Ознака: меѓународниот

Во Охрид се одбележа Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 1 Светот е постојано соочен со закани за загрозување на човековата потреба од светски мир. Постојано доаѓаат вести за воени конфликти и насилство од разни делови на светот, а луѓето имаат потреба од мирен живот и просперитет. Заменикот градоначалник Ангел Јанев  на Меѓународниот ден на мирот,  пред присутните охриѓани и ученици на градскиот плоштад, се приклучи кон пораката на генералниот секретар на ОН Бан ки  Мун и упати порака до сите луѓе кои сакаат да направат нешто позитивно за идните генерации  да ја  почитуваат најскапоцената придобивка на едно општество, мирот....

Continue reading

logo

И Македонија го слави Меѓународниот ден на трудот

Post Views: 6 И Македонија денеска го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права, а во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од  до 4 мај 1886 година во Чикаго. Главна цел на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала...

Continue reading

Викендов започнува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 2 Од утре до 26-ти јуни во Охрид ќе се одржува 49-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Семинарот ќе се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во рамките на семинарот ќе се одбележат „1100-годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа“, „70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик“ и „70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик“, ќе се одржи Меѓународна научна конференција на која македонските и странските...

Continue reading

Охридскиот Архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите

Post Views: 9 Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува со цел да се зголеми јавната свест за архивскиот материјал, за неговото чување и заштитата, за подобрување на пристапот до него, промовирање на ретките документи и создавање подобра слика за архивските институции и нивна отвореност на глобално ниво. Првиот човек на регионалното одделение на Државниот Архив на РМ во Охрид, Славица Јанкоска, истакна дека одбележувањето на овој значаен датум, 9 ти јуни, го следи и нивната реномирана Установа, која последнава година бележи голем подем во подобрување...

Continue reading

logo

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот

Post Views: 1 Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова. Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма. Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани. По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република...

Continue reading

Грција во април останува без пари?

Post Views: 2 Само благодарение на краткорочните задолжувања од ентитети од јавниот сектор, Грција без помош може да издржи само до 20-ти април, изјавил за Reuters неименуван извор. Германскиот весник Frankfurter Algemeine Zeitung објави дека грчката влада има пари за исплата на плати и пензии само за уште две недели, односно до 8-ми април, а тогаш влегуваат во критична фаза. Спрема овие предвидувања, Грција до 20-ти април може да остане без пари, а во прилог не е ниту фактот дека на 9-ти април доаѓа наплата од 465 милиони евра кредит кај Меѓународниот монетарен фонд, кој со големи...

Continue reading

Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ го одбележа меѓународниот ден на спортот

Post Views: 2 6ти април со одлука на Генералното собрание на ООН   во 2013та година е прогласен за меѓународен ден на спортот. Со тоа му се дава заслуженото место на спортот кој е најголемиот амбасадор во светот и кој ги руши сите бариери и предрасуди. Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ со низа активности се приклучи кон одбележувањето на овој ден. Организираа спортски настан за сите граѓани, а во ОУ „Григор Прличев“ децата и нивните родители ќе можат да вежбаат аеробик на отворено. Во ланч барот „Ноа“ за повозрасните ќе се промовира ЕХО фестивалот кој е фестивал на планински...

Continue reading

sport

Охриѓанчињата од градинките се вклучија во одбележување на Меѓународниот ден на спортoт

Post Views: 0 Децата згрижени во градинката  „Јасна Ристеска“ го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Се растрчаа и се  дружеа во спортската сала на СРЦ Билјанини извори.  Многу од нив кажаа кој им се  омилени  спортови.Намерата на вработените од детската градинка е кај најмладите да  созададат спортски навики, вели Роза Костеска директорка на Јасна Ристеска. Во таа насока од градинката редовно реализираат спорстки програми. Традицоналните игри од минатото се дел од тие проекти наведува Костеска, а ја потенцира и  денешната цел со вклучување во Меѓународниот ден на спортот. „...

Continue reading

Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот

Post Views: 3   И Охрид денес се обои во сино. Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот, 2ри април. Со интересен хепенинг на градскиот плоштад, Црвениот крст од Охрид, заедно со локалната самоуправа и Занаетчиската комора денес беше испратена порака за привлекување на вниманието на јавноста за постоењето на аутизмот. „Овој проект, односно проектот „Сложувалка“ започна пред неколку недели, и ќе трае до крајот на мај, во соработка со Занаетчиската комора од Охрид и со занаетчиите, организираме креативни работилници во просториите на Црвен крст од Охрид, каде...

Continue reading

istanbul

Истанбул е град на џезот

Post Views: 6 Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова и амбасадорот на добра волја за меѓукултурен дијалог, славниот Херби Хенкок, заедно со Република Турција, а во партнерство со Институтот „Телониус Монк“ објавија дека прославата на вториот годишен светски ден џезот 30 април, ќе се одржи во Истанбул. По тој повод, покрај разните манифестации, ќе се одржи и голем „Ол-стар“ концерт. -Истанбул е идеална локација за да се потенцира глобалното влијание на џез музиката, изјави Бокова. Меѓународниот ден на џезот е влезен во официјалниот календар на УНЕСКО и Обединетите нации. Програмите...

Continue reading

Berlinski filmski festival

“Grandmaster“ го отвара овогодинешното Берлинале

Post Views: 3 Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, 63-тото по ред ќе биде отворен денеска со филмот Вонг Кар-ваи „The Grandmaster“. На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се најдоа 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Санта и три филмови во кои ќе се појават француски филмски диви. Овогодишниот филмски фестивал нуди избор на разновидни филмови, вклучувајќи ги и остварувањата од Казахстан и Иран кои ќе се борат за главната награда – „Златна мечка“ на првиот европски фестивал во годината. Филмот Ван Санта „Promised...

Continue reading

Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Post Views: 6 По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот. Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top