Post Views: 0
Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација.
„Се работи под секакво соучество на еминентни...
Post Views: 3
Во Македонија привршува бербата на јаболката а Преспа е регион препознатлив по оваа култура зашто, докажано, климатските услови таму се идеални.
Но дали само климата доволна, без употреба на пестициди?Не сите, ама кај некои јаболка се забележува вкус, што би се рекло, „на хемија“.Некои произведувачи велат дека прскањето и повеќе од 10 пати е неопходно за да изгледа јаболкото убаво за око, оти таквите постигнуваат цена. За експертите употребата на хемиски препарати е неизбежно во ера на зголемена потреба од храна и масовно производство.
-„Надворешно има позитивно влијание,...
Post Views: 1
Одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија се одржа во Центарот за обука на вода во Охрид. Со пригоден говор на присутните им се обратија претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски.
„Вие почитувани припадници на АРМ ја продолжувате традицијата на баталјонот Мирче Ацев, формиран недалеку од тука на Славеј Планина, на денешен ден пред 71 година. АРМ е репрезент на сите напори и жртви кои биле дадени низ децениите и вековите за слобода...
Post Views: 1
Жителите од Канео со петиција до Градоначалникот Бакрачески за спасување на „Мостот на желбите“. Петицијата ја пренесуваме во целост.
ДоГрадоначалник на Општина ОхридСовет на Општина ОхридДо средствата за јавно информирање
ПЕТИЦИЈА
Од сите жители на Вековната населба Канео – Охрид.Од незванични извори имаме информација дека ’’ Мостот на Желбите’’ во најскоро време ќе се сруши.Во име на сите нас кои овде живееме со векови, и во име на сите оние што години наназат го посетувале Канео и уште повеќе што сега како врвулица се движат по ’’ Мостот на желбите’’(како што популарно...
Post Views: 3
When you feel my heat,
look into my eyes
it’s where my Demons hide
it’s where my Demons hide
(Imagine Dragons)
Не дека пред тоа немаше борба,но 15 години од првиот 21 Јуни- Ден на Охридско Езеро сепак е веќе традиција. Во време кога се уништуваат вредности,кога е тешко да се создадат нови позитивни датуми и традиции,Охридското Езеро го издржува и тој притисок на несвесноста. Притисокот на демоните на неразбирањето, на некомуникацијата, на некоординација, кои му штетат. Дали ние кои го создадовме овој Ден ќе го издржиме таквиот притисок или не, сега ...
Post Views: 0
13 инжинери од повеќе факултети ја добија наградата „Инжинерски прстен “ за 2014. Наградите беа врачени на Плаошник од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со оваа манифестација го наградуваме трудот на најдобрите и придонесуваме за формирање на квалитен инжинерски подмладок, ги поздрави добитниците на наградата, претседтелот на државата Иванов. При тоа на добитниците на наградата им порача да се вклучат и да дадат свој придонес за што поголем развој на Македонија.„ Живееме во можеби највозбудливото време за науката, техниката и технологијата. Време...
Post Views: 6
НП „Галичица“ секој ден со ново изненaдување. Паркот од денес почна со наплата на влезници и за охриѓани. Само пред неполн месец од паркот информираа дека новиот ценовник кој почна да важи од први јуни нема да се однесува на локалното население на Охрид и Ресен. Денес охриѓани кои убавото време го искористиле за прошетка на Галичица морале да платат за престој во националниот парк.
„Утрово отидовме на Галичица. Попладнето на враќање бевме спречени да излеземе и ни беше побарано да платиме за престојот на Галичица. Ние им кажавме дека сме охриѓани и дека за нас не...
Post Views: 3
Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера на еден собир на млади луѓе, одржан на брегот на езеро надалеку од Москва, потсетил дека Русија има нуклеарно оружје и би било подобро да не се подигруваат со Русија.
Тој им порачал на младите дека неодамнешната анексија на Крим била клучна за да се спаси тамошното население кое зборува руски јазик од насилието на украинската влада. Додал дека борбите на истокот на Украина се резултат на украинското противење за преговори, јавува Reuters.
Западот ја обвинува Русија за праќањето војници и вооружување на сепаратистите за продолжување...
Post Views: 7
За престојната туристичка сезона Охрид ќе добие два инфо центри. Гостите ќе имаат можност информации да добиваат во туристичкото биро на северниот влез во градот и во инфо центарот кај поштата. Сепак инфо центарот на влезот во Охрид од Струга нема да се дислоцира, најавува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР. По една година пауза повтороно ќе биде ставен во функција. Ќе биде подобрена неговата сигналиацијата и видливост, а ќе се изгради и пристепен пат сопаркинг простор од Булевар Туристичка до овој објект, објаснува Апостолов.
Изградбата на инфо центрот пак наспроти поштата ќе...
Post Views: 0
Денес ФТУ Охрид ширум ги отвори вратите за матурантите. Идните студенти имаа можност да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми за кои би се определиле, како и со лабораториите со кои располага оваа високообразовна установа. Матурантите сеуште во дилема каде понатака.
„Сега за сега сеуште не сме одлучиле. ФТУ има добри услови за учење и за надвор од државата“ – велат матурантите.
Но затоа пак оние кои веќе студираат на ФТУ со пофални зборови кон установата и условите која истата им ги нуди.
„Ние сме студенти. Нека се запишат, факултетот е супер...
Post Views: 5
Приватните станоиздавачи очекуваат поголема помош од институциите. Со решавање на напластените проблеми кои се рефлектираат на нивната работа се надеваат на подобра бизнис клима. Приватното станоиздавање е наша егзистенција и кој би сакал да работи со некој кој не работи добро, вели Орхидеја Топенчарова. Додава дека добро би било да се одобрат поволни кредити за приватните станоиздавачи да понудат поквалитетно сместување во градот.
„ Ние работиме, но треба реновирање , постојано молерисување, треба да го задржиме нивото да се привлечат гостите и да бидат задоволни...
Post Views: 0
Субвенции ќе добиваат приватните станоиздавачи од мал обем. Во регистaрот на Тлер има околу 2100 регистрирани станоиздавачи. Со Правилникот за нивно субвенционирање Локалната самоуправа ќе ги стимулира сите редовни плаќачи на туристичка такса, информира Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.„ Со оваа активност сите регистрирани даватели на услуги од мал обем кои редовно плаќаат туристичка такса, 2 пати во годината, на 6 месеци, ќе можат да аплицираат за субвенциите на дел од туристичката такса. Предложено е субвенционирањето да изнесува 50 посто од уплатената туристичка такса. Поволноста...