Ознака: натпревар

Тужел затоа што заспал на натпревар

Post Views: 0 Американските спортски коментатори ќе внимаваат повеќе што ќе велат по тужбата која ја подигнал навивач на NewYork Yankees, Andrew Rector, против спортската телевизиска куќа ESPN. Тој 26 годишник во април оваа година е “фатен” со камерите како спие за време на натпревар, а коментаторите Dan Shulman и  John Kruk тоа го искористиле за малку шала на негова сметка. “Ова не е место каде ќе спиеш”, рекле тие пропратено со смеа и ги поттикнале останатите 45 илјади навивачи да станат и да направат овации и така да го пробудат. Очигледно е дека потоа Rector добил понуди од многу...

Continue reading

ukraseno

Започна трката за најубаво украсен двор

Post Views: 1 Почнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните. „ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со...

Continue reading

Filis Ajrus

Охриѓанката Филис Ајруш, најдобра од најдобрите

Post Views: 1 Еколошката порака на охридската средношколка Филис Ајруш, ја виде целиот свет. И не само што ја виде, туку оваа порака на Олимпијадата за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, на Филис и обезбеди златен медал. Чувството за Филис да се претставува нашата земја на еден ваков интернационален натпревар, фантастично. „Чувството беше неопсиливо, прекрасно, прво ми го прочитаа името и самото претставување на Македонија, на Охрид ми беше прекрасно чувство,...

Continue reading

menageri

Државен натпревар во претприемаштво

Post Views: 2 Натпревар во претприемништво за средношколци на возраст од 15-18 години од средни стручни училишта ќе се одржи во сабота во десет држави, вклучително и Македонија. Станува збор серија државни натпревари кои имаат за цел да ги поттикнат младите да ги користат сопствените креативни вештини за да ги подобрат сопствените можности за вработување и претприемништво.Оваа есен, во натпреварите ќе учествуваат повеќе од 1000 учесници, на кои ќе им биде предочена задачата на која тие тимски ќе работат и ќе предложат креативно решение пред стручно жири.Натпреварите ќе се одржат...

Continue reading

Средношколците и основците од градов симулираа давање прва помош

Post Views: 6 Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош.  Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280. Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореален Координаторот на секторот за...

Continue reading

semafor

Детскиот семафор со помалку учесници, но со одлични резултати

Post Views: 4 Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар. „Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар...

Continue reading

torta

Глувите и наглуви лица ги покажаа своите кулинарски вештини

Post Views: 5 Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната. Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види. „Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите жени,...

Continue reading

matematika

Многу дружење, многу математика и одлични резултати

Post Views: 20 Виктор Блажески е само еден од многуте мали охриѓанчиња-љубители на математиката, а тоа одлично го докажа минатава сабота. На регионалниот натпревар по математика, во својата категорија, односно 6то одделение, тој се пласираше на првото место, а ја освои втората награда со најмногу бодови кај шестоодделенците. Тој вели дека задачите биле тешки, но дека е навистина задоволен од постигнатиот успех. „Во другите школи најчесто ги избираат со училишен натпревар, а кај нас наставниците ги избираат посебно тие ученици што имаат секако петки и што се најуспешни. Убаво поминав,...

Continue reading

opozicija kandidati

Сојузот за иднината најави натпревар на идеи и потенцијали

Post Views: 3 Сојузот на иднината или здружената опозиција ги презентираше кандидатот за градоначалник како и кандидатите за советници во идниот општински совет. Од здружената опозиција децидни дека дваесет и тројцата кандидати за советници на нивната листа се избрани демократски и едногласно наспроти сите шпекулирања во јавноста. „Натпревар на идеи, натпревар на аргументи и на потенцијали“-најави проф. д-р Јован Стојаноски, носител на листата на советници. Тој истакна дека мора да се истрае во определбата Охрид да се гради по принципите по кои досега се градел. Најави чесна и достоинствена...

Continue reading

maraton vo programiranje

Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST

Post Views: 4 Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС. Идејата за овој 24 часовен натпревар, студентите...

Continue reading

jahja kemal

Од натпревар по англиски, до стипендии за „Јахја Кемал“

Post Views: 28 Осмоодделенците од Христо Узунов растураат по англиски. Нивната постојана работа на усовршување на овој јазик се исплаќа на најдобар можен начин. Тие постигнаа одличен успех на регионалниот натпревар по англиски јазик и се закитија со прво, второ и четврто место. Младите Петар Пипоски и Ѓорѓи Ристески се осмоодделенците кои ги освоија првите две места на овој натпревар во огромна конкуренција. „Тестот беше поделен во два дела. Првиот дел имаше да одредиш кој збор каде треба да се вметне. Имаше текстови да ги прочиташ, па потоа прашања имаше да ги одговориш од тие текстови,...

Continue reading

rakomet plakata

Хуманитарен ракометен натпревар во СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 0 Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади. На овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб  „Охрид 2011“. „Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе одиграат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top