Новогодишен концерт на Лајонс Клубот Охрид

Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ , традиционално се одржа новогодишниот концерт, во организација на Лајонс клубот  Охрид. Во една беспрекорна организација, семејството Лајонси Охрид, уште еднаш покажаа дека претставуваат светилници на надежта за оние на кои им треба помош.

 |  Николоска Биљана  | 
popstefanija
попстефанија

 

lajonsi„Празниците можат да зависат од она што другите ќе го направат за вас, но за вашата Нова година да биде среќна зависи од она што вие и сите ние го правиме за другите“. Оваа порака ја упати претседателот на Лајонс Клубот Охрид,  Михајло Арнаудов, на синоќешниот хуманитарен новогодишен концерт, кој годинава го доживеа своето 4то издание и прераснува во една  убава празнична традиција. Арнаудов во дел од своето обраќање кон поширокиот аудиториум рече дека убаво е да се биде дел од една традиција, зачната од Лајонс Клубот Охрид, кој од година во година доживува своја надградба.

„На тоа сум особено горд лично јас како овогодишен претседател на клубот. Чуството го делат и сите негови членови кои работат за доброто на овој град  и ова општество. Ние го доживуваме нашиот клуб како едно семејство и се обидуваме тоа наше чуство да стане универзално чуство на охриѓани, кој и тоа како имаат право да бидат горди на своите сограѓани. Оваа вечер меѓу другите му ја посветуваме и на уште еден наш сограѓанин кој  претставува еден од своевидните обележја на Охрид. Со годинешниот концерт го подигнуваме сензот за охриѓани за потенцијалите на нашиот град и неговите таленти“.

Охридските лајонисти и годинава  не ги заборавија делата на заслужните поединци,организации и здруженија од Охрид, кои постигнале успех на професионален или приватен план, во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, и промовирале граѓански вредности со кои допринеле за афирмација на градот но и земјава. Како највисоко признание на Лајонс  клубот Охрид е наградата Горна Порта, која трета година по ред се врачува на новогодишниот хуманитарен концерт . Годинешен лауреат на високото признание е Кузман Поп Стефанија.  „Со песна и игра сум го постигнал ова што сум денес“ вели добитникот, кој не го криеше задоволството што клубот се сетил на него и му направил голема чест, за да не се почуствува заборавен во градот, на кој му го поклонил својот работен стаж од 50 години како доајен на охридската староградска песна.

„Чуствоте е големо, посебно кога позади тебе имаш млади деца да те крепат“. Наградата се должи на долга работа, јас имам 66 години работен стаж-вели добитникот.

popstefanijaКузман Поп Стефанија запеа како некогаш, во придружба со неговите наследници Ансамбл Билјана, оркестарот Јуниор 4, со што всушност започна и музичкиот дел на концертот каде се претставија младите охридски музичари, пеачи, групи, актери. Општиот впечаток на охридските уметници е дека хуманизмот е во сите нас и треба да дадеме се од себе за да го истакнеме. Тие забележаа дека концертот помина во една беспрекорна организација на Лајонс Клубот Охрид.

„На секоја покана присуствувам и тоа го практикувам бидејќи хуманоста е доблест треба да ја практикува секој еден човек и ако си човечен би го сватил тоа. Треба сите бидеме хумании да го поддржиме тоа како што го поддржа Лионс клубот од Охрид-вели Денис Мурат. „Хуманитарните концерти никогаш не се одбиваат бидејќи некои луѓе го немаат тоа што го имаме ние и секогаш сум отворен за соработка за вакви концерти, чуството е прекрасно, да се помогне на некој.
Лајонс е најдобриот клуб дефинитивно, ми се допадна организацијата беше супер ми се допадна целиот концерт и концепт кој што беше претставен тука“-изјави Боби Мојсоски. „Мислам дека е најдобро чуството и нема ништо подобро од тоа да си хуманитарен за новогодишните празници. Мислам дека ова е нешто најдобро и јас им честитам лично од мене – рече Симона Попоска.
„Јас мислам дека доволно сме оптеретени со дневно политички содржини да се види публика од 550 души како се смее е доволен доказ дека имаме среќна Нова година -кажа Никола Тодороски.
„Оваа година решив да не настапувам затоа што 3 години наназад настапувам и сум во организација и сум презадоволен. Организацијата беше прекрасна и се надевам дека луѓето го приметија тоа по нивните искрени изрази на лицата, мислам дека беше супер“-вели Ѓоко Танески

Концертот на Лајонс Клубот Охрид го следеа повеќе истакнати личности од јавниот и општствениот живот на градот, а во полн состав беше и членството на клубот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top