Post Views: 3
„Условен паричен надоместок“, ново олеснување при школувањето на децата од социјално загрозени семејства. Оваа програма започна да се применува од годинава, а бенефит од проектот ќе имаат семејствата корисници на социјална парична помош, кои имаат дете или деца, ученици во средно образование и кое се редовни во наставата.
„ За секој ученик запишан во средно оразование предвидени се по 12 илјади денари годишно, распределени во четири квартали, со цел подигнување на нивото на обраованието. Ова е една од мерките кои ги предвидува владата и министерството за труд и социјална...
Post Views: 1
На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833 објекти за приватно сместување од мал обем. Според категоризацијата на објектите, се нудат апартмани со висок комфор, но и просечни соби. Апартманите со 4 ѕвезди, најмногу ги има 107 во старото градско јадро и 41 во Лагадин. Веднаш потоа доѓаат високо комфорните апартмани во Рача, 10, и само 6 во Пештани. Од понудените објекти, сепак на крајбрежјето најмногу се нудат соби со една...
Post Views: 33
Во охридската Чаршија на просторот од денешниот трговски центар Амам во минатото била изградена турска бања. Според записите амамот бил изграден во периодот помеѓу 17 и 18 век. Во периодот од 19-ти век од десната страна на амамот се наоѓал анот на Шери-бег. Покрај собите за спиење имало и афчилница или кажано со денешниот современ речник ресторан каде што се подготвувале турски јадење. Од лево пак, била терзиската работилница на Тупаре, Нане и Трене кои изработувале народни носии. Амамот имал две големи дрвени порти од една се влегувало, а од другата се излегувало....
Post Views: 2
Продолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна.
„И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани,...
Post Views: 0
Корисниците на социјална помош од нашиот град ќе ги облечат во „марка“ роба запленета од надлежните органи. Иако поголемиот број од социјално загрозените семејства едвај се прехрануваат, барем ќе бидат добро облечени пролетва. Меѓу другото, во донацијата можеше да се забележат „Гучи“ кондури, „Рибок“ патики и друга корисна роба за социјалците. Од Центарот за социјални грижи во Охрид задоволни од донацијата.
„Во соработка со Владата, примена е оваа помош која во наредниот период очекуваме да и се подели на целната група, а тоа се корисниците на социјална парична помош....
Post Views: 8
„Сакаме да бидеме секогаш блиску до народот, тоа е и во склад со демохристијанската определба на партијата“, изјави на денешната пресс конференција претседателот на Унијата на жени на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска. Од Унијата информираа за некои од активностите кои наскоро треба да бидат реализирани како дел од акциониот план на Унијата на жени. Станува збор за организирање тирбини, хуманитарни акции и други активности.
Така на 20- ти март, во пресрет на Денот на пролетта, на потегот Грашница – Младост, со почеток во 12 часот, ќе се одржи еколошка акција...
Post Views: 1
Танче Трајчески е наш хуман сограѓанин кој досега 50 пати дарувал крв. Носител е на крвната крупа А позитив и е среќен што со својата несебична дарежливост е дел од големото крводарително семејство. Хуманоста ја пренесол и на своите најблиски.Неговиот син и ќерка веќе по пет пати дарувале крв следејќи гипостапките на својот хунам татко.
И Борис Стојаноски од Горно Лакочереј е дел од хуманото семејство на охридските крводарители. Тој досега 32 пати подарил од својата скапоцена течност. Се гордее што повеќе пати се одзвал на повик каде што итно била потребна неговата...
Post Views: 14
Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.Покрај размената на академските и научните кадри, соработката помеѓу двата универзитети ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање.
„Ние сме слуги на студентите“. Со овие зборови, ректорот на Универзитетот за информатички технологии, „Св.Апостол Павле“, ја објасни улогата на професорите, пред својот колега од Државниот универзитет од Тетово, Агрон Река, со кој денес беше потпишан меморандум за соработка. Ректорот на Универзитетот за информатички...
Post Views: 23
66 години крводарителски акции, 66 години хуманост. Македонската организација на црвениот крст, која е дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, прославува за својата успешна работа. Централната свеченост се одржа во Скопје, каде на најдобрите организатори на крводарителски акции им беа доделени благодарници.
Една од поуспешните општински организации е и Охридската. Во изминативе 7 – 8 години сме меѓу првите 3 -4 општински организации, не само по бројот на собрани крвни едининици, туку и по процентот на надминување на планот. Минатата...
Post Views: 2
Југозападниот плански регион има идеални услови за производство на млечни и земјоделски производи. Идeјата на екологистите за производство на здрава органска храна, ја подржуваат и потпомогнуваат експертите. Центарот за развој на Југозападен плански регион досега има реализирано неколку проекти во кои ги вклучува 13 те општини преку кои ги обучуваат земјоделците и млекипроизводителите за производство на здрава органска храна, и тип на стандарди кои се потребни за производите да може да се извезуваат надвор од Македонија.
„ Посебно обративме внимание на нивното едуцирање...
Post Views: 1
Крајно несредениот и запуштен потег од бул. „Туристичка“, кај спортската сала, до каналот кај Биљанини извори, дојде на ред да се среди. Согласно годишната програма на Локалната, ова е најновата активност која деновиве ја презема Секторот за екологија, во изведба на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Котели од Секторот за екологија вели дека добро е јавноста и претставниците на еколошките друштва да слушнат за нивната иницијатива.
Котели убедува дека работите кои ќе се изведуваат на планираниот потег ќе бидат строго земјeни. Но, тој со точност не можеше да прецизира какви...
Post Views: 2
Вакви цели се промовираат со програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Еко-менаџмент и еко-стандарди за училиштата во Македонија. Ќе се обучуваат како да заштедат финансиски средства, а притоа и да ја чуваат животната средина.
Обуките се дел од програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Имплементатор на оваа програма е Здружението на граѓани ОХО. Ова здружение програмата ја реализира веќе 11 години. Таа е дел од проектот „Немаме резервна планета“
Минатата година со оваа програма биле...