Ознака: Македонија

podem

Граѓаните се личности, а не само бројки на избирачките списоци

Post Views: 5 „Гласовите за малите политички партии, не се изгубени гласови“, велат од Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. Кандидатот за пратеник за 5-тата ИЕ од оваа партија, Горан Лекоски, укажа на се позачестените апели на двете најголеми политички партии до неопределените гласачи, да не ја даваат својата доверба на малите партии. „Апелираме до граѓаните, да не подлегнуваат на таквите гласини, зошто тие не ги поседуваат вашите гласови. На 5-ти јуни граѓаните да гласаат по свое убедување и да покажат дека се личности, а не само бројки во избирачките списоци“,...

Continue reading

tribina

Посебен суд за работнички спорови

Post Views: 0 Како до мирно решавање на работните спорови? Целта на денешната трибина на Сојузот на синдикатите на Македонија беше да одговори токму на ова прашање. Заштитата на работничките права и брзото и ефикасно решавање на работните спорови сеуште не го нашле своето место во Македонија, но во иднина треба да се обрне што поголемо внимание во таа насока-вели судијата Богоја Стрезоски.Посебни одделенија за решавање на работните спорови-вака функционираат работите во македонското судство. Иако одделенијата добро функционираат, експертите советуваат формирање на посебни судови...

Continue reading

d-r Sasho Vasilevski

„Предизвик е да се служи“

Post Views: 2 „Chаllenge to Serve“ или „Предизвик е да се служи“ ќе биде мотото на новоизбраниот гувернер на Лајонс клубовите Дистрикт 132 Македонија, за фискалната 2011-2012 год.  д-р. Сашо Василевски, кој денеска едногласно беше избран со акламација. Василески кој во Лајонс клубот охрид е од 2007 год, поточно од формирањето на првиот лајонс клуб во внатрешноста на Р македонија, негов основач и негов прв претседател. Тој помеѓу лајонсите важи за активен и исплонителен секогаш во кабинетот на гувернери на дистрикт 132 од 2008 год. до денеска. Досега организирал и учествувал во многу...

Continue reading

naucna konferencija

Меѓународна научна конференција за безбедноста на Македонија и Балканот.

Post Views: 1 Охрид, домаќин на меѓународна научна конференција. Истакнати професори по безбедност од југоисточен Балкан во организација на факултетот за безбедност од Скопје, овие два дена ќе имаат можност да претстават 85 трудови од над 100 автори од осум земји. Темата е „Безбедноста на постконфликтниот (западен) Балкан, транзицијата и предизвиците на Р. Македонија. Професор Цане Мојаноски рече дека оваа конференција е од исклучителна важност, посебно што годинава се навршуваат 10 години од конфликтот во земјава, а посебно за Охрид, каде е склучен договорот кој е основа за градење...

Continue reading

EPRA sostanok

Слобода има, но и притисок

Post Views: 2 Македонија домаќин на 33-та конференција на Европската платформа на регулаторните тела. „Во нашата земја е загрозена и слободата на изразување, како и слободата медиумите“, вели првиот човек на СРД на Македонија, Зоран Стефановски. Тој истакна дека станува збор за проблем, со кој не се соочува само нашата земја, туку се соочуваат и останатите земји од регионов. Стефановски додаде дека станува збор за сериозно прашање, кое бара сериозен пристап и ангажман во решавањето од страна на сите инволвирани страни. „Мислам дека не сите се загрозени, има слобода на медиумите,...

Continue reading

aktuel 2011

Јас гласам!

Post Views: 1 Масовно излегување на гласање за време на вонредните парламентарни избори 2011 година, е она за што се залагаме велат од коалицијата на граѓански здруженија „Актуел 2011“. Мотивацијата на граѓаните во овој предизборен период е наш императив, а се тоа поради високоиот степен на апстиненција, особено кај одредени категории на граѓани, додаваат од „Актуел 2011“. Заеднички на сите беше ставот дека овие избори мора да бидат регуларни, фер и демокртаски, како единствен пат за евроатланска интеграција на Република Македонија. Важноста за успешност на изборите е поврзана со...

