Ознака: концертот

mrvica

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 10 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Continue reading

hor

Дански културен настан во Охрид

Post Views: 3 Општина Охрид и НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид заеднички организираат концерт на “Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди.На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

David Guetta

За малку Дејвид Гета ќе го направеа петулица

Post Views: 7 Белградскиот настап на познатата диџеј ѕвезда Дејвид Гета кој завчера вечер требаше да одржи диџеј-сет на Калемегдан, е откажан поради тоа што непосредно пред концертот се сруши покривот над бината, пренесуваат српските медиуми. Покривот на бината се срушил во 18 часот додека на сцената предгрупата на концертот “Мистејк мистејк” имале тонска проба. Пејачката на групата Александра Крстиќ се здобила со повреди на главата, нејзината колешка Милана од групата ја повредила раката додека останатите членови на бендот останале неповредени.-Во моментот  кога бев на капијата...

Continue reading

gerdance

„Ѓерданчињата“ повторно со концерт на градскиот плоштад

Post Views: 8 По повод одбележувањето на 8- ми март-  Меѓународниот ден  на жената, хорот „ Распеано герданче“ ќе одржи свечен концертот. Концертот ќе се одржи во сабота, на 8- ми март,  на градскиот плоштад пред споменикот на „ Св. Климент Охридски“ со почеток во 12 часот и 30 минути. Малите хористи ќе исполнат  неколку песнички посветени на мајката, а напишани од авторите Баркоски, Џамбазов и Димов. Децата предпразнично упатуваат искрени пораки до нивните и до останатите мајки со благодарност за се што сториле за нив. {loadposition content9}

Continue reading

koncert Zelko

Преполна сала и фантастичен концерт на мега-ѕвездата, Жељко Јоксимовиќ

Post Views: 7 Во фантастична атмосфера, преполнетата сала во Билјанини извори не можеше да ги собере сите кои сакаат да бидат дел од концертот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, неповторливиот Жељко Јоксимовиќ. Нешто повеќе од два часа траеше мега концертот на кој охриѓани едногласно ги пееја песните на Јоксимовиќ. Нашата екипа имаше екслузивна можност да поразговара со познатата ѕвезда. „Патувавме едно шест и пол часа и воопшто не е проблем. Кога публиката е онака позитивна, јас уживам во концертот и не само јас, туку и целиот мој бенд, потполно сме подготвени за...

Continue reading

koncert

Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика

Post Views: 13 Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија. Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни...

Continue reading

popstefanija

Новогодишен концерт на Лајонс Клубот Охрид

Post Views: 10   „Празниците можат да зависат од она што другите ќе го направат за вас, но за вашата Нова година да биде среќна зависи од она што вие и сите ние го правиме за другите“. Оваа порака ја упати претседателот на Лајонс Клубот Охрид,  Михајло Арнаудов, на синоќешниот хуманитарен новогодишен концерт, кој годинава го доживеа своето 4то издание и прераснува во една  убава празнична традиција. Арнаудов во дел од своето обраќање кон поширокиот аудиториум рече дека убаво е да се биде дел од една традиција, зачната од Лајонс Клубот Охрид, кој од година во година доживува своја...

Continue reading

dragana bocevska

Охрид летово ќе доживее вистинскo културнo освежување

Post Views: 9 Културно лето во Охрид. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата културна програма во периодов што следува. Уште утре љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во вокалните можности на Луиза Мара Рустеми, гостинка од Поградец- Албанија. Ова гостување е резултат на заедничката соработка на Центарот за култура од Охрид и  Поградец. Концертот започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен. На 10 јуни пак балетското студио „Визави“ ќе го одржи својот завршен концерт. Ова студио работи веќе 4 год. и тоа со неколку групи. Има членови од најмала возраст,...

Continue reading

Ohrid jazz festival

Охрид подготвен за првиот џез фестивал

Post Views: 0 Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top