„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападите во Лондон

Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот во Лондон во кој беа убиени седум луѓе, додека неколку десетици други беа ранети

 |   | 

Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот во Лондон во кој беа убиени седум луѓе, додека неколку десетици други беа ранети.

Ова го јавија новинските агенции повикувајќи се на соопштението постирано на интернет страницата која е повразана со ИД. Во меѓувреме, британската полиција соопшти дека уапсила 12 луѓе во Баркиинг, источен Лондон, во врска со истрагата за нападот што се случи во саботата.

Тројца напаѓачи најпрвин со комбе згазиле неколку пешаци по што излегле од комбето и почнале со ножеви да напаѓаат луѓе пред да бидат убиени од полицијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top