Ф1 рекапитулација

По освојувањето на титулата од страна на Џенсон Батон, на патеката ќе имат четири светски шампиони, заедно со Алонсо, Раиконен и Хамилтон.

 |  Крсте Голабовски  | 
шампиони
sampioni

По освојувањето на титулата од страна на Џенсон Батон, на патеката ќе имат четири светски шампиони, заедно со Алонсо, Раиконен и Хамилтон.

Jenson ButtonТакво нешто последен пат било случај пред десет години, кога во 1999 година возеле Дејмон Хил, Михаел Шумахер, Жак Вилнев и Мика Хакинен.
Ова е последна можност да се добие нов рекорд во поглед на бројот на возачите кои поставиле најбрзи кругови во текот на една сезона. Досега, на листата возачи кои постигнале најбрзи кругови во 2009 има десет имиња, колку што имало и во сезоните 1975, 1976, 1981 и 1982. Меѓу оние кои можат да се вбројат на листата, односно се уште немаат најбрз круг оваа сезона се и фаворитот Луис Хамилтон, потоа Кими Раиконен, Ник Хајдфелд, Хеики Ковалаинен и Роберт Кубица. Наспроти возачите на Мекларен, показател колку всушност е слаб болидот на Ферари оваа година е фактот дека Кими Раиконен лани имаше рекордни 10 најбрзи времиња во една сезона и е трет на вечната листа за овие постигнувања, зад Михаел Шумахер и Ален Прост. Најмногу најбрзи кругови оваа сезона има Марк Вебер, вкупно три, од кои два ги забележал на последните две трки во Сузука и Интерлагос, што е воедно и единствен пример на два најбрзи круга едно по друго од ист возач во текот на 2009 година.
Ова е прво гран при кое се одржува по изборот на Жан Тод за претседател на ФИА. За време на претседателствувањето на Мозли се извозеа 305 трки, почнувајќи од ГН Јапонија 1991 до ГН Бразил 2009 година.
Во пресрет на овој гран при викенд, на 28 октомври, промотерот на првенството Берни Еклстоун наполни 79 години. Во Абу Даби, покрај Жан Тод, присутен за прв пат по повлекувањето од Формула 1 е и Рон Денис, кој оваа сезона беше присутен само на трката во Австралија, а потоа се повлече по 30 години во спортот, откако ФИА започна истрага за лажните изјави на Хамилтон и спортскиот директор на тимот, Дејв Рајан, пред стјуардите во Мелбурн.
Доколку од било која причина трката е стопирана по 41 круг, истата нема да биде рестартирана и ќе бидат доделени поени во полн износ, бидејќи е исполнет цензут од 75%.
Абу Даби е четврта патека во календарот на која се вози обратно од стрелките на часовникот. Претходно, левата страна на мускулите на возачите трпеше напор на патеките во Истанбул, Сингапур и Сао Паоло.
Осветлувањето на патеката го извела компанијата Муско, која го осветлувала и автодромот во Катар, каде што се возат трките од Мото ГП шампионатот. Оваа фирма во своето портфолио има три олимписки игри и чети финалиња од НФЛ лигата (Супер-боул).
Абу Даби е главен град и има најмногу жители во Обединетите Арапски Емирати, придонесувајќи со 15% во бруто домашниот производ. Од познатите резерви на нафта во светот, се проценува дека 9% му припаѓаат на Абу Даби, при што забележано е дека и на пазарот на природен гас има удел од 5%.
Ова ќе биде прв пат по 25 години еден автодром да дебитира во календарот и да ја добие честа да ја затвори сезоната. Последен пат тоа било сторено со градската трка низ улиците на Аделаида, кога започнала да се одржува Големата награда на Австралија во 1985 година.
Браун е првата екипа која ја освоила конструкторската титула во првата сезона. Бидејќи шампионатот на конструктори се бодува од 1958 година, оттогаш наваму не е забележан пример на нов тим кој станал екипен шампион. Единствените пример на Алфа Ромео во 1950 година (прва сезона од Формула 1, кога сите тимови биле „нови“) и на Мерцедес кој дебитирал со победа во 1954 година, се случиле кога првенството за конструкторите не било востановено.
Трката за Големата награда на Абу Даби е прва по онаа во Монца 2004 година, во која и двете титули се освоени и трката се вози само за бодови и престиж. Во сите други сезони од 2005 наваму, кога возачката или конструкторкста титула била освојувана порано, тогаш онаа другата била во игра се до последната трка!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top