Ознака: корона

Корона вирусот ќе наметне прилагодувања нa 60-тото јубилејно Охридско лето

Post Views: 0 Фестивалот „Охридско лето“, нашата најголема музичко сценска манифестација годинава треба да го има своето јубилејно 60то издание.  Подготовките за реализација на годинешното издание започнаа веднаш по завршувањето на минатото и токму овој период повеќето работи се завршени, велат од дирекцијата на фестивалот. Додаваат дека состојбата со корона вирусот неминовно ќе наметне прилагодувања на активностите но како ќе изгледа фестивалот Охридско лето низ призмата на мерките за контрола на коронавирусот е рано да се предвиди во целост. Постојано сме во преговори со уметниците...

Continue reading

Занаетчиите од услужните дејности преземаат мерки за максимална заштита од корона вирусот

Post Views: 0 Почнаа да работат со клиенти занаетчиите од услужните дејности по пауза од скоро месец и половина. Иако, немаа забрана за работа поголемиот дел од козметичките и фризерските салони беа под клуч заради немање интерес на клиентите и стравот од вирусот. Со олабавување на мерките фризерите и козметичарите почнаа претпазливо со работа со клиенти. Заради природата на работата не можат да одржуваат растојание од 2 метри па преземаат строги мерки за максимална заштита од корона вирусот. За заштита на здравјето на клиентите и на сопственото носат маски и ракавици, а прават и...

Continue reading

13 лица дневно е бројот на земени брисеви за тестирање на корона вирус во охридскиот ЦЈЗ

Post Views: 1 На 10 до 13 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во центарот за јавно здравје. Брисевите се земаат од екипи максимално заштитени и во посебна просторија од понеделник до сабота, информираат од охридскиот центар за јавно здравје. Матичните лекари креираат упати преку опцијата Мој термин по направените анкети со пациентите според препораките на ресорното министерство, информира Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје.. „Пациентите кои што доаѓаат се по препорака од матичните лекари и се 10- 12 пациенти. Повеќе...

Continue reading

Со втор сет мерки тежок 200 милиони евра владата ќе се справува со последиците од корона вирусот

Post Views: 7 Техничката влада го донесе вториот пакет финансиски мерки за справување со кризата во економијата поради коронавирусот. На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше новите мерки тешки 200 милиони евра. Приватниот сектор ќе добие финансиска помош за исплата на платите на вработените за месеците април и мај, рече Спасовски. „Го донесовме вториот сет мерки за справување со кризата со консултација и суштинска дебата низ разговори со економски познавачи експерти и стопанственици.Со мерката 1 се предвидува финансиска помош за приватниот...

Continue reading

Двајцата охриѓани заболени од корона вирус засега се на домашно лекување

Post Views: 3 Двајцата охриѓани кај кои е потврдено постоењето на вирусот Ковид 19 се наоѓаат на домашно лекување. Тие засега се со лесна клиничка слика и не се сместени во болнички оддел при инфективното одделение, информираат од ЈЗУ Општа болница. Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека инфектолозите од општа болница телефонски контактираат два пати во текот на денот со заболените и го следат текот на нивната здравствена состојба. Славица Малеска Стојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница за ТВМ Телевизија информира дека нивната установа постапила по насоките и препораките...

Continue reading

Нови мерки и препораки на ЕВН за заштита од корона вирусот

Post Views: 1 Приемните канцеларии и Инфо центарот на ЕВН нема да работат во периодот додека се на сила вонредните мерки за заштита од вирусот корона. Во периодот на вонредна состојба, нема да има исклучување поради неплатени сметки, а нема да се отчитуваат ниту броилата. Скопје, 15.03.2020: Согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН презема нови мерки за заштита на корисниците и вработените. За да се придонесе кон заштита на јавното здравје во периодот додека на сила се вонредните мерки, нема да се исклучуваат корисниците поради неплатени...

Continue reading

Затворениот Зелен Пазар со мерки против ширење на корона вирусот

Post Views: 9 ЈП Градски Пазар ги известува граѓаните,  согласно Одлуките на Владата на РСМ, во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот, во затворениот Зелен Пазар СЕ МОЛАТ да се придржуваат на следното: – Продавачите да стојат исклучиво на своето продажно место да нема групирање и да носат заштитни маски и ракавици со цел зачувување на здравјето на сите.-Потрошувачите, затворениот Зелен Пазар исклучиво да го користат за снабдување на неопходни потреби,  без подолго да се задржуваат во истиот со цел да не се прави гужва. Доколку...

Continue reading

Таксистот Ацо Бакрески позитивен пример во заштитата од корона вирусот

Post Views: 0 Таксистот Ацо Бакрески  е возач од компанијата Сузики .Тој презел мерки на самозаштита, но и на патниците кои ги вози. Самоиницијативно во неговата секојдневна работа заради заштита од болеста набавил ракавици, маска и спреј со дезинфекционо средство.     „ Може некому ќе му е смешно, но ова е сериозно . Не знам како ќе го толкуваат  луѓето ова , не знам, но давам апел за користење на самозаштита која би требало да помогне. Кризниот штаб да им препорача на газдите на такси компаниите да ги дезинфицираат возилата“, порачува Бакрески.

Continue reading

МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Post Views: 0 Од денес, 11.03.2020 година ( среда ) во наредните 14 дена сите основни училишта, средни училишта, факултети и предучилишни установи ( детски градинки ) на територијата на Македонија, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19- корона вирусот. Согласно владината одлука, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции за еден родител со дете до 10 годишна возраст во споменатиот рок од 14 дена. Времениот прекин на наставата ќе се почитува и во ОУ “Дебрца” – Белч...

Continue reading

МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 9 Од денес, 11.03.2020 година (среда) сите основни училишта, средни училишта и предучилишни установи (детски градинки) на територијата на Општина Охрид, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19- корона вирусот. Инаку, согласно владината одлука, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции за еден родител со дете до 10 годишна возраст во споменатиот рок од 14 дена. Оваа мерка ќе биде во траење од две недели, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија,...

Continue reading

Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот

Post Views: 0 Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот. Голем број аранжмани се откажани, а и осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат, велат од ХОТАМ. Хотелите се речиси празни, а туристичките агенции останаа без работа. Намалување и откажување на гости дефинитивно има, бројката не може сега да се каже, тоа ќе се сумира на крајот на сезоната , но се очекува да има 20 до 30 % намалување, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ. ХОТАМ заедно со членовите на управниот одбор имале неколку состаноци со Агенцијата за...

Continue reading

Пад на бројот на новозаболени од корона вирусот

Post Views: 11 Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Северна Македонија се намалува. За една недела регистрирано е намалување од 39,5% во однос на претходната седмица. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 21 до 27 февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top