Ознака: неговата

Неверојатно, но некои пророштва се обистинија

Post Views: 0 Тешко е да се каже дека станува збор за случајност, но славниот Нострадамус навистина предвидел неколку настани во својата книга “Пророштва”. Таа книга прв пат е објавена во 1555 година. Ова се некои од пророштвата кои се обистиниле: Големиот пожар во Лондон – “Крвта на праведникот ќе биде побарана од Лондон, запален во пожар во година 66”. Големиот пожар во Лондон навистина се случил и тоа во 1966 година. Огнот го уништил средовековниот град, а се проценува дека се изгорени 70.000 домови. Француската револуција – “поробениот народ со песни, повикување и барања ќе ги...

Continue reading

brod

Дрвени макети на познати бродови се дело на самоукиот Јован Делов

Post Views: 2 Макети на бродовите Санта Марија, Баунти, Дубровничка нава, Ла Корона, Далматинска фалкуша, Патролниот чамец на АРМ се само дел од познатите бродови  кои ги има изработено охриѓанецот Јован Делов.  Љубовта кон езерото и пловните објекти му биле всадени од најмала возраст и прераснале во страст да изработува минијатури на познати бродови. Овој млад човек од својата 8 година покажал голема љубов и талент кон изработка на макети на пловни објекти.  Неговата професионална ориентираност  како  дипломиран менаџер по туризам и угоститетелство нема тесна поврзаност со неговата...

Continue reading

futki

Уткаџии

Post Views: 6 Сопругата на премиерот се појави без шапка на кралската венчавка и покрај тоа што кралицата нареди сите дами да го носат овој моден детаљ. Хајлајт за моден невкус по правило се: принцезата Еугенија од Јорк во модел на  Vivienne Westwood и принцезата Беатриче од Јорк во Valentino. Сепак, тоа не е ни малку страшно колку фактот што британскиот фудбалер Дејвид Бекам направи гаф со тоа што го носеше на погрешна страна одликувањето кое го доби од британската кралица Елизабета II.Наместо да го постави одликувањето на левата страна, Дејвид гордо парадираше со споменатиот детаљ...

Continue reading

Потрага по гробот на Мона Лиза

Post Views: 0 Група истражувачи на историската уметност ќе ги есхумираат остатоците на жената, за која се верува дека е моделот на Леонардо да Винчи за сликата “Мона Лиза“. Од посмртните останки на жената ќе се земе ДНК и експертите ќе се обидат да го реконстуираат нејзиното лице. Екипата ќе ја предводи професорот Силвиано Винчети, кого го нарекуваат современиот Индијана Џонс. Во текот на годините по смртта на Леонардо да Винчи, луѓето започнале да си го поставуваат прашањето за тоа која е всушност жената на сликата која е насликана од да Винчи. Освен за сопруга на трговец, Лиза Џерардини...

Continue reading

Marko Boshnjakov

106 години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 0 Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што му ја отсекле главата и ја донеле во неговиот роден град. Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност...

Continue reading

ldp

Секретарот на општинта да си поднесе оставка поради „аферата лизгалиште“, бара советникот Блажески

Post Views: 0 За советникот од ЛДП, Дејан Блажески како што вели тој „аферата лизгалиште“ сеуште не е затворена тема. Тој денеска побара секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Блажески нелегалното поставување на лизгалиштето стои потписот на секретарот Димтиар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска. Ова е таа коализија на документи за која што ви зборував, се гледа дека еден документ со друг се судираат. Двоецот Спасески- Здравеска бараат...

Continue reading

палас

Палас може да се менува

Post Views: 7 Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката. Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно...

Continue reading

jolie

Џоли побара од свекрвата да и ги чува децата

Post Views: 5 Родителите на Бред Пит, Бил и Џејн, ќе се доселат кај нивниот син и неговата избраничка Анџелина Џоли за да и помогнат на двојката при одгледувањето на шесте деца.Бранџелина во моментов, најголем дел од времето го минува во вилата во Франција, а помошта околу децата стана неопходна, особено после гласините дека моќното дуо поради финансиската криза отпуштила дел од послугата. Некогашниот дворец Миравал во моментов се реновира, а поранешниот гулабарник и коктел барот ќе бидат адаптирани за родителите на Пит. Во моментов, децата на Пит и Џоли го уживаат вниманието на...

Continue reading

Сладоледот спаѓа во здрава храна

Post Views: 0 Омилениот летен деликатес има имиџ на непријател за оние кои сакаат да останат витки, но можеби и не е баш така. Некои истражувања откриваат предности во уживањето во сладоледот, и иако делуваат малку претерано сепак нам ни се допаѓа идејата дека се работи за здрава храна. Сладоледот е богат со калциум На возрасен човек, дневно му се потребни 1000 мг. Калциум, додека трудниците и децата имаат поголема потреба за тој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладолед, оваа намирница добро ќе послужи како еден од изворите не...

Continue reading

Неверојатна приказна за 15 годишен претприемач

Post Views: 1 Кога на 13 години имал илјада долари, тој не ги потрошил, туку ги вложил и заработил 100 илјади долари, а со 15 години ја отворил фирмата која има повеќе од 20 вработени. Eric Finman на 13 години добил од баба му илјада долари – иако многу негови врсници би ги потрошиле за нов компјутер, iPhone, Плеј стејшн и слично, Eric воопшто не размислувал за тоа туку својот капитал го вложил во онлајн валутата bitcoin и таа своја инвестиција ја продал една година подоцна, а 1000 долари ги претворил во 100.000. Ова дете не се задоволило ниту со таа сума, па решил и тоа да го вложи...

Continue reading

soobrakajka Ohrid

Две жртви во сообраќајна несреќа на излез од Охрид

Post Views: 11 Две лицa ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што вчеравечер околу 19 часот се случи на магистралниот пат А-2 Охрид-Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун,Дебарца. Илинденскиот викенд заврши фатално за младите свршеници, кои вчера  си заминуваа од Охрид. 29 годишниот Дарко  од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода, а од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го управувал Дарко, поради тешките  повреди   на патот за болница му подлегнала  и неговата 25 годишна пријателка Билјана од Тетово, фармацевт ...

Continue reading

Претседател кој ја дели својата плата

Post Views: 1 Идниот претседател на Словачка, Андреј Киска, својата претседателска плата ќе ја дели на сиромашните Словаци кои се во тешка ситуација а државата не е во состојба да им помогне. “Мојот план е добротворните организации кои познаваат фамилии кои се борат против својата судбина, а државата не може да им помогне, да одберат неколку случаеви на кои ќе им се дели мојата плата“ рекол Киска на словачката агенција SITA. Новиот претседател, кој на чело на државата ќе го замени Иван Гашпарович на кого мандатот му истекува на 15 јуни, е богат бизнисмен и филантроп а хуманитарната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top