Ознака: најголемиот

unasm

Загрозени работничките права во Македонија

Post Views: 0 Правата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот инспектор,...

Continue reading

Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home отсега и во Охрид

Post Views: 14 Во сабота (27 март) Comodita Home го отвора најновиот продажен салон во Македонија, во Охрид. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на Булевар Туристичка бр. 79, спроти Охридска банка. Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 2999 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи,...

Continue reading

niskogradba

ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот

Post Views: 2 Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата  која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид. Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која...

Continue reading

badnikovo grance

Охриѓани забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник, Божик

Post Views: 1   Пред Божик, зад Божик кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божик, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувњето на Божик започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје и се она што е посно за да се направи свечената...

Continue reading

zelencuk

Производството на органска храна во Македонија срамежливо расте

Post Views: 6 Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија. Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери, производители...

Continue reading

Ohrid

Охрид една од 10-те топ дестинации за 2012

Post Views: 11 Според најголемиот пишан туристички водич – Лонли планет, кој е во сопственост на ББЦ, нашиот туристички бисер се најде во друштво на Њу Јорк, Бостон, Порто, Токио, Мексико. „Европјаните константно се во потрага по следната хит дестинација, а пријатната Македонија, од ден на ден добива на популарност, особено поради прекрасните планински лозја, езерата и црквите од византискиот период, а и поради причината што е место преку кое мора да поминете доколку го шетате Балканот. Далеку од бучната престолнина Скопје, духовното срце на оваа земја се наоѓа на само три часа...

Continue reading

obicai

Велигден, некогаш и сега

Post Views: 3 Православните христијани се во исчекување на празникот над празниците, Велигден. Верските празнувања поврзани со Велигден не се забораваат, но за жал исчезнуваат некои поранешни обичаи и празнувања. Пред празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден во минатото со голема радост се празнувале повеќе верски празници. Меѓу нив е  Лазарева сабота кој секогаш се слави на една недела пред Велигден. Во  календарот на православната црква овој празник  се поврзува со воскреснувањето на Лазар. Исто така, овој ден се поврзува со периодот на премин од детството кон...

Continue reading

nevladini organizacii

Што НАВИСТИНА работат граѓанските организации?

Post Views: 5 Помошни инструменти на политичките партии за остварување на своите цели или огромни перални на странски капитал? Или пак органи на едно современо општество кои навистина ја оправдуваат целта на своето функционирање. Како и да е, во време на евентуално предизборије, итоакако ќе си го најдат своето место и функција во општеството. За среќа бројот на организации кои се занимаваат со т.н. висока политика и кои го консумираат – овој пат, за жал – најголемиот медиумски интерес за свиоте активности, е неспоредливо помал во однос на оние организации кои им се посветени...

Continue reading

И лебот ќе стане луксуз за граѓаните

Post Views: 0 Векна леб, луксуз за најголемиот број граѓани во Македонија. По се изгледа со најавените нови поскапувања и овој основен прехрамбен продукт за многумина ќе стане недостижен. Граѓаните секојдневно се соочуваат со серија поскапувања, но најавата за зголемување на цената на лебот предизвика најжестоки реакции. Во ситуација кога платите остануваат закопани во место со години наназад, обичниот човек одвај врзува крај со крај. Кога на ова ќе се додадат и сметките за струја, вода, комунално, преживувањето на месецот за обичниот човек станува невозможна мисија. Локалните производители...

Continue reading

parking

Подземни и катни гаражи во Охрид

Post Views: 1 Гаражни куќи и подземно паркирање за решавање на најголемиот сообраќаен проблем во градот. Во работната верзија на Предлог Нацрт деталниот урбанистички план, кој се однесува на урбаните блокови Табана и Ривиера стои изградба на неколку гаражни куќи. Со овој Предлог УП, подземно паркирање е предвидено за градскиот плоштад, зеленилото кај кружниот тек и покрај кејот кон хотел „Палас“, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.  Тој додава дека моментално, со поставените три рампи, се контролира и користи простор за паркирање на само 80 автомобили. „Со...

Continue reading

sudnica

Одложено првото рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“

Post Views: 6 Главниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top