Дрвени макети на познати бродови се дело на самоукиот Јован Делов

Дрвени макети на познати бродови се дело на самоукиот Јован Делов.

 |  Валентина Неловска  | 
brod
brod

Макети на бродовите Санта Марија, Баунти, Дубровничка нава, Ла Корона, Далматинска фалкуша, Патролниот чамец на АРМ се само дел од познатите бродови  кои ги има изработено охриѓанецот Јован Делов.  Љубовта кон езерото и пловните објекти му биле всадени од најмала возраст и прераснале во страст да изработува минијатури на познати бродови. Овој млад човек од својата 8 година покажал голема љубов и талент кон изработка на макети на пловни објекти.  Неговата професионална ориентираност  како  дипломиран менаџер по туризам иbrod угоститетелство нема тесна поврзаност со неговата пасија изработка на модели од познати бродови.  

„ Јас сум самоук не сум бродски инжинер, ни дипломиран уметник или историчар на уметност. Ме влечеа пловните објекти.
Во почетокот ми беше тешко, имаше разочарување , помалку или повеќе успешни, но кога се ќе се сублимира делата остануваат“, вели Делов.

Започнал со изработка на пластични макети со готови делови, а со тек на време преминал на изработка на дрвени макети и го усовршил својот талент.  Веќе 15 години на традиционален начин изработува макети  верни на оргиналните бродови. Прва  макета која ја изработил била познатиот брод  на Колумбо „ Санта Марија“. Во досегашната работа и големиот  број макети има изработено и охридско кајче, а во план му е изработка на традиционален охридски  чун.
brod
„ Чунот е предизвик и долг кон мајсторот, господинот  Ванчо Сотироски. Тој делуваше позитивно на мене и ме поддржуваше во мојот развој на талентот. Ми укажа на многу тајни од занаетот“, раскажува Делов.

За изработка на макетите користи шперплоча и фурнир. Техничките цртежи за изработка на макетите ги купува, а преку Интернет  соработува со моделари од целиот свет. За изработка на еден модел на брод за кој рачно ги изработува сите најситни делови од бродот посветено и трпеливо работи од 6 месеци па се до една година. Негова желба е пред своите сограѓани да се претстави со изложба од  изработени  макети на познатите бродови. 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top