Божиновски : Урбанистички план за нова населба наменета за млади брачни парови

Урбанистичко уредување на Охрид беше тема на денешното обраќање од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“. Се обврзуваат да спроведат урбанистички проекти според законските прописи и признаени посебности од Унеско. Најавуваат унапредување и на туристичкиот развој на градот.

 |   | 

Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, а урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, порача  Перчо Божиновски, кандидат за советник од листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“. Тие се обврзуваат да ги спроведат урбанистичките проекти кои нема да ја доведат во прашање архитектонската препознатливост и посебност на Охрид признаени од УНЕСКО. 

Измена и дополнување на сите детални урбанистички планови и донесување нови за сите населени места каде што досега нема планска документација. Донесување урбанистички план за нова населба наменета за млади брачни парови, во која ќе има парцели со подостапни услови – проект кој е во насока на стопирање на иселувањето од Охрид, преку креирање подобри услови за живот на младите брачни парови – кажа Божиновски.

Божиновски, истотака, најави решавање на предметите за бесправно изградените објекти поднесени во 2011, 2015 и 2016 година, изработка на сообраќајна студија, изградба на јавни тоалети, отстранување на постоечките светлечки реклами во стариот дел на градот и воведување нови унифицирани, уредување на просторот кај касарната.

Изградба на социјални станови на потегот кај касарната. Изработка на програма за урбана опрема. Уредување на булевар „Свети Наум Охридски“, уредување на зелената зона на Булеварот. Изградба на конгресен центар за развој на конгресниот туризам, како и можност за целогодишен туризам, а со тоа и зголемен број на ноќевања и туристи во градот – наброја Божиновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ најавуваат унапредување на туристичкиот развој и изградба на повеќе видиковци на територијата на општина Охрид доколку граѓаните им дадат мандат и го заокружат бројот 7 за Промени, Проекти, Победи. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top