Ознака: кои

Технолошки настани кои ја одбележаа 2015 година

Post Views: 2 Минатата година беше исклучително интересна за технолошката индустрија и тешко е да се издвојат сите интересни работи но спрема Business Insider ова се некои од случувањата и производи по кои ќе се памети минатата година. –Apple Watch – прв потполно нов производ кој Apple го претстави по смртта на Steve Jobs. Овој гаџет многу брзо го покори пазарот на паметни часовници, а иако нема официјални информации за бројот на продадени примероци, Tim Cock рече дека побарувачката ги надмина сите очекувања. –Автопилот во автомобилите на Tesla – автомобили со кои ќе управува...

Continue reading

pokazateli

Квалитетот на воздухот во големите македонски градови e очаен

Post Views: 1 Скопје, Битола, Тетово – ова се градовите во кои се регистрира зголемено ниво на штетни честички во воздухот. Мерните станици во Битола синоќа покажале концентрација на честички ПМ10 дури 11 пати поголема од максимално дозволената.Во овој град и утрово покажуваат загаденост на воздухот, иако нешто пониска од вчерашната. Во Тетово, загадувањето било десет пати поголемо од дозволеното, а скопјани дишеле воздух трипати позагаден од максимално дозволените вредности. Утрово најголема загаденост во главниот град регистрираа мерните станици во Гази Баба, кај Ректоратот на...

Continue reading

ucenici nova

Македонските средношколци како Европски парламентарци

Post Views: 3 Во периодот од 3 до 5 октомври во организација на Меѓународното училиште „НОВА”,се одржа петтата национална симулација на Европскиот парламент. На овој настан учествуваа 80 ученици и 20 професори од дваесет средни  училишта во земјава. Овие ученици се дел од МЕП-клубовите во матичните училишта каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. Тие се дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта. Учениците кои  учествуваа на оваа симулација доаѓаат од средни училишта од: Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово,...

Continue reading

deca sovet

Посета на ученици во струшкиот Совет

Post Views: 4 Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот. „Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите...

Continue reading

logo

„Ѕвезденото небо на Тоше“ по седми пат

Post Views: 1 За да не се заборави последната средба и најубавата насмевка. За да не престане да живее во музиката, во песните и во очите кои едвај го чекаа. Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, в недела по седми пат ќе се одржи во Скопје. Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години. Годинава настанот ќе се одржи на плоштадот „Κаρпошово Востание” (пρед Музејот на холоκаустот) од 19:30 до 22:00 часот. Музичкиот хепенинг е по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано...

Continue reading

bebe

5000 денари за првото новороденче во Општина Дебрца годинава

Post Views: 2 Новороденчето е девојче Славица Мувческа од село Требеништа, која се роди на 01 февруари годинава. Согласно програмата, како општина Охрид, така и општина Дебарца доделува по 5000 денари финансиска помош за секое новороденче. Стојче и Маријана Мувчески се родителите на малечката Славица , кои добија парична помош од општината во вредност од 5000 денари. {loadposition content9}

Continue reading

memo

Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Post Views: 2 Во Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет. „Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување...

Continue reading

logo

Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред

Post Views: 0 Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат. По успешната електронска регистрација во системот...

Continue reading

sednica struga

Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница

Post Views: 2 Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата. „Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи...

Continue reading

drim struga

Струга интензивно ќе го развива риболовниот туризам

Post Views: 7   Концесионерот на реката Црн Дрим, Пастрмка – Струга отпочна со издавање на дозволи за риболов. Секој граѓанин од земјава и надвор од неа кој сака рекреативно да лови риба треба да исполни два услови за да дојде до потребната дозвола, вели претставникот на концесионерот на реката Црн Дрим Емил Матоски. Тој нагласи дека сите оние кои ќе извадат дозвола, помагаат во заштитата на риболовниот ревир на реката Црн Дрим. „Дозволата за нашиот риболовен ревир изнесува 1100 денари, но претходно треба да биде регистриран член на риболовната федерација, што со чланарина во...

Continue reading

logo

МТСП: Повик за користење на бесплатна рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот

Post Views: 1 Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат  деца кои се со пречки во  телесниот развој  на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица. Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или  комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години...

Continue reading

fudbal

Македонија Данска 3:0

Post Views: 2 Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top