Велосипедски маратон „Бела Ди Супра“

Голем хуманитарен велосипедски маратон и крводарителска акција во Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Струшките велосипедисти од клубот „Соларис“ организираат  голем хуманитарен велосипедснки маратон насловен Бела Ди Супра.Станува збор за автентичното влашко име на селото Горна Белица. Инаку маратонот ќе биде своевидна увертира пред големата хуманитарна крводарителска акција која е во организација на О.О на Црвениот Крст од Струга, насловена како АВТОМОБОЛИТЕ БАРААТ КРВ, ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ЈА ДАРУВААТ. Коста Хиохи, претседателот на В.К „Соларис“ изненаден од интересот за учество на маратонот.

velosipedisti„Се надеваме на голем одзив, според досегашниот интерес од граѓаните, околу 10 до 150 велосипедисти се пријавени, ги надминаа сите наши очекувања, се надеваме дека и времето ќе не послужи, па да видиме“ потенцира Хиохи.

Хиохи објаснува дека во недела на 16-ти, ќе се вози голем и мал маратон. Големиот маратон опфаќа возење низ селата, Вевчани, Горна белица, па спуст до Вишни, па возење до старата караула на Три Шилци, до Радожда и назад Струга. Рекреативците кои се сомневаат во својата физичка подготвеност, ќе може да уживаат во делницата на малиот маратон.

„Шеесет километри е захтевна тура, затоа ние направивме и еден мал маратон, преполовена е турата за оние кои не се чувствуваат подготвени од Вишни дирекно продолжуваат во Стуга. Значи онаа делница на off-road возење, која ја сметаме за најтешка е елиминирана од тој мал маратон“ објаснува претседателот на „Соларис“ велосипедскиот клуб.

logoТеренот по кој ќе се вози  е комбинација од асфалт и OFF ROAD предели.Турата сама по себе е посебна бидејќи на делови се вози по стариот римски пат VIA IGNACIJA покрај манастирот изграден од св.Климент, покрај римски гробови, а целата тура изобилува со прекрасна природа и извонредни пејсажи на Охридското езеро и планината Јабланица.Секој велосипедист е должен да има исправен велосипед и заштитна опрема иако се обезбедени пунктови и возила техничка и прва помош, објаснува претседателот на клубот Хиохи.Инаку голем број стопанственици од Струга го потпомогнаа овој хуманитарен настан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top