Ознака: маратон

logo

Велосипедски маратон „Бела Ди Супра“

Post Views: 6 Струшките велосипедисти од клубот „Соларис“ организираат  голем хуманитарен велосипедснки маратон насловен Бела Ди Супра.Станува збор за автентичното влашко име на селото Горна Белица. Инаку маратонот ќе биде своевидна увертира пред големата хуманитарна крводарителска акција која е во организација на О.О на Црвениот Крст од Струга, насловена како АВТОМОБОЛИТЕ БАРААТ КРВ, ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ЈА ДАРУВААТ. Коста Хиохи, претседателот на В.К „Соларис“ изненаден од интересот за учество на маратонот. „Се надеваме на голем одзив, според досегашниот интерес од граѓаните, околу 10...

Continue reading

Gebreselasie

Гебреселасие се предомисли

Post Views: 6 Светскиот рекордер во маратон Хаиле Гебреселасие се предомисли и реши да се натпреварува се додека го служи здравјето.Неговиот тренер Волдмескел Костре изјави дека атлетичарот од Етиопија ќе трча уште 8 години, а најави дека тој ќе се појави и на ОИ во Лондон во 2012 година. 37 годишниот Гебреселасие најави крај на кариерата по повредата на коленото на маратонот во Њујорк која го спречи да ја заврши оваа трка. Легендата на светската атлетика во својата кариера постави 27 светски рекорди. {loadposition content9}

Continue reading

Успешно 31-во издание на Меѓународниот меморијален атлетски маратон „Влатко Димитров“

Post Views: 4 Еден час четириесет и една минута и деветнаесет секунди му беа потребни на кенискиот маратонец Виклиф Кипкорир Бивот, да ја истрча триесет километарската патека од Св. Наум до Охрид долж крајбрежјето на Охридското езеро со многу нагорнини и надолнини и прв да стигне на целта. Бивот вели станува збор за вистински предизвик и убава подготовка пред неговиот следен маратон. „Како прво би сакал да им се заблагодарам на организаторите на тркава, навистина сум среќен, ова е мое прво учество на овој маратон, и навистина многу сум среќен.Не беше лесно, има многу нагорнини, но...

Continue reading

Се е подготвено за 31то издание на Меѓународниот атлетски маратон

Post Views: 3 Во тек е пријавувањето на учесниците за претстојното 31-во издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Подогтовките се пред самиот крај. Рокот за пријавување истекува на 25-ти август, а досега се пријавени околу седумдесет учесници. Пријавувањето за трките е на веб страната www.smartrace.club, а котизацијата изнесува 600 денари за маратонската трка и 400 денари за трката на 5 км. Претседателот на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“ Пецо Неданов вели дека радува фактот што годинава е зголемен бројот на пријавени женски учесници за маратонот. Здружението...

Continue reading

Германецот Aлександар Студзински и италијнката Барбара Позобон се победници на 31-от Охридски пливачки маратон

Post Views: 2 Aлександар Студзински од Германија во машка и Барбара Позобон од Италија во женска конкуренција се победници на 31виот Охридски пливачки маратон. Победата на двјцата пливачи беше мошне неизвесна и тесна, ги делеа секунди од останатите тројца маратонци. Девојките од Италија рамо до рамо се бореа со натпреварувачите во машка конкуренција и секунди одлучуваа дали годинава победник на маратонот ќе биде пливач или пливачка. Победникот Студзински до целта пристигна за 5 часа 15 мин 14 сек и 36 стот, а само 37 секунди по него доплива Барбара Позобон со време од 5 часа 15 мин...

Continue reading

Точно на пладне стартуваше Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 8 Од Свети Наум, точно напладне, на маратонската патека Климе Савин беше означен почетокот на 31виот Охридски пливачки маратон. Организаторите велат дека стартот бил навреме и поминал во најдобар ред. Оваа година 22 -ца пливачи од Македонија и светот ја пливаат 30 километарската патека за стигнат на целта кај градскиот плоштад. Во машка конкуренција има 15 пливачи меѓу кои се тројцата македонски маратонски пливачи Евгениј Поп Ацев, Александар Панчевски и Александар Илиевски. Покрај нив, на пливачката патека за првото место во машка конкуренција ќе се борат и пливачи од...

Continue reading

Привршуваат подготвките за 31-от Охридски пливачки маратон

Post Views: 0 Се е подготвено за 31то издание на Охридскиот пливачки маратон. Трката ќе се одржи на 19-ти август, на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри која започнува од манастирот Свети Наум и завршува на Градското пристаниште во Охрид. Стартот е во 12.00 часот, а околу 18.00 часот ќе се очекуваат првите пливачи да пристигнат на целта. Охридскиот маратон е претпоследниот од предвидените четири трки на отворени води што се одржуваат во рамки на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).Од 1998 година стана дел и од Гран при серијата на Меѓународната пливачка...

Continue reading

Ајдарски од Бугарија е победник на Меѓународниот Олимписки Пливачки Маратон

Post Views: 2 Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште. Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски. Боите на Македонија...

Continue reading

Прв олимписки маратон во Охрид

Post Views: 4 Олимписки маратон во Охрид. Станува збор за прв олимписки интернационален пливачки маратон кој во сабота на 12 август ќе се одржи на крајбрежната линија на Кеј Македонија со почеток во 12 часот. Конкуренцијата ќе биде силна бидејќи на маратонот ќе учествуваат пливачи од 7 земји кои се на топ листата меѓу 20 те најдобри во светот. Вкупно 13 пливачи ќе пливаат во водите на Охридското езеро, од нив 10 се во машка конкуренција, додека три ќе се борат за првата позиција во женска конкуренција вели, Сашо Точко, претседател на организациониот одбор. „Сонот кој што години наназад...

Continue reading

Андреј Стојановски победник на Илинденскиот маратон

Post Views: 7 Андреј Стојановски прв доплива на целта на 38 то издание на Илинденскиот пливачки маратон 2017. Во конкуренција на шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови кои плива во водите на Охридското Езеро, поделени во две категории, тој успеа да ја понесе годинешнава победа. Стојановски вели дека имал мала криза после олимпијадата за глуви која се одржа во Турција, но желбата да плива на Илинденскиот маратон во Охрид била појака од се, така што воопшто не му било тешко без придружба да плива. „Андреј учествуваше на Олимпијадата за глуви што се одржуваше во Турција,...

Continue reading

38-мо издание на „Илинденскиот пливачки маратон“

Post Views: 0 Шеесетина пливачи од клубови од Македонија и земјите од соседството, ќе учествуваат на триесет и осмото по ред издание на „Илинденскиот пливачки маратон“, во органзицаија на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. „Првиот маратон е направен 1954-та годинаа на кој маратон пливале осум пливачи, како Славе Филе, Нико Нестор, Дики Бојаџи, Александар Радич итн.И звршува пред некоја година, зборувам за наши пливачи со Александар Маленко кој го држи рекордот на оваа патека“ вели Кочо Паскали – претседател ПК „Охридски бранови 2008“. Пливачите поделени во две категории од 10...

Continue reading

Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“

Post Views: 1 Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата. Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top