Ознака: Македонија

krija Joga

„Крија Јога“ пристигна во Македонија

Post Views: 8 „Крија Јога“ или техника на живот која многумина во светот секојдневно ја применуваат со цел да си го олеснат животот и со цел побрзо да стигнат до својта среќа конечно пристигна во Македонија.  Крија Јога“ е посебна техника која ги содржи сите други видови на јога, затоа што битието на јогата е во крија јога  и таа се состои од пет вежби кои човекот ги вежба за да си најде мир во душата, за да се смири и за да биде задоволен и среќен. Крија Јогата ќе ја има во Македонија, благодарение на новинарот Нада Штајнман.   „Мојата желба беше за да ја донесам оваа „Крија Јога“...

Continue reading

solaren sistem

Граѓаните сакаат соларна енергија ама немаат пари за инвестирање

Post Views: 0 Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи  со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава,  по системот на  лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната  енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат....

Continue reading

politicka akademija

Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“

Post Views: 3 Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“,  Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на...

Continue reading

Bulent Aras

Втора етапа од проектот на младинската организација УФУК

Post Views: 2 Мир и соживот на Балканот е пораката која синоќа ја пренесоа високите турски функционери, професорот Булент Араш од Институтот за стратешки истражувања од Турција и Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора. Нивната посета на Охрид е дел од реализацијата на втората етапа на проектот на турската младинска организација УФУК од Македонија „100 години од Балканските војни“. Професорот Араш го потенцираше значењето на соработката помеѓу народите на Балканот во чија насока се движи и моменталната надворешна политика на Турција. „Турција се грижи за Балканскиот...

Continue reading

ivanov-nisani

Прва официјална средба помеѓу претседателот на Р. Албанија и Р. Македонија

Post Views: 0 Албанскиот претседател Бујар Нишани денес пристигна во Охрид на еднодневна средба со неговиот македонски колега д-р Ѓорѓе Иванов. Оваа средба која се одржа во вилата Билјана беше неформална и далеку од очите на јавноста бидејќи претседателите не дадоа изјави за медиумите . Како што информираа од кабинетот на претседателот со оваа посета продолжува претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво. Во фокусот на разговорите меѓу претседателот Иванов и претседателот Нишани беа досегашните билатерални односи и областите во...

Continue reading

radio

Наскоро Здружение на приватните електорнски медиуми во Македонија

Post Views: 0 Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби  поддршка од  дваесет и два медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.  Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања...

Continue reading

sliki karavan

Ликовниот караван „Најубавите мои сништа“ доаѓа во Охрид

Post Views: 4 Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија. „Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници...

Continue reading

turski caj

На чај во Охрид

Post Views: 3 Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. А во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини. „Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар. Турската...

Continue reading

naucen trud

Научна студија за Пештани меѓу најдобрите на олимпијада во Варшава

Post Views: 12 Кирил Константиновски Пунтос , македонец кој живее и учи во Полска, меѓу најдобрите на 38-та олимпијада по географина во Варшава – Полска. Тој со својот истражувачки труд, кој е посветен на Пештани, со најголем број бодови, влезе во финалната фаза од олимпијадата, на која учествуваа повеќе од 100 000 трудови во Полска. Тема на научниот труд на Костантиноски се промените на околината на Пештани и неговото постепено трансформирање од рибарско село во познато туристичко место. „Темата опфаќа геолошки анализи, а анализите се така воведени што ги поделив на наколку...

Continue reading

knigi poet Srbija

Јазикот на поезијата е универзален и светски јазик

Post Views: 12 Нема звук како звукот на прочитаниот поетски стих. Дали е пишуван на руски, англиски, шпански, српски или македонски, секогаш ги буди истите чувства. Нема поголем доказ за тоа од двете книги на големиот српски поет Ранко Радовиќ. „Милув“ и „Страор“ се двата двојни сонетни венци кои од денес ќе можат благо да прозвучат и на македонски јазик. Радовиќ вели дека ја сака Македонија, ги сака Охрид и Струга каде во младоста често доаѓал. Токму затоа се решил овие негови книги да добијат свој македонски препев. Но неговите мотиви се бројни и уште поуниверзални, па поетот вели...

Continue reading

strujomeri

На охриѓани не им гори под нозе

Post Views: 6 Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира. Атмосферата во Битола...

Continue reading

lideri

Проект-печат на Иванов

Post Views: 3 Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како  би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top