Ознака: култура

bista delcev

Доцнат „Гоцеви денови“, во Подгорци

Post Views: 1 О.У. Гоце Делчев од Подгорци не го одбележа својот патронат во средината на мај, како што тоа традиционално се практикуваше 41 година по ред. Одбележувањето на патронатот беше ставен и изгласан во прогамата за култура на минатиот совет, што како одлука треба да ја почитува и новиот градоначалник, забележува советникот на здружената коалиција „За подобра Струга“, Никола Затуроски, кој воедно изрази сомнеж дека во случувањата во Подгорци свој удел има и градоначалникот Зијадин Села. Тој пак ги отфрла обвинувањата. „Подгорци е рак рана на образованието во Струга, и сметам...

Continue reading

„Спорт и култура иднината на регионот“

Post Views: 2 Младите и спортот. Со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат и да спортуваат ЈП „Билјанини извори“ прави напори за подобрување на условите за тренирање како и овозможување натпревари каде спортистите ќе можат да си ги одмерат силите. Неодамна преку ТЛЕР ова претпријатие аплицираше за добивање средства од европските фондови за реализацијата на проектот „Спорт и култура иднината на регионот“, активност која е поддржана и финансирана од SWG Regional Rural Development Standing Working Group of South Eastern Europe. Проектот е прифатен, а средствата кои се одобрени се...

Continue reading

Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура

Post Views: 7 Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура. На надзорната расправа тема беше „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“ . Од исказот на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даден пред собраниската комисија за култура најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување. „ Во мојот исказ кажав дека...

Continue reading

лого

Филмска ревија на македонски филмски класици во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид

Post Views: 13 ХАЈ – ФАЈ / ПОНЕДЕЛНИК  9-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денари Година: 1987Траење: 102 минутиФилмот “ХАЈ –  ФАЈ” создаден е според мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефановски.Борис Бојановски, после пет години поминати во затвор, не успева да се снајде во ситуација која што ја наоѓа во сопствениот дом. Судирот со син му започнува околу некои тривијалности, но многу бргу се продлабочува во суштински генерацијски конфликт.Филмот го следи развојот на односите помеѓу таткото и синот, врз кои се рефлектираат и некои пошироки...

Continue reading

Охридските гимназијалци на „Денови на демократска култура” во Белград, Србија

Post Views: 8 Учениците од Охридската гимназија “ Св. Климент Охридски “ од Охрид со поддршка на Општина Охрид во периодот од  13 до 15 април во Белград  беа учесници на манифестацијата „Денови на демократска култура“. Овој настан во организација на Земунска гимназија е дел од проектот на Советот на Европа “ Развој на демократската култура во училиштето”.Беше  реализирана округла маса со тема  „ (Не) постои  Ученички парламент’’на која учество зедоа гимназијалци од повеке  гимназии од регионот – Македонија, Словенија,  Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Србија.На манифестацијата нашите...

Continue reading

muzej

Седум децении од смртта на Незлобински

Post Views: 3 Грандиозното дело на д-р Никола Незлобински, после 70 години ставено на хартија. Неслучајно годинава, кога се навршуваат 7 децении од смртта на големиот доктор, хуманист, биолог и музеолог Др. Никола Незлобински излегува од печат монографијата „Никола и Марија Незлобински“. „Ова е наш генерациски долг“, вели првиот човек на музејот д-р Сашо Цветкоски. Тој додава дека монографијата произлегла од оргинални документи. „Еднаш да излеземе со едно заокружено дело, односно наше видување кон Незлобински и се она што беше негов легат негова оставштина да го презентираме на стружани...

Continue reading

Божиновски: СДСМ и Министерството за култура направија културна деградација на Охрид

Post Views: 8 За СДСМ и министерот Роберт Алаѓозовски не се важни граѓаните и во кои рамки ќе се движи културниот живот во Охрид. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата преку бројните афирмирани културни манифестации, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. „Во Годишната програма за култура за 2018 година, на Националната установа фестивал „Охридско лето“ од Министерството за култура и се доделени 23 милиони денари, наместо предвидените 53 милиони денари....

Continue reading

Министерството за култура ги кастри финансиите за културните институции и манифестации во Охрид

Post Views: 0 Министерството за култура ги кастри финансиите за културните установи и манифестации во Охрид.Националната установа фестивал „Охридско лето“ наместо 53 милиони денари, колку што побарала од Министерството за култура, ќе добие 23 милиони денари или околу 374 илјади евра. Толку е предвидено со Програмата за културно уметнички манифестации за 2018 година, што деновиве јавно ја презентираше министерот за култура Роберт Алаѓозоски. Се очекува во нареднот период фестивалот да ја објави програмата за 58-то издание кое ќе се одржи во вообичаениот термин од 12 јули до 20 август....

Continue reading

плакат

Концерт во чест на Тоше Проески

Post Views: 19 „Тоше Проески има само датум на раѓање и цела вечност за паметење“ ќе речат неговите најголеми фанови и додаваат дека да се чекори по патот на Тоше, да се следат неговите хумани дела, пред се е чест, но и обврска за секој млад човек. Така во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Дарко Мојсоски, еден од организаторите на концертот објасни дека идејата некако сама се наметнала со оглед на тоа што во нашиов град долго време нема културна манифестација...

Continue reading

Министерството за култура ќе ангажира експерти во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија

Post Views: 0 Од Министерството за култура ги следат случувањата во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охрид. Ќе се обидат, како што велат овој проблем , да го решат на најадекватен начин, за твм изјави Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО, потенцира Барџиева Трајковска. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа не сакаше...

Continue reading

logo

Промоција на стрип албумот „Мрак, Хумор, Тишина”

Post Views: 7 Промоција на три стрип приказни пред охридските љубители на осмата уметност. Станува збор за прва стрип промоција  од ваков вид во Охрид, па така сите љубители на стрипот утре 21.11.2014, со почеток во 19:00 часот во изложбениот салон на домот на култура „Григор Прличев” -Охрид, ќе може да уживаат во стрип албумот на Јордан Коцевски и Дарко Богданов. {loadposition content9}  

Continue reading

Звуците на кинеската култура вечер на „Охридско лето“

Post Views: 4 Камерниот оркестар „ЕЛК“ е релативно нов оркестар, основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари. Нивна идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top