Ознака: кои

zakon

Стапува на сила Законот за финансиска дисциплина

Post Views: 5 Од 1ви мај, компаниите ќе морат навремено да ги исплаќаат долговите, за да не се соочат со ригорозни казни кои се претвидуваат во новиот Закон за финансиска дисциплина. Со овој закон, компаниите се обврзуваат да ги подмират меѓусебните плаќања во рок од два месеца, а за тоа треба да постои и писмен договор помеѓу страните. Доколку не се испочитуваат овие правила, тој што доцни првично ќе плати 3.000 денари како надомест, кој може да го побара во рок од три години. Предвидени се и големи глоби за непочитување на одредбите од Законот. Така, за задоцнето плаќање правните...

Continue reading

Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери

Post Views: 2 Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето. Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат на општината....

Continue reading

dokument petko

Концесија или јавно-приватно партнерство

Post Views: 3 Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“  и една на „Сити Логистик“ од Скопје. Додека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви партнерства...

Continue reading

pari

ДЗС: зголемување на просечната плата за 0,1%

Post Views: 2 Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за една година просечната плата по вработен се зголемила за 0,1%. Растот, пред се, е резултат на зголемените примања на вработените во три сектори. Најголем пораст на платите во изминатиот едногодишен период имало во рударството и вадењето камен, и тоа за 16,5%. Следуваат градежниците, чии сметки станале подебели за 8,7%, па административните и помошните услужни дејности, каде што е регистриран раст на просечната нето-плата...

Continue reading

tribina zeni

Неправдите врз жените да запрат

Post Views: 8 Денес, во организација на Националниот Совет за родова рамноправност и Невладината отганизација „Езерка“, во Струга се оддржа трибина, поточно промоција на концептот феминистичка правда, односно родов концепт и справување со неправдите и дискриминацијата направени во транзициониот период, почнувајќи од деведесеттите до сега. Светлана Јанева од Националниот совет за родова еднаквост истакна дека време е да запрат неправдите кои се вршат врз жената. Додаде дека со реализација на иницијативата на Женскиот суд ќе се отвори простор каде ќе можат жените јавно да сведочат за...

Continue reading

glasanje

„Дупли“ избори во недела

Post Views: 1 Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори. Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав. Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според...

Continue reading

Турските туристи кои доаѓаат на кружната Балканска тура забелележуваат на лошата патна инфраструктура во регионот

Post Views: 9 Туристите од Турција кои доаѓаат во Охрид и патуваат на балканската кружна тура упатуваат забелешки за лошата патна инфраструктура, кажува Сејфедин Куртиш, туроператор БТБ одТурција. Патната инфраструктура е голем недостаток туристите да уживаат подолго во убавината не само во Македонија туку генерално во регионот, вели Куртиш. „ Од Скопје до Охрид доаѓаме за 3 часа.Тоа е голем проблем не може да уживаат во посета и разглед на градовите. Ова важи и за другите држави. Балканската тура повеќе поминува по патиштата. Замислете Охрид-Скопје да е сат и половина, 2 сати ќе...

Continue reading

Celebi

Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај

Post Views: 1 Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен. Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени. „Интензивно се работи...

Continue reading

Неточно е дека сите кои примиле вакцина на „Фајзер“ завршуваат со миокардитис

Post Views: 7 Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа да помислат дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку месеци од употребата на вакцината на „Фајзер“, во Европската агенција за лекови (ЕМА) беа пријавени мал број случаи на благи воспаленија на срцевиот мускул (миокардитис) и на срцевата обвивка (перикардитис). Во Македонија според Агенцијата за лекови МАЛМЕД, нема пријавени вакви случаи. Пост на Фејсбук насловен со: „Капитализмот...

Continue reading

otpad

Солиден буџет за проект

Post Views: 1 Општините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на   средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за буџетите...

Continue reading

agencija za turizam

Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга

Post Views: 1 Вработените во Агенцијата за подршка и промоција на туризмот кои работат во Струга, на улица. Тие не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи. Спратот од зградата на Кеј 8ми Ноември, каде се наоѓа канцеларијата на Агенцијата вчера беше  продаден на јавно наддавање преку извршител за подмирување на долг на општина Струга кон проектанска фирма.  Во оваа канцеларија функционираше Комисијата за доделување на субвенции во туризмот која е составена од три члена и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top