Post Views: 3
ЦИРа, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Избраните три идеи од Македонија понатаму ќе се натпреваруваат на регионалниот форум каде можат да бидат селектирани за финасиска поддршка (10.00 долари) за нивна реалзиција. Крајниот рок за доставување...
Post Views: 1
Локалната самоуправа започна низа активности за решавање на проблемот со бездомните кучиња кои претставуваат опасност за граѓаните, но создаваат и грда слика пред странските туристи.
Деновиве, како прв чекор започната е постапка за регистрација на прифатилиште за бездомни животни, кое ќе биде лоцирано во месноста „Мауцкер“. Прифатилиштето ќе работи согласно со Законот за благосостојба на животните донесен во 2014 година и Правилникот за техничките услови за прифатилишта за бездомни животни , донесен во 2010 година.
Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ , согласно...
Post Views: 1
Локалната самоуправа и градоначалникот Стојаноски не се грижат ниту за изнаоѓање форми за поефикасно и поекономично одвивање на образовниот процес, ниту за подобрување на условите во училиштата, обвини портпаролот на охридскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. Со измена на развојната програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2018 – 2020 година, односно со ребалансот на буџетот се намалуваат средствата кои беа предвидени за реконструкција на кровот на ОСУ „Св.Климент Охридски“, посочи Божиновски.
„Како долгогодишен просветен...
Post Views: 2
Од локалната самоуправа реагираат на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ во врска со поставувањето рампи и издавањето пропусници за жителите на Стар град. Редуцираниот сообраќаен режим во старото градско јадро е донесен врз основа на изработената микро студија која покажа дека мрежата на улици во стар град не поднесува таков обем на сообраќај и мора да се редуцира, барањето содржано во извештајот на реактивната мисијата на УНЕСКО и барањето на жителите од стар град да се воспостави нормален режим на сообраќај, објаснуваат од локалната.Во реакцијата...
Post Views: 1
Неколку локални патни правци во општина Дебрца ќе се реконструираат, а за други ќе се изготви техничка документација. Југозападниот плански регион доби 26 милинои денари пари од националната програма преку Бирото за рамномерен развој за да се инвестира во подобрување на условите за живеење на жителите од 6 општини од регионот меѓу кои е и општина Дебарца. Објавен е тендер за 3 проекти реконструкција на старата училишна зграда во село Волино, за изработка на техничка документација за локални патишта и за поправка на руинираната патна инфраструктура.
„Во Општина Дебрца...
Post Views: 0
Општина Охрид, до граѓаните, особено до оние кои живеат во стариот дел на градот, упатува апел за разбирање во врска со бројните настани кои ќе се одржат во рамките на манифестацијата „ Бела ноќ“.
Во сабота, на 14ти јули се очекуваат многу гости, а главниот дел од забавата ќе биде во самиот центар на градот. Сето тоа повлекува и соодветно озвучување и осветлување. Станува збор за една вечер и би сакале да направиме вистински спектакл, каков што градот навистина заслужува за вистински старт на главната туристичка сезона, Охрид е туристички град и би требало најискрено...
Post Views: 10
Смената на раководството во ФК Охрид 2004 ја разнежни директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во зависност од моменталните услови фудбалерите ќе имаат можност и повеќе од еднаш да тренираат на главниот терен-вели таа. Односот на јавното претпријатие кон фудбалерите секогаш ќе биде коректен-додава Јованоска.
На повидок е закопување на воените секири помеѓу локалната, јавното претпријатие „Билјанини извори“ и фудбалскиот клуб Охрид 2004. Се чини се започна по смената на раководството на овој клуб со кое локалната и ЈП „Билјанини извори“ немаа најдобри...
Post Views: 1
Угостителски објекти на ул. Коста Абраш поставуват урбана опрема маси и столици на тротоарот и на самата улица спротивно на законските одредби и на одлуките на градскиот совет. Ова го констатирале инспекциските служби на општината во соработка со СВР Охрид.
„Комуналниот инспектор на ден 19 јуни 2018 година на посочениот потег, односно на улица “Коста Абраш” изврши инспекција, при што е изготвен записник и донесено е решение. Според овие акти, правните субјекти кои обавуваат угостителска дејност, спротивно на одлуките на Советот на Општина Охрид, поставиле...
Post Views: 4
Со двете предлог одлуки кои утре ќе се најдат пред градските советници, за зонско паркирање и новиот ценовник за паркинг просторот на улиците во градот, се врши намалување на цените. Основната намера на општина Охрид, локалната самоуправа и моја како Градоначалник и градскиот Совет е да го модернизираме наплатувањето на паркинг услугите. Единствено Охрид и Струга се градови во Р Македонија, каде што не се врши наплата по пат на смс пораки, кажа на прес конференција Градоначалникот Јован Стојаноски. Целокупниот систем, најмодерен во државата, со сите можни атрибути...
Post Views: 7
Во големата сала на општина Охрид, утре (17.05.2018 г.), со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите. На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.
Post Views: 0
Во рамки на програмата на Академијата за добро управување, градоначалникот Јован Стојаноски, денес, го отвори меѓународниот семинар за планирање на развојот на единиците на локалната самоуправа и управување со општинскиот имот. „Дозволете ми најнапред во мое лично име и во името на градот Охрид, да ви посакам пријатен престој и успешна работа на овој исклучително важен семинар,кој ги третира темите за успешен развој на единиците на локалната самоуправа. Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните,...
Post Views: 8
Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да ја...