Ознака: настани

Vevcani

Заклучоци од состанокот на Локален совет за превенција – Вевчани

Post Views: 13 Локалниот совет за превенција на општина Вевчани, со Градоначалникот на општина Вевчани, претставници на организациониот одбор на карневалот, претседателите на василичарските друштва, претставници на невладиниот сектор како и претставници на ОБСЕ, МВР, Обвинителство, вчера одржаа состанок во врска со немилите настани што се случија во изминатиот период кои кулминираа со протестите во Струга. Заклучоците од состанокот ви ги донесуваме интегрално: Општина Вевчани и граѓаните на Вевчани од секогаш негувале пријателски односи со  граѓаните од  Дримколскиот регион од различна...

Continue reading

SVR

Работна средба на СВР со жителите од Лабуништа

Post Views: 17 „Актуелните настани и безбедносната состојба во Лабуништа“ е тема на  состанокот што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од селото Лабуништа. На средбата која вечерва во 19 часот ќе се одржи во ова струшко село, ќе биде направен пресек на актуелните настани и состојби, ќе бидат изнесени мерките и заложбите на полицијата за сеопфатно и законско делување во нивното решавање. Средбата со советодавната група граѓани од Лабуништа, која има превентивен карактер, ќе придонесе за враќање на меѓусебната доверба, ќе значи цврста определба...

Continue reading

mediumi ; informacii; shpekulacii

За фактите и вистината

Post Views: 0 Во прилогот за настаните во Струга беа изнесени фактите и изјавите на релевантни лица дадени по повод актуелните настани во Струга и струшко. До ТВМ стигнаа уште голем број информации, шпекулации, ставови и најразлични мислења. Во дел од нив како причина е  наведена општата политичка состојба во земјава, поточно дека ова е обид, во моментов вниманието на јавноста да се дефокусира од тешката економски криза и лошата социјална состојба. Други пак сметаат дека револтот доаѓа после успехот на македонската ракометна реперзентација и наводните навредливи скандирања од страна...

Continue reading

opozarena crkva

Пожар во атарот на црквата Св. Никола, Лабуништа

Post Views: 29 За нецели пет дена осквернавени три верски објекти во струшкиот регион. После Октиси и Бороец, синоќа некаде околу 21 часот и 30 минути, во црквата Св. Никола, Лабуништа, избувна пожар. Мал број на лабуништани сакаа да коментираат за настанот. Некои од нив нафрлаа и посочија каде да се  бара виновникот, додека пак Субија Мемедоски, жител на Лабуништа излезе пред камерите и рече дека во селото отсекогаш имало соживот и дека сторителот на ова дело не е нивни соселанец.Пожарот кој се случи синоќа во атарот на црквата Св. Никола во Лабуништа, го зафати покривот, помошните...

Continue reading

шампиони

Ф1 рекапитулација

Post Views: 4 По освојувањето на титулата од страна на Џенсон Батон, на патеката ќе имат четири светски шампиони, заедно со Алонсо, Раиконен и Хамилтон. Такво нешто последен пат било случај пред десет години, кога во 1999 година возеле Дејмон Хил, Михаел Шумахер, Жак Вилнев и Мика Хакинен.Ова е последна можност да се добие нов рекорд во поглед на бројот на возачите кои поставиле најбрзи кругови во текот на една сезона. Досега, на листата возачи кои постигнале најбрзи кругови во 2009 има десет имиња, колку што имало и во сезоните 1975, 1976, 1981 и 1982. Меѓу оние кои можат да се...

Continue reading

natprevar

Одржано државно првенство на угостителско-туристичките училишта

Post Views: 0 За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод.  Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат. Директорот...

Continue reading

ministerstvo

Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар

Post Views: 0 Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар  за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ  и  на Владата,  за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен...

Continue reading

Порталот Ohridnews издаде ревија со хронолошки настани кои ја одбележаа 2014

Post Views: 13  Од печат излезе Ревија со хронолошки настани објавени  на порталот Ohridnews  во 2014 година. Ова е прво вакво издание кое читателите  ќе може да го набават  безплатно.  Целта ни беше да направиме една хронологија на настани кои ги обработи редакцискиот тим  минатата година , информира Главниот и одговорен уредник на порталот Горан Момироски.   „ Се разбира ги издвоивме позначајните настани од општетсвеното, културно- забавно живеење и спортот. Ги посочивме позитивните приказни. Затоа што во 2014 година како и во секоја година се случуваат и убави и помалку   убави...

Continue reading

abas

Абас Цаноски со автентични записи од минатото

Post Views: 4 Носталгијата по едно минато време влијаела стружанецот Абас Цаноски да ги напише трите нови книги „Сите мои песни“, „Струшката чаршија, еснафите, песната“ и „Низ виорот на животот“. Пишувањето е неговиот живот, а желбата да ги оживее настаните од минатото за да не паднат во заборав,  резултирала со новите изданија. Секоја од трите книги има свое значење и кажување за секое време, вели авторот.„ Се задржав на настаните актуелни во тоа време кое одминало. Еден од настаните е свадбениот обичај кај муслиманите од Октиси кој денес е отпаднат , а бил актуелен во минатото....

Continue reading

badminton

Охрид домаќин на најмасовниот Балкански бадминтон шампионат досега

Post Views: 11 Нашиот град од денес па се до недела е домаќин на најмасовниот балкански турнир во бадминтон. Преку 120 учесници во конкуренција на сениори и ветерани ќе ги одмерат силите во овој интересен спорт, прилично невообичаен за нашите простори. Претседателот на Македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски смета дека значењето на овој шампионат е од огромно значење не само поради својата масовност туку и поради квалитетот на натпреварувачи кои на него учествуваат. Меѓу другите, дел од него се и три поранешни европски шампиони како и еден учесник на олимписки игри. Додава...

Continue reading

most na zelbite

Ќе се пишува монографија за Охрид

Post Views: 6 Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој. -Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина...

Continue reading

hor

Промоција на дански културен настан во Охрид

Post Views: 2 За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата.  „Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани влегуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top