Македонскиот филм „Најголемата вистина“ премиерно во Центарот за култура Охрид

“Најголемата вистина” новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, кино проекции во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 150 денари, во големата сала.

 |   | 

“Најголемата вистина” новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, кино проекции во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 150 денари, во големата сала.

Мартин веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров”. Освен фолклор, Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја ја реализираше во филм насловен како ,,Најголемата вистина”, во кој и тој самиот е актер.

Идејата за филмот дојде на многу интересен и необичен начин. За првпат, одлучив малку да излезам надвор од уметничките рамки на фолклорот и да се одлучам на поголем предизвик – да се пренасочам кон актерството, нормално како аматер’ – истакнува Мартин.
Имаше понуда од Балканска филмска продукциска куќа, но се одлучи да го задржи во Македонија.
Пред да започнеме со реализација на филмот според сценариото што го напишав, краток опис, испративме до една добро позната продукција во регионот на Балканот, која веќе има продуцирано неколку добро познати филмови на филмската сцена. Одговорот од нив беше позитивен и беа заинтересирани за разговор и за можна продажба на сценариото. Но, сепак се одлучивме да си го задржиме тука, како наше – вели Мартин.
Карти по цена од 150 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top