Continue reading

Johnson

Џонсон Контролс меркаат локации за нова инвестиција

Post Views: 2 Денеска во Охрид престојува висока бизис делегација на познатиот светски бренд во автомобилската индустрија Џонсон Контролс. како што ТВ М вчера објави тие се во потрага по локација за својата нова инвестиција во Македонија. Бизнисменот Ристо Гуштеров кој е лично заслужен, како з аоваа така и за претходната нивна инвестиција, потврдува дека Охрид е еден од  најсериозните градови кандидати каде овој светски бренд сака да инвестира. „ Дојденa е делегација од таму за да ги испита можностите з нова фабрика во р Македонија каде се очекува да бидат вработени околи 1500 луѓе....

Continue reading

Evropski izveshtaj

Во Македонија при сообраќајки се користи Европскиот извештај

Post Views: 19 Во Македонија подолг период се применува Европскиот извештај за сообраќајни незгоди. Овој формулар се пополнува при сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Формуларот се пополнува во согласност на двете страни без да се повика полиција на увид. Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина. Иако законски формуларот се применува подолг период возачите делумно се запознаени со истиот. Формуларот се добива при регистрација...

Continue reading

kanter strajk

Охридските кантерстрајкери на Светските сајбер игри во Ј.Кореја

Post Views: 0 Светско првенство во сајбер игри, 2010 во Лос Анџелес-Сад, Светско првенство во сајбер игри, 2011 година во Јужна Кореја. Овие два настани ги поврзува кантер страјк составот Ентити од Охрид. Оваа екипа избори учество на Светското сајбер првенство како неприкосновен шампион во кантер страјк, но вечен проблем на македонскиот спорт се секако финансиите. Ентити ќе оди на Светското првенство, но прашањето е како? Јован Каланоски-капитен, Јован Деребаноски, Александар Киселинов, Влатко Сековски и Анел Цековиќ-ова е составот на кантер страјк дружината Ентити. Оваа екипа ќе...

Continue reading

„БУМ“ инвестиција во Охрид

Post Views: 10 Споменикот на Св. Кирил и Методиј, гордоста на Охриѓани, во 1989 година беше дониран од познатиот македонски бизнисмен Ристо Гуштеров, кој, како што дознава ТВМ, уште еднаш ќе го покаже својот патриотизам на дело. Имено, како резултат на негова лична заложба, утре, во посета на Охрид и Македонија пристигнува висока бизнис делегација на американска корпорација, познат светски бренд во автомобилската индустрија. Покрај „Џонсон контрол“ и „Џонсон мети“, за чиешто доаѓање во Македонија исто така е заслужен лично Гуштеров, на утрешното обраќање пред новинарите се очекува...

Continue reading

Vlasi

Власите денес слават

Post Views: 55 Денес се одбележува 23 мај националниот ден на власите, кој е прогласен за неработен. На 22 мај 1905 год, донесен е империјален акт од страна на Султанот Абдулхабит втори, со кој на власите им се дадени сите права како и на останатите народи, поданици на султанот. Симболика на 23 мај е поврзана со објавата во цариградските весници на ирадето или актот на добра воља на султанот, која се случила тој ден. Јордан Трца, припадник на влашката заедница во Охрид, зборува оти власите отсекогаш тешко доаѓале до своите права и минувале низ повеќе препреки за да ги остварат. Грчката...

Continue reading

Одржан митингот на СДСМ и коалицијата во Охрид

Post Views: 21 На Митингот кој започна со задоцнување од половина час, Коалицијата предводена од СДСМ вечерва во Охрид ги промовираше дел од кандидатите за пратеници во Петтата изборна единица како и својата изборна програма. Инаку во коалицијата која што ја предводи СДСМ ја сочинуваат петнаесет партии. Само да напоменеме покрај митингот во Охрид, вечерва коалицијата одржа митинг и во соседна Струга Прв на охриѓани им се обрати Аднан Ќахил, претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија.Потоа  зборуваше, Самка Ибаримовскиод Партијата за целосна еманципација на ромите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top