Ознака: култура

Започна петтото издание на Фестивалот за култура „Дримон“

Post Views: 1 Под мото „Градиме нови генерации“ денес во Струга започнува петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „Дримон“. На ова културно збиднување кое ќе трае пет дена ќе има дваесетина настани во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе настапат над 40 учесници. На фестивалот публиката ќе гледа внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, изградени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социокултурна сцена. Тимот на Иницијативата за независен културен...

Continue reading

Ревидирање на проектите Скопје 2014 и Плаошник, најави Министерот за култура од Охрид

Post Views: 0 Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.   „ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро тим...

Continue reading

Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца

Post Views: 0 Општина Дебрца продолжува со градежните активности околу реконструкција на Домот на култура во Лешани. Минатата година за таа намена, Бирото за регионален развој од Скопје преку Министерството за Локална самоуправа на општина Дебрца и додели средства во висина од 3 милиони денари, а исто толку средства од својот буџет одвои и општина Дебрца. „Практично тука планираме да го сместиме училиштето деветтолетката и да имаат и самите ученици подобри услови за работа, меѓутоа оставивме и простор за жителите кои што сакаат да одржат состаноци или да се дружат, значи во самиот...

Continue reading

Македонскиот филм „Најголемата вистина“ премиерно во Центарот за култура Охрид

Post Views: 6 “Најголемата вистина” новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, кино проекции во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 150 денари, во големата сала. Мартин веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров”. Освен фолклор, Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја...

Continue reading

pogreb Grcija

Грција упати протестна нота заради нејзиниот “погреб“ во Вевчани

Post Views: 9 Грција упати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи во која се наведува дека властите треба да го осудат “погребот на Грција“ на вевчанскиот карневал и палењето на грчкото знаме.Грчкото министерство за надворешни работи во протестната нота наведува дека ова е “провокација“. Шефот на канцеларијата за врски во Скопје, амбасадорката Александра Пападопулу побарала од македонското МНР да го осуди овој чин и да спречи во иднина вакви и слични настани, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи. Пападопулу изразила незадоволство...

Continue reading

Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио

Post Views: 1 Министерството за култура за 2017 година ќе го поддржи театарскиот аматеризам. За работата на детското  младинско студио ќе има дел  од  4 милиони денари одобрени од ресорното министерство за работа  на Центарот за култура Григир Прличев и наросниот театар. Уписите  стартуваат од месец февруари.   „ Многу е голем интересот за детското младинско студио. Ние имаме три простории во галеријата кои се затополени и работат со млади луѓе. Практикуваме да работиме од февруари до јуни“, кажува Горан Стојаноски директор на Центарот за култура и Народен театар. Театарскиот аматеризам ...

Continue reading

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник

Post Views: 4 Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа  изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен  начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска,...

Continue reading

bokova

Директорот на УНЕСКО во посета на Македонија

Post Views: 6 По повод златниот јубилеј на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска и утре, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. Како што соопшти Министерството за култура, во текот на денешниот ден,  Бокова придружувана од министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска ќе го посети Музејот на вода во Охрид, а во вечерните часови ќе присуствува на презентацијата на поетскиот портрет на годинашниот лауреат на СВП, Матеа Матевски. Утре,...

Continue reading

Jubilej Strushki veceri na poezijata

Јубилеј за паметење

Post Views: 1 Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата,  беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...

Continue reading

Викендов започнува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 2 Од утре до 26-ти јуни во Охрид ќе се одржува 49-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Семинарот ќе се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во рамките на семинарот ќе се одбележат „1100-годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа“, „70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик“ и „70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик“, ќе се одржи Меѓународна научна конференција на која македонските и странските...

Continue reading

DIF

Пожар во Факултетот за физичка култура во Скопје

Post Views: 53 Утрово избил пожар во една од бараките на Факултет за физичка култура, кој е лоциран на 30 метра од зградите на МВР. Најверојатно огнот избувнал од запалена корпа за отпадоци кој набрзо се проширил. Во пожарот за среќа нема повредени, а предизвикана е само материјална штета. Од скопската противпожарна единица велат дека вработените навреме реагирале со противпожарни апарати и ја изгаснале опожарената барака. Бараката во која избил пожарот била употребувана од администрацијата на факултетот. {loadposition content9}

Continue reading

Ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 3   Со средства од ЕЛЕМ ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Државната компанија објави конкурс за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ.Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак во текот на 2017 година. Не се  работи за  специјална катна гаража туку се работи целосно нов комплекс односно изградна на нов Центар за култура на местото каде што е постојниот....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top