Ознака: ми

penzioneri

Пензионерките го одбележаа денот на жената

Post Views: 2 Традиционално и годинава ЗП на Охрид и Дебрца со низа активности пригодно го одбележаа Денот на жената. Во два дела, свечен и хуманитарен, охридските пензионери секогаш се добар пример како треба да се негуваат значајните празници, посебно кога станува збор за денот на жената 8 ми Март. Во името на општина Охрд се обрати заменик градоначалникот на општина, Ангел Јанев. „Јас ја поздравувам оваа нивна иницијатива тие секоја година не забораваат на понежниот пол, на повозрасната генерација, испраќаат една прекрасна порака, кон која и ние се надоврзуваме а тоа е пораката...

Continue reading

apel

Апел: Помогнете и на нашата сограѓанка Билјана Јанеска да ја добие најважната битка

Post Views: 2 Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е  една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се...

Continue reading

logo

ЈП „Градски пазар“ издава тезги за 8-ми март

Post Views: 9 По повод дмеѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ од Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република, кај Чинарот. Сите заинтересирани за изнајмување на тезгите може да се пријават во административните простории на ова јавно претпријатие или да побараат информации на телефон 046-266-600. {loadposition content9}

Continue reading

автобуски постојки

Граѓаните бараат да се воведе и трета градска линија

Post Views: 8 Воведувањето на двете градски линии полн погодок. Иако голем дел од граѓаните беа скептични дека ќе профункционираат бидејќи претходно имаше неколку неуспешни обиди за да се воспостават, времето покажа дека навистина се голем бенефит особено за жителите од населбите кои се наоѓаат на периферијата од градов. Голем дел од нив четири месеци од кога сообраќа градскиот превоз речиси секојдневно се возат со него. Едната линија започнува од населбата „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември се вози до пресекот на бул. „Туристичка“ и...

Continue reading

Ilija Piperkoski

„Дедо и внук“

Post Views: 0 Едно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски. Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, кој ќе се снима целосно на локации во Охрид, е прв ваков филм после „Мирно лето“ од далечната 1961 година. Првата клапа треба да падне оваа есена е во копродукција со романската „Пандорас бокс продакшн“. Пиперкоски открива дека станува збор за универзална генерациска љубовна приказна која го навела да направи едно навраќање кон минатото, но и самосвесно...

Continue reading

Adele

Како настана песната “Someone like you“

Post Views: 1 Веќе сите знаат дека мега популарната пејачка Adele тагува по своето поранешно момче и дека нејзините тажни балади беа создадени веднаш по раскинувањето на нивната врска. Сепак, во неодамнешното интервју за магазинот “Glamour“ пејачката открила и кога го напишала нејзиниот најголем хит, кој веќе со месеци не се симнува од врвот на топ – листите. “Песната ја напишав кога бев многу настината и седев на мојот кревет, чекајќи да ми се наполни кадата со вода. Во тој момент некој ми напиша порака дека моето поранешно момче штотуку се свршило! Веќе го преболев, но си помислив:...

Continue reading

fakac na krst

33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава

Post Views: 3 33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош. Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила. „Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е прекрасно,...

Continue reading

lice nepoznato

„Твоето лице ми звучи непознато“

Post Views: 6 „Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила директорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и странски...

Continue reading

mansijeski

Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа

Post Views: 0 Пријатно е чувството да се добие награда,  а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со  своето специфично и препознатливо сликарство  Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста.  Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески. „ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е  жив и секогаш...

Continue reading

internet

Македонски „Фејсбук“

Post Views: 9 Драган Матески кој има само 21 година од пред извесно време со комбинација на повеќе социјални мрежи ја создаде македонската верзија на „Фејсбук“, „HalloHi„ (www.hallohi.net). Идејата ми дојде уште со појавувањето на “My space”, но ми требаше време за да ја разработам. Почетокот на оваа социјална мрежа датира од ноември 2009 година, а денес веќе има околу 6.000 членови, со дневен пораст на членовите од 5 отсто. Има подобар „chat” од „Фејсбук„, а и квалитетот на музиката која може да се постави е подобар, вели за Макфакс, Матески. Реализацијата на идејата...

Continue reading

diploma

Филип Србиноски добитник на наградата лидер на струката

Post Views: 10 Филип Србиноски со „Виенскиот начин“ на послужување ја освои наградата лидер на струката. Овој ученик од 3 година во угостителското училиште  „Ванчо Питошески“ е добитник на престижната награда  со прeзентација на своите вештини и знаења. Србиноски е меѓу ретките  ученици кои велат дека и понатака ќе се занимаваат со оваа професија. Ова  не е случај со многу негови претходни и сегашни колеги. Одбрав оваа струка да е моја професија, а најголема желба ми е да имам свој ресторан, открива младиот Србиноски.  За одржаниот натпревар во Скопје  и  наградата лидер на струката...

Continue reading

husoki

Семејството Хусоски, бара кров над глава

Post Views: 1 Во една соба од трошна куќа која е на распаѓање во близина на амбулантата Воска, под кирија живее семејството Хусоски од Охрид. Покрај болеста која се надвиснала над нивното едногодишно дете, кое е категоризирано како телесно инвалидно лице, најтешка форма, тие едвај крај со крај врзуваат со скромната плата која ја зарабтува сопругот Сенат, вработен како метач во ЈП „Охридски Комуналец“. „Со таа плата од 8050 плаќам 4000 денари кирија струја и вода по 1200, мене од таа плата ми остануваат 500 со тие пари што да купам . Немам услови, немам болјер да го искапам детето,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top