Ознака: населба

Божиновски : Урбанистички план за нова населба наменета за млади брачни парови

Post Views: 2 Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, а урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, порача  Перчо Божиновски, кандидат за советник од листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“. Тие се обврзуваат да ги спроведат урбанистичките проекти кои нема да ја доведат во прашање архитектонската препознатливост и посебност на Охрид признаени од УНЕСКО.  Измена и дополнување на сите детални урбанистички планови и донесување нови за сите населени места каде што досега нема планска документација. Донесување урбанистички...

Continue reading

Акција за кабаст отпад во населба „Гоце Делчев“ („Бараки“)

Post Views: 2 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2019 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 7.00 часот 13.04.2019 год. и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.075/495-428 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го...

Continue reading

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта

Post Views: 1 Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор. Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени долговите на...

Continue reading

Проблем со водоводна цевка во населба Христо Узунов

Post Views: 2 „Ти си твојот град“ е рубрика која ја спроведува Регионалната Телевизија ТВМ, со цел граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца да можат да пријават секако вид проблем или да пофалат нешто за кое што мислат дека вреди да се сподели со јавноста во нашиот регион. Денес ни пристигна слика од нашиот сограѓанин Мирослав Трајчески, кој преку „Ти си твојот град“ споделува проблем во населбата Христо Узунов во Охрид. Ова е неговиот коментар: Населба Христо Узунов. Дефект на водоводна цевка, по петти пат на истата – вели Трајчески за „Ти си твојот град“...

Continue reading

ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБА „ЦРНОГОРЦИ“

Post Views: 1 Поради настанат  дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 часот ќе има неколку часовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци односно на улиците : „Радојца Новичиќ“ , „130“ , „28ми Април“ , „Кленоец“ и „15ти Корпус“. Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Continue reading

Во охридската населба Кошишта спречен пожар од поголеми размери

Post Views: 0 Во охридската населба Кошишта утрово е спречен пожар од поголеми размери на непристапен терен. Во 10.30 минути, во ТППЕ е примен повик за интервенција на пожар во семејна куќа на улицата Вардарска. Петмина пожарникари интервенирале со две возила на непристапен терен бидејќи станува збор за куќи кои се лепенки една до друга. Пожарот е локализиран за 15 минути, а целосно згаснат за 35 минути, информираат од охридската пожарна.За среќа во опожарената куќа е предизвикана материјална штета во само една соба со покуќнина.            

Continue reading

Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид

Post Views: 35 Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид. Пламените јазици за миг ми одзедоа се, цела покуќнина, облека, документи, низ солзи раскажува сопственикот на куќата нашиот сограѓанин Роберт Николоски. Тој до пред еден ден живеел сам во оваа куќа која што му ја оставиле неговите покојни родители. „Се враќав од чаршија, имав некои работи да ги завршам и кога влегов дома вратата беше како подотворена, видов чад. Се зачудив…што е работата си реков нешто се случува. Кога влегов внатре во собата забелжав чад и оган. Незнаев што да правам, ме фати трема…., паника…се...

Continue reading

vevcani

Вевчани пред јавноста

Post Views: 0 Вевчани е населба со четири уникатни карактеристики и три нишани. Се започнува од Културно научната манифестација, „Печалбарски денови“, формирана во далечната 1973 година, од група своевремено млади поети, ентузијасти од Вевчани, со една единствена цел, развој на културата на Вевчани. Претседателот на манифестацијата Сашо Бетоски, вели дека Мишо Китаноски е човекот кој е заслужен да се врати духот на манифестацијата која 13 години стагнирала, за да годинава повторно се издигне на заслуженото ниво. Додава, дека гордост е да се работи со вевчанецот Китановски, личноста...

Continue reading

Локална:нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин

Post Views: 4 Нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин, велат од Локалната. Од таму објаснуваат дека одобрението за градење на хотелот  е издадено во законски пропишана процедура со прибавување на сите потребни документи пропишани според законот за градење. Додаваат дека не станува збор за хотел со шест ката, како што обвинуваа мештаните од оваа населба и дека се гради во согласност со одобрението добиено од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски. Лилјана Јоноска, претставник од секторот за урбанизам,ги покажа сите документи кои...

Continue reading

Тепачка во населба Воска

Post Views: 0 Физичка пресметка помеѓу повеќе лица од Охрид, синоќа на улицата Бистрица во населба Воска. На 04.08.2021 година во 15.35 часот на улицата „Бистрица” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ш.(22), А.Ш.(20), Л.Ш.(51) од една и Д.Ф.(32) и Ј.М.(39), сите од Охрид, од друга страна. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава –информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача

Post Views: 2 Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача. За нецели три месеци Локалната самоуправа на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески успешно го реализираа овој значаен проект односно изведоа градежни зафати за асфалтирање на 900 метри од патот Рача – Кромидишта. Градоначалникот Бакрачески задоволен од сработеното, посебно од причина што првично овој проект задавал дилеми во стручната јавност кои што се занимаваат со изградба и реконструкција на патишта, но и кај службите во Локалната самоуправа поради специфичноста на теренот. „Се работеше по многу непристапен и стрмен...

Continue reading

Реконструиран плоштадот во туристичката населба Љубаништа

Post Views: 3 Мини плоштадот во туристичкиот бисер Љубаништа реконструиран и разубавен. Уреден просторот околу спомен обележјето на паднатите борци, санирани оштетувањата на самиот споменик, реконструиран стариот потпорен ѕид, а целиот плоштад доби и соодветно хортикултурно уредување. Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески вели дека со ова продолжува нивната востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во Охрид. „На некој начин излеговме во пресрет на мештаните на на ова место да го уредиме овој мини плоштад, собиралиште на граѓаните од Љубаништа кое...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top