Ознака: компании

Министерот Зоран Шапуриќ во работна посета на охридски компании

Post Views: 5 Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, за време на работната посета на Југозпадна Макеоднија посети и неколку охридски компании. На домашните бизнисмени им ги презентира владините мерки за поддршка на производството и нивните развојни планови. Шапуриќ при тоа ги запозна стопанствениците со мерките наменети за изедначување и поттик на досега запоставените домашни компании. Во мерките за олеснување на бизнисот кажа дека не се предвидени и нема да има ослободување од придонеси за вработување...

Continue reading

industriska

Струга доби индустриска зонa

Post Views: 9 За два месеци во Струга ќе никне новата индустриска зона. На потегот од река Сатеска до аеродромот, северно од магистралниот пат, на површина од 31 хектар се прават завршните подготовки за сервирање на овој плац на можните инвеститори. Раководителот на Секторот за урбанизам Натмир Неџипи, кажа до каде се подготовките околу завршната документација за трговско индустриската развојна зона на подрачјето на општина Струга. „Иначе документацијата ја работат фирми од Скопје, кај нас поднесено е барање за потребната документација, со нив е излезено на терен, целата консултација...

Continue reading

Големите охридски компании не нудат бонуси на вработените за вакцинирање

Post Views: 1 Мерката за задолжително приложување сертификат за примена барем една доза вакцина или потврда за прележан Ковид 19 во последните 45 дена од оздравувањето го зголеми интересот на населението за вакцинација. Забраната за влез во угостителските објекти, затворени трговски центри молови, обложувалници, посета на организирани настани без ковид сертификат за дел од граѓаните беше причина да се имунизираат. Секојдневно се објавуваат информации за одредени големи компании меѓу кои Google, Netfliks, Facebook, Washington Post кои побарале од нивните вработени да се вакцинираат...

Continue reading

tekstilna fabrika

Македонскиот текстил се пробива на Европскиот пазар

Post Views: 8 Осум компании од текстилната индустрија од Македонија во среда на деловна (Б2Б) средба со фирми од Северна Европа ќе ги презентираат своите производи и услуги во Копенхаген, Данска. Во четврток, македонските фирми ќе имаат можност да го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген кој е најголем саем од овој вид во Северна Европа, и се одржува помеѓу 3-ти јануари и 2-ри февруари, 2014. Саемот е на површина од 40,000м2 на кој безброј брендови ги изложуваат своите производи под еден кров. Компаниите кои ќе се претстават се: Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд,...

Continue reading

Volkswagen се дели на четири компании

Post Views: 1 Третиот светски производител на автомобили Volkswagen (VW) го менува своето корпоративно работење со цел зголемување на производството. Три извори, внатре во корпорацијата, изјавиле за Reuters дека компанијата ќе се подели на четири компании од кои една ќе биде задолжена за широкиот пазар на марки на автомобили, друга за камиони, а преостанатите две за премиум брендови, една на чело со Audi, а другата со Porshe. Новата структура на корпорацијата би требало да биде составена од најдобрите менаџери до крајот на летото. Со оглед на реструктуирањето на комплетното работење,...

Continue reading

Во најава две големи превземања на големи компании

Post Views: 0 Минатата недела по интернет се проширија две гласини за потенцијални аквизиции на големи компании – една од нив е дека Microsoft има намера да го купи BlackBerry, а другата е дека Google би можел да го превземе Twitter. Ова го тврди новинар на Bussines Insider кој минатата недела присуствувал на Engage 2015 конференцијата во Прага и на која разговарал со бројни влијателни луѓе и директори на технолошки компнаии. Посебно го потенцирал одговорот на еден директор (не го открил неговиот идентитет), кој има конекции и во Google и во Twitter, на прашањето дали треба да се...

Continue reading

ajvar

Корисен или некорисен, странците луди по нашиот ајвар

Post Views: 9 Од Македонската асоцијација на преработувачи велат дека од година во година извозот на македонскиот ајвар постојано се зголемува. Ајварот најмногу се пласира на европските пазари и земјите од регионот. Според податоците од оваа организација во последните пет години извозот на овој познат македонски бренд е зголемен дури за 67,6% . Токму како резултат на зголемената побарувачка, домашните компании велат дека ќе го зголемат производството и ќе освојуваат нови пазари. Дека побарувачката постојано е во нагорен тренд, задоволно потврдуваат и менаџерите на домашните конзервни...

Continue reading

logo

Цената на електричната енергија ќе се намaли за 5,2%

Post Views: 1 Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори. Според информациите на „Дневник“ ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре. Намалувањето на цената, според претпоставките, се должи на намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, како и на падот на цената на струјата на светските пазари. Македонците во изминатиов период, според податоците од енергетските...

Continue reading

trkalezna masa-sindikati

Македонија на енергетски план, подготвена за ЕУ

Post Views: 1 Македонските енергетски компании се на добар пат кон Европската Унија. Овие два дена во хотел „Бисер“, во Струга, се одржува тркалезна маса со претставници на синдикатите од Југоисточна Европа. Тука се разменуваат мислења во делот на социјалниот дијалог за енергетските компании во регионот. Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Раско Мишковски рече дека денешниот состанок воедно е и подготвителен состанок на синдикатите, за наредните чекори за остварување на правата на работниците во делот на енергетските компании. Тој додаде дека секое искуство е добредојдено,...

Continue reading

logo

Во Македонија слободни работни места во индустријата, градежништвото и трговијата

Post Views: 0 Во првото тримесечје од годинава во Македонија имало 4.692 слободни работни места. Најмногу работници се барале во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и градежништвото. Според податоците на Државниот завод за статистика во преработувачката индустрија имало 1.342 слободни работни места, во трговијата на мало и големо 663 и во градежништвото 620 работни места. Најголем дел од слободните работни места 1,29 отсто се во компании кои имаат од 10 до 49 вработени, а во компании од 50 до 249 вработени имало 1,27 отсто од слободните работни места. Скопскиот...

Continue reading

Американските компании исплаќаат на акционерите 1.000 милијарди долари

Post Views: 2 Акционерите на најголемите американски компании оваа година очекуваат рекордни 1.000 милијарди долари, бидејќи нивните управи поради состојбата на глобалната економија одлучиле да ги пренасочат парите на исплата на дивиденди и откуп на акции. Овие акционери и минатата година отствариле 903 милијарди долари, од што на дивиденди е исплатено 350 милијарди долари додека на откуп на акции се потрошени 553 милијарди долари, покажале официјалните податоци на S&P кои ги пренесува The Financial Times. Се очекува дека овој износ оваа година ќе се зголеми за двоцифрен процент....

Continue reading

Семејствата на настраданите во падот на авионот на Germanwings ќе добијат 300 милиони долари

Post Views: 2 Осигурителните компании резервирале 300 милиони долари за падот на германскиот Germanwings во француските Алпи, во кој настрадаа 150 лица, известила германската авио компанија Lufthansa. Износот опфаќа финансиски надоместок за семејствата на загинатите и трошоци за срушениот авион Airbus 320 во сопственост на дисконтниот превозник Germanwings, рекла за агенцијата AFP портпаролката на групацијата Lufthansa. Со тоа таа го потврдила известувањето на германскиот дневник Handelsblatt. Актуелната каталошка цена на тој тип на авион изнесува 93,9 милиони долари. Спрема пишувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top