Локалната: И УНЕСКО бара редуцирање на сообраќајот во Стар град

Од локалната самоуправа реагираат на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ во врска со поставувањето рампи и издавањето пропусници за жителите на Стар град.

 |   | 

Од локалната самоуправа реагираат на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ во врска со поставувањето рампи и издавањето пропусници за жителите на Стар град. Редуцираниот сообраќаен режим во старото градско јадро  е донесен врз основа  на изработената  микро студија која покажа дека мрежата на улици во стар град не поднесува таков обем на сообраќај и мора да се редуцира, барањето  содржано во  извештајот на реактивната мисијата на УНЕСКО и барањето на жителите од стар град да се воспостави нормален режим на сообраќај, објаснуваат од локалната.
Во реакцијата од локалната ги објаснуваат и критериумите за добивање на магнетна картичка за движење со возило во стариот дел од градот. Магнетни картичка може да добие секое лице кое живее во стариот дел од градот и поседува лична карта со живеалиште на тој дел и има возило со сообраќајна дозвола на свое име. Ако лицето живее на друго место, а има имот во стариот дел од градот  со имотен лист и сообраќајна од возило на негово име го следува картичка за движење со возило во стариот дел од градот. За сопствениците на апартмани и мотели ако во проектот на изградба на истиот во градежна парцела е исцртани паркинзи за секој таков го следува магнетна картичка. Актуелната локална власт се надева дека со редуцираниот сообраќаен режим во стар град ќе бидат задоволни жителите на овој дел од градот, охриѓани од поширокото градско подрачје, релевантните институции кои работат на заштита на старото споменично градско јадро и туристите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top