Ознака: луѓето

Albert Einstein

И Алберт Ајнштајн бил „мета“

Post Views: 1 Ајнштајн го добил неговото Американско државјанство во 1940 година. Пред да го добие, поминал седум години во америка. Неговото престојување го направил постојано во 1933 година, кога Хитлер добил моќ и Германија станала ужасно место за Еврејските академци и интелектуалци. Најпрво тие биле турнати од државните институции и  универзитети. Потоа официјалните лица ги одбивале нивните идеи. Така, Германските официјалци се обидувале Ајнштајновата теорија за релативитет да ја препишат на Германските физичари. Меѓутоа тоа не им успеало бидејќи Ајнштајн бил познат во неговото...

Continue reading

citaci

Статистиката вели, луѓето се повеќе читаат книги

Post Views: 7 Се чини дека луѓето сé повеќе читаат книги, во електронска, но и во печатена форма. Тоа го покажуваат статистиките за продажбата и објавувањето на книгите. Според статистиките од 2013 година, само 20% од продадените книги се електронски, додека 80% се печатени.Продажбата на печатените книги се зголемила за 1,3% во 2012 година. Продажбата на електронските книги се зголемила за 44,2 % во 2012. Самостојно објавените книги се зголемиле тројно во последните 5 години, односно за 287%. Традиционално објавуваните книги пораснале 6 %. Според извештајот на „Њујорк тајмс“, повеќето...

Continue reading

sahara

За времето кога Сахара била дом на цивилизациите

Post Views: 12 Сахара е најголемата пустина на Земјата. Животот таму сега е невозможен, но само пред неколку илјади години, таа била дом на рани човечки цивилизации. Денес, пустината е огромна и тешка за истражување. Повеќе храбри археолози кои патувале подлабоко во пустината во изминативе неколку стотици години откриле нешто неверојатно. Таму има огромни мурали со палеолитска уметност кои се стари најмалку 10.000 години. На муралите се гледа животот на луѓето од најстарите времиња, но и од бронзената ера и луѓе на коњи. Прашањето тука е: што се случило со овие луѓе? Каде заминале...

Continue reading

bikini

Како изгледале плажите пред појавата на бикини

Post Views: 2 Патувањата на плажа во САД во минатото биле стандардна семејна активност од почетокот на 20 век и со тек на време еволуирале во модерна, крајбрежна активност. Одморите на плажа почнале да стануваат популарни по појавата на железничкиот превоз, како достапно средство за транспорт. Дали некогаш сте се запрашале како изгледале костимите за капење во тој конзервативен свет? Во тоа време постоеле костими за капење, но многу поинакви од она што денес ние подразбираме под костими за капење. Во тој перииод жените носеле целосни широки, сифонски доколенки. Иако во тој период...

Continue reading

logo

Преку клонирање, до вечен живот

Post Views: 13   Како Ви звучи ова: некои од најпаметните луѓе во светот се собираат во Њујорк за да се обидат да разберат како да изградат совршени копии на луѓето. Ова е „генијална“ идеја на рускиот мултимилионер, Дмитри Ицков. Тој е сериозен. Ова ќе биде изведено до 2045. Замислете дигитална копија од вашиот мозок во различна животна форма кое може да живее стотици години и да биде заменета. Дмитри вели дека може да се овозможи функционирање на небиолошко тело во следните седум години. Тој верува дека концептот може да биде докажан како функционален во следните три години. Дмитри...

Continue reading

kuce

Куче за домашен миленик = мир и спокојство

Post Views: 12 Сопствениците на кучињата самите ги имаат искусено придобивките од чување на куче – од мирна и спокојна состојба, до одлични здравствени придобивки. Доколку отсекогаш сте сакале куче или размислувате да си земете куче, овие факти ќе ви помогнат да се одлучите. Здравствени придобивки 1. Прошетките со кучето го подобрува вашето физичко здравје. 2. Галењето на куче го намалува крвниот притисок, и ги намалува шансите за кардиоваскуларни болести. 3. Чувењето на куче кај децата ги намалува шансите за егзема, честа алергија на кожата која предизвикува црвенило и чешање. 4....

