпретседател на ова здружение се надева на хуманоста кај луѓето и не ја губи надежта за малиот Илче. Во Детско одделение при општа болница Охрид за малиот Илче немало место обвинува Ратајкоски и додава дека морале да...

Continue reading

ulica

Жителите од улицата Петар Поп Арсов немаат прописен ни влез ни излез

Post Views: 9 Околу 100 семејства, жители на  улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови. За да дојдат до своите домови жителите веќе  25 години поминуваат   низ бројни препреки. Костадин Стеваноски вели немаме  прописен ни влез ни излез, па со возилата влегуваме  по Булевар Туристичка, а нема жител од улицата кој при тоа не заработил казна. Разминувања на две  возила на улицата е невозможно, при тоа безбедноста  на пешаците е доведена во опасност.  Мете Мавмудоски, исто така  жител на оваа улица револтиран е на своите соседи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top