Ознака: мерки

Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19

Post Views: 7 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во текот на деновите од викендот и Новогодишната ноќ направиле инспекциски надзор врз хотелските објекти в долж охридското крајбрежје, информира Цветко Ристески ракодител на Поддрачното одделение на ДПИ. Во текот на изминатите 4 дена инспекторите направиле 187 контроли . Ристески додава дека при тоа инспекторите констатирале дека се почитуваат протоколите и Законот за заштита на населението од заразни болести. „Ги контролиравме хотелите. Скоро половина од хотелските капацитети не работеа за новогодишната ноќ и викендот потоа....

Continue reading

Паднаа првите сет мерки за спас на стружани од дивата депонија

Post Views: 10 Формирана е комисија за спас на стружани од загадувањето кое го предизвикува дивата депонија на влезот од градот. Ова беше одлучено на Вонредната седница на Советот на општина Струга која беше неодамна одржана. Комисијата е составена од 5 члена, двајца од Советот, 2 од општинската јавна администрација, како и еден претставник на граѓанската иницијатива. Глигор Ќато претставникот на граѓанската иницијатива открива дека еден од првите чекори веќе бил направен, а тоа е остварување на средба со градоначалникот на Охрид, со цел заеднички пристап кон решение на проблемот. „Ние...

Continue reading

Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага мерки за Охрид и охридско

Post Views: 2 ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои смета дека се потребни за Охрид и охридско, но и за туризмот во целост, не само во охридскиот регион, туку и за целата држава. Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, а тоа се гледало и од Предлог буџетот за следната година. „Во таа насока ги предлагаме следните проекти, односно зголемување на средствата за одредени проекти: „Изградба/уредување на градскиот...

Continue reading

zauski

Заушки во Македонија

Post Views: 8 Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство поради зголемениот број лица заболени од заушки во Македонија на вчера одржаниот состанок донесе предлог- мерки, според кои, треба да продолжат засилените мерки на епидемиолошки надзор на терен, изолирање на заболените, нивно пријавување, анкетирање и прибирање на сите податоци за преземање акција, изолација  и лекување на веќе заболените лица. Се препорачува домашна изолација на лицата заболени од заразни заушки во тек на првите 14 дена од појавата на симптомите, екипите на заводите за здравствена заштита...

Continue reading

Стопанската комора и бизнис секторот предлагаат преструктуирање на агроиндуструјата

Post Views: 7 Стопанската комора предлага конкретни мерки за преструктуирање на агроиндуструјата во земјава. И покрај тоа што ресорното министерството го субвенционира овој сектор имаме нестабилно производство на пченица, сточниот фонд се намалува, а се зголемуваат увозот на овошје и зеленчук со што Македонија од традиционален производител денес е голем увозник, кажа Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ. „Млечната, месната, винската и мелничарската индустрија се клучни подсектори во агроиндустријата со потенцијал за развој и бизнис секторот има концепирано мерки за развој....

Continue reading

logo

„Air France“ во криза

Post Views: 1 Авио компанијата „Ер Франс“ планира следната година да отпушти 2.800 вработени во рамки на најновите мерки за реструктуирање, соопшти Управата на компанијата. Тој број претставува половина од регистрираниот вишок на работници во текот на минатата година. Во рамки на програмата за трансформација на компанијата, бројот на вработени во 2015 година треба да биде сведен на помалку од 66.000. Компанијата планира двојно да ги намали трошоците на аеродромот Марсеј- Прованс на кој во моментот работат 900 вработени во „Ер Франс“. {loadposition content9}

Continue reading

ИНТЕНЗИВНИ МЕРКИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Post Views: 3 Почитувајќи ги мерките за заштита  од  Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на  градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието.   Во насока на превенирање  и спречување на  ширење  на вирусот  секојдневно се врши мерење на  телесната температура на вработените  и на закупците на тезги во пазарот. Со високиот стандард на хигиена  претпријатието , несомнено гради  безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.

Continue reading

protesti spanija

Шпанците масовно на протести поради невработеноста

Post Views: 0 Повеќе илјади Шпанци вчера излегоа на улиците низ државата за да го одбележат вториот роденден на движењето „Огорчени“, формирано од протестите поради економската нееднаквост и невработеноста. Симпатизерите се собраа во Мадрид, Барселона и уште триесетина градови ширум Шпанија за да го искажат своето незадоволство против владините мерки. На централниот плоштад во Мадрид „Пуерта дел Сол“, демонстрантите носеа пароли „Борбата продолжува“, „Доколку сме заедно тоа е возможно“, пренесе француската агенција „Франс прес“. Еден од учесниците на протестот изјавил дека владата...

Continue reading

Усвоен ребалансот на Буџетот, може да стартува 4 сет економски мерки

Post Views: 0 Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година. Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза и за помош на домашната економија, информираше Душко Арсовски, портпаролот на Владата на Република Македонија. „Пренасочени се средства за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети. 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места“. Со четвртиот сет мерки на владата ќе обезбедат...

Continue reading

Во домот до 4ца гости и носење маска на отворено, дел од новите предлог мерки на Комисијата за заразни болести

Post Views: 11 364 нови случаи на Ковид 19 во нашата земја, нов неславен рекорд  од почетокот на епидемијата.  Министерот за здравство, Венко Филипче, соопштувајќи ја денешната бројка на позитивни на  вирусот  кажа дека состојбата се уште е стабилна  но дека лесно може да ескалира.   Соопшти дека врз основа на анализите здравствените власти донеле одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на ширење на вирусот. „Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, односно, се забранува групирање на граѓаните во домовите, слави. Во едно живеалиште стан...

Continue reading

СПРОВЕДЕНИ СИТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА

Post Views: 1 Согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“ и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, Општина Охрид навремено ги спроведе сите предвидени подготовки за почеток на учебната година, кои се предвидени за наставата со физичко присуство од прво до трето одделение. Извршена е набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а во текот на изминатиот период беше извршена...

Continue reading

Туристичките агенции се задоволни од четвртиот сет економски мерки

Post Views: 1 Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември . „Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата кои подигна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top