Continue reading

multitasking

„Мултитаскингот “ вештина или хендикеп?

Post Views: 6 За тие што мислат дека се добри во мултитаскинг, читајте ова: истражувањата се речиси едногласни, што е ретко во социјалните науки, и тие велат дека луѓето кои хронично практикуваат на мултитаскинг во основа се ужасни во секакви видови на когнитивни задачи, вклучувајќи го и мултитаскингот. Професорот по комуникација на Станфорд и автор на книгата “The Man Who Lied to His Laptop,” Клифорд Нас, објаснува дека најдобрите 25% од студентите (на Станфорд) користат 4 или повеќе медиуми во секое време. На пример пишуваат семинарска, во исто време се на Фејсбук, слушаат...

Continue reading

Поради Google луѓето мислат дека се попаметни

Post Views: 0 Благодарение на интернет пребарувачите како Google, денес во само неколку секунди можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира, додека во минатото за пронаоѓање на некои информации било потребно повеќедневно истражување по летературата и библиотеките. Бројни се предностите на пребарувањето по Google, но како што покажало неодамнешното истражување помеѓу студентите на Yale, поради Google и интернет пребарувањето, границата помеѓу она што знаеме и она што мислиме дека знаеме станува сѐ потенка. Истражувањето на над повеќе од 1.000 студенти покажало дека лицата кои барале информации...

Continue reading

maz

Мажите се посреќни

Post Views: 3 Детално истражување на 12 аспекти на модерниот живот, покажа дека мажите доживуваат повисоко ниво на среќа, односно дека се посреќни во однос на седум од нив, вклучувајќи физички изглед, плата и облик на телото. Резултатите кај жените биле подобри во неколку области. Така се покажа дека жените се посреќни во поглед на семејниот живот, љубовта и во категоријата сексуален живот. Она што охрабрува е податокот дека нивото на среќата кај возрасните испитаници генерално изнесувала 64 отсто.Истражувањето го нарача Benednden Health, а во него се покажа дека просечните жени се...

Continue reading

лого

Први април, денот кога ги славиме шегата и смеата

Post Views: 8 Иако 1 април не е национален празник, широко се прославува низ цел свет. На денешен ден се карактеристични маските кои се со цел да не насмеа и расположат. Во Македонија 1 април го одбележуваат маскирани луѓе, особено дечиња, облечени во интересни и уникатни маски. Денес секој може за момент да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу него. Како се прославува 1 април ширум светот? Во Франција, Италија и Белгија, денешниот ден се одбележува на интересен и карактеристичен начин. Таму луѓето си подготвуваат хартиени риби и им ги закачуваат на минувачите во знак...

Continue reading

logo

Со Фејсбук против депресијата

Post Views: 12 Доколку сте депресивни отворете го вашиот Фејсбук профил и прегледајте ги сопствените фотографи, советуваат експертите и тврдат дека на тој начин ќе го подобрите расположението. Докторката Елис Гуд, од Универзитетот Портсхомаут, каде е работено истражувањето, утврди дека 90 отсто од корисниците на оваа социјална мрежа ги гледаат своите постови на ѕидот, а 75 отсто ги гледале своите фотографии кога се чуствувале лошо.Оваа студија е спротивна од онаа каде истражувачите тврдеа дека прегледувањето на Фејсбук лошо влијае на менталниот склоп на луѓето.Во испитувањето учествуваа...

Continue reading

mobilen

Дневно во мобилниот, гледаме 150 пати

Post Views: 6 Мобилниот телефон е направа без која голем број луѓе во светот не би можеле да живеат. Зависноста од него стана толку сериозна, што во него проверуваме на секои шест и половина минути, без оглед дали станува збор за порака, повик или статус на некоја од социјалните мрежи. Утврдено е дека оние кои имаат мобилен телефон, гледаат во него веднаш штом ќе се разбудат наутро, бидејќи ги буди алармот кој оваа направа го има. Поради оваа негова функција тој е направата во која и последна луѓето гледаат навечер. Голем број од корисниците на мобилен го користат за проверка на мејловите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top