Post Views: 2
Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа.
„Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески.
Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца...
Post Views: 1
Со звукот на свирчето, Проф. Соња Думбалова Делова го означува стартот на утринскиот тренинг на децата во малиот базен. Малите пливачи кои ја посетуваат ПШ „Делфина 2012“ дисциплинирано и вредно ги применуваат техниките кои ги научиле во меѓувреме од нивниот тренер. Децата кои учат пливање со нескриено задоволство едногласно велат дека го сакаат пливањето и имаат желба да ги научат техниките на сите стилови во пливањето. Весело кажуваат што научиле во овие 40-тина дена откако се под будното око на тренерот и нејзиниот асистент. Под водство на тренерот Соња Думбалова...
Post Views: 3
Денес завршува овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Елизабета Јанкулоска, директорот на фестивалот истакна дека е ова е едно од најуспешните негови изданија, за што доказ е фактот што во целост е реализирана неговата програма, како и тоа што секој негов настан се одржуваше пред полни трибини, задоволна публика и во знак на беспрекорна сценско-техничка организација.
„На сцената имавме врвни уметници кои со неповторливите настапи оставија белег во збогатувањето на Програмата. Ваквите уметнички вредности ќе останат засекогаш врежани во срцето на богатата...
Post Views: 3
Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери...
Post Views: 2
Охридскиот пливачки маратон посилен од сите проблеми. Утре, по 26 ти пат ќе се одржи најреномираната спортска манифестација во земјава. Интересот годинава навистина голем. Вкупно ќе настапат 30 пливачи, 19 во машка, 11 во женска конкуренција, а ќе ги бранат боите на 12 земји од Европа и светот. Сите пливачи се подготвени и физички здрави според зборовите на медицинскиот делегат на ФИНА, Еиде Лубс. Главниот делегат на меѓународната пливачка федерација, Жан-Пол Нарсе, вели претходните два пати кога го посетил Охрид, пристигнал како тренер, на својот пливач, но годинава...
Post Views: 17
Деновиве во Охрид, над илјада малечки херои уживаа во убавините на Охрид. Искуство кое кај секој од нив ќе остави посебен впечаток.
„Јас најмногу уживав во маскембалот, кадев преправена во балерина. Има премногу впечатоци, би ги издвоила забавите навечер, организиравме и маскенбал. Преку деновите имавме водени лудории, натревари во пливање, каде сите се забавуваме, прекрасно се дружевме и пријателствата се повеќе се проширија. Можам да кажам дека сум навистина задоволен, со децата многу се дружевме, бевме во Езерски бисери во Струга и во Охрид на прошетка, се е супер,...
Post Views: 1
Драстично се намалува бројот на невработените лица во општина Охрид, информираат од Центарот за вработување. Така заклучно со месец јули 2012 година, бројот на невработени лица според нивната евиденција изнесува точно 8078 лица. Само за споредба пред пет години бројот на невработените лица изнесувал над 12 000. Според Јован Баткоски, директорот на Центарот, причините за ваквиот тренд се воведувањето на електронскиот систем на евиденција, потоа измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои статусот за невработеност не е услов за оставрување...
Post Views: 1
Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има.
Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да...
Post Views: 3
Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, ги информира станоиздавачите на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, дека треба да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем. Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој, со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат ) . За подетални информации граѓаните можат да се обратат на телефоните 046/ 230 175 и 230 455.
Post Views: 5
Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...
Post Views: 0
Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески.
За овој проблем жителите од Кошишта алармирале...
Post Views: 7
Започнуваат уписите за идните студенти во академската 2012/2013 година. Веќе четврта година како Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, подготвен да ги прими студентите на своите пет факултети. Триста слободни мести има на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис информатика, објаснува...