Ознака: Лондон

Две момчиња избодени до смрт во Лондон

Post Views: 0 Како што пренесуваат британските медиуми, 15-годишен тинејџер од Гринич бил избоден околу 17 часот, а по полноќ во Ламбет друг тинејџер 16-годишен доживеал исти таков напад. Поради убиството на 15-годишното дете, кој ранет сам отишол во болница, уапсен е тинејџер исто така 15-годишник, а никој засега не е уапсен поради убиството на другото дете. Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека е запрепастен поради ваквите убиства. Лондон кој во минатото се соочувал со бројни насилства помеѓу младите, продолжува со своите напори да ги спречи понатамошните вакви напа...

Continue reading

Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Post Views: 3 Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите ковид центри за вакцинација во државата. Во објавата исто така се тврди дека има 11 илјади докази за смртни случаи од вакцините и издадена е наредба за апсење на сите вклучени во ова „злодело против човештвото“. Потенцирано е на полицијата дека тие...

Continue reading

Напад во близина на џамија во Лондон

Post Views: 5 Едно лице загинало, а десетина други биле повредени кога комбе удрило во пешаци во близина на една џамија во северниот дел на Лондон. Инцидентот кој се случил петанесетина минути по полноќ се истражува како можен терористички акт. „Едно лице загинало на самото место“, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека осум луѓе биле пренесени во три болници, додека две лица имале помали повреди. 48 годиниот возач на комбето, како што соопшти полицијата, бил задржан од луѓето кои биле таму за време на инцидентот, а потоа и приведен од полицајците. Британскиот муслимански совет...

Continue reading

Конечно потклекна и тој

Post Views: 4 По бракот со Талиа Балсам, кој траеше од 1989 до 1993 година, Џорџ Клуни(52) рекол дека тој не требаше да биде оженет во тој момент од животот. “Не мислам дека бев чесен спрема Талиа. Не и дадов чесна шанса”, рекол тогаш холивудскиот заводник. Во 2007 година рекол дека никогаш нема да се ожени, но се чини дека Џорџ конечно “созреал” за брак. Близок  извор на актерот, за часописот People, открил дека Клуни ја запросил својата девојка, британската адвокатка Амал Аламудин(36). “Џорџ и Амал не зборуваат дека се вериле, но не се ни трудат тоа да го скријат. Мислам дека сакат...

Continue reading

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападите во Лондон

Post Views: 3 Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот во Лондон во кој беа убиени седум луѓе, додека неколку десетици други беа ранети. Ова го јавија новинските агенции повикувајќи се на соопштението постирано на интернет страницата која е повразана со ИД. Во меѓувреме, британската полиција соопшти дека уапсила 12 луѓе во Баркиинг, источен Лондон, во врска со истрагата за нападот што се случи во саботата. Тројца напаѓачи најпрвин со комбе згазиле неколку пешаци по што излегле од комбето и почнале со ножеви да напаѓаат луѓе пред да бидат убиени од поли...

Continue reading

Слики вредни милиони

Post Views: 11 Две слики, вредни неколку милиони евра, кои се украдени 1970 година во Лондон, се пронајдени по долгогодишна истрага, на Сицилија во куќа на еден пензионер кои ги држел закачени во кујна, соопштила италијанската полиција. Станува збор за слики од историско и уметничко значење, изјавил генералот Мариано Моса челник на полициското одделение задолжено за културно наследство. Тој на денешната прес конференција ја реконструирал истрагата која довела до откривање на платната на Пол Гоген (1848-1903) и Пјер Бонар (1867-1947). Станува збор за делата „Овошје на маса или мртва...

Continue reading

Воведување на посебна валута е ризик

Post Views: 0 Воведување на посебна валута би претставувало потенцијален ризик, затоа што се слаби валути и често предмет на напади, рекол милијардерот Џорџ Сорос, и додава дека Шкотска не би трбало да ја задржи фунтата. Валутниот спор се повеќе се актуелизира со приближувањето на референдумот за независност на Шкотска, кој е закажан за 18-ти септември, пренесува Reuters. Националистичките партии во Шкотска сакаат да ја задржат фунтата и услугите на Централната банка на Англија, но трите клучни партии во Британија се противат на тој план, наведувајќи дека доколку Шкотска ја напушти...

Continue reading

Вест која го шокира светот на спортот

Post Views: 13 Германската телевизија Das Erste објави шокантен документарен филм во кој 99% од врвните руски спортисти ги обвинува за конзумирање на допинг средства. Тие во филмот тврдат дека руските спортисти плаќаат прикривања на допинг тествите, но и дека во тоа е вмешан и врвот на атлетската организација (IAAF), која исто така прикривала резултати од тестовите. Документарниот филм е емитуван во средата, а во него гостинка била и екс фрлачката на диск Евгенија Печерина. “Мнозинството, 99% од руските спортисти користат допинг. Можете да набавите апсолутно сѐ. Сѐ што еден спортист...

Continue reading

logo

Се отвори вториот македонски филмски фестивал во Лондон

Post Views: 7 Вториот по ред македонски филмски фестивал во Лондон почна синоќа со прикажувањето на филмот „Тоше – Д Хардест тинг“ (Toshe – The Hardest Thing) на словенечкиот режисер Бостјан Слатенсек, посветен на страствената и бескрајна љубов на Тоше Проески кон музиката и на подготовката и изработката на британскиот музички компакт диск на трагично загинатата македонска пејачка ѕвезда, јави дописникот на МИА од Лондон.Како гостин на вечерта присуствуваше музичкиот продуцент на Тоше во Велика Британија Енди Рајт, кој по проекцијата на осумдесет минутниот документарен...

Continue reading

Знамето на РС Македонија во Лондон на почесно место како нова членка на НАТО

Post Views: 6 Сојузничките шефови на држави и влади се собраа во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на НАТО. Знамето на РС Македонија е на почесно место како нова членка на Алијансата, меѓу знамето на НАТО и на домаќинот Велика Британија. Знамињата на 30 земји членки на НАТО пред Бакингамската палата во ЛондонВо 1949 година, Велика Британија беше една од дванаесетте основачки членки на НАТО, а Лондон беше дом на првото седиште на НАТО. Лидерите на денешната средба ќе донесат одлуки за понатамошно зајакнување на Алијансата и продолжување на реформите. Вечерва, нејзиното...

Continue reading

sobarka

Британската кралица бара собарки

Post Views: 7 Бакингемската палата во Лондон распишала оглас дека бара собар или собарка, кои би работеле за 17.400 евра годишно за осумчасовно работно време , пет дена неделно со вклучено сместување и бесплатна храна, пренесува агенцијата „Асошиејтид Франс прес“. Оттаму бараат личност која ќе биде задолжена за одржување на кралските купатила, за чистење, презентација и грижа за гостите во официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора. Во должноста на овој персонал се вклучува и носење на работите на хемиско чистење, грижа за накитот, подготвување купки, помагање...

Continue reading

Повторно терористички напад во Лондон

Post Views: 0 Едно лице е убиено, а осум се повредени, кога комбе влетало во толпа, по полноќната молитва, во близина на една џамија во Лондон. Како што пренесе британскиот сервис Би Би Си, полицијата дваесет минути по полноќ објави дека се случил „голем инцидент“ во близина на џамијата Финсбери парк. Според очевидци возачот на белото комбе намерно влетал во толпата луѓе кои излегувале надвор по рамазанската молитва. Според некои информации во комбето имало три лица, двајца мажи успеале да избегаат, а возачот бил уапсен. Очевидци на медиумите им изјавиле дека имамот на џамијата Мухамед...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top