Пензионерките го одбележаа денот на жената

Со меѓугенерациска средба на деца и пензионери, свечен и хуманитарен дел, охридските пензионерки во Домот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца пригодно го одбележаа празникот на жената. Нив ги поздрави Ангел Јанев заменик градоначалник на општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
penzioneri
пензионери

Традиционално и годинава ЗП на Охрид и Дебрца со низа активности пригодно го одбележаа Денот на жената.

penzioneri den na zenataВо два дела, свечен и хуманитарен, охридските пензионери секогаш се добар пример како треба да се негуваат значајните празници, посебно кога станува збор за денот на жената 8 ми Март. Во името на општина Охрд се обрати заменик градоначалникот на општина, Ангел Јанев.

„Јас ја поздравувам оваа нивна иницијатива тие секоја година не забораваат на понежниот пол, на повозрасната генерација, испраќаат една прекрасна порака, кон која и ние се надоврзуваме а тоа е пораката за успех, за долги години да трае празникот во поубави услови за живеење и се надеваме дека ваквата традиција нема да престанат туку ќе се развиваат се поубаво и поубаво“– изјави Јанев.

penzioneriАктивот на пензионерки му врачи хуманитарна помош во облека и обувки на Општинскиот црвен крст  во знак на повеќе-годишната успешна соработка. Пензионерките пак добија рачно изработени осмомартовски честитки  и кранафили.

„Денеска свечено го одбележуваме денот по повод 8 ми Март од причини што сите треба да знаат дека ние посебно го празнуваме одиме на ручек. Хуманитарниот дел се состои од прибирање квалитетна облека, најмалку два три пати годишно која ја предаваме во Црвениот Крст“ – рече Балеска.

И годинава не изостана меѓугенерациската средба на деца и пензионери. Детската група ,,Развигорче,, со ученици од О.У. ,,Христо Узунов,, под раководство на наставничката во пензија Ристана Мојсоска изведоа рецитал посветен на мајката. Исто така имаше и музичка точка на виолина во изведба на младата Ана Тотевска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top