Врвните резултати во пливањето зависат од изградба на затворен базен

Со звукот на свирчето, Проф. Соња Думбалова Делова, го означува стартот на утринскиот тренинг на децата  во малиот базен. 

 |  Валентина Неловска  | 
plivaci
plivaci

Со звукот на свирчето, Проф. Соња Думбалова Делова го означува стартот на утринскиот тренинг на децата  во малиот базен. Малите пливачи кои ја посетуваат ПШ „Делфина 2012“  дисциплинирано и вредно ги применуваат техниките кои ги научиле во меѓувреме од нивниот тренер. Децата кои учат пливање со нескриено  задоволство едногласно велат дека го сакаат пливањето и имаат желба да ги научат техниките на сите стилови  во пливањето. Весело кажуваат што научиле во овие 40-тина дена откако се под будното око на тренерот и нејзиниот асистент.plivaci 
Под водство на тренерот Соња Думбалова Делова, која  има 30 годишно искуство во обуката на бројни пливачи, децата ги совладуваат сите вештини на овој воден спорт. Во тренингот со околу  250 деца пријавени во школата за пливање на Думбалова Делова и асистира поранешната нејзина ученичка и пливачка, државен првак на Македонија во дисциплината грбно, Снежана Чекреџиоска. Оваа поранешна пливачка и учесник на охридскиот маратон вели дека и е огромна чест што работи како асистент на тренерот Думбалова Делова и што учествува во создавањето на нова генерација идни успешни спортисти. Чекреџиоска открива дека денешните генерации не се разликуваат многу од претходните. 

„Сите се паметни и дисциплинирани. Многу  сме задоволни од децата. Тие се посветени на пливањето исто како и ние во нивното тренирање“, нагласува Чекреџиоска.

 Пливачката школа „Делфина 2012“ со која раководи професор Соња Думбалова Делова веќе втора година се обидува да го врати пливањето во живот затоа што со години овој спорт во Охрид беше замрен. На почетокот  на оваа сезона школата имаше мали опструкции, но си го најде своето место под сонцето со помош на родителите од децата, вели еминентниот тренер и меѓународен судија по пливање, Думбалова Делова.
Школата брои околу 250 деца од различна возраст и знаења од пливањето.deca na bazen

„ Нашето поднебје се карактеризира со деца кои во нивниот ген лежат пливањето и водните спортови. Не сакама никако да ги потценам останатите спортови, но ние сме сервис за оние деца кои се талентирани да се надградуваат и да ги учат техниките на пливањето и да ги усовршуваат, затоа што спортот и пливањето се наука“, укажува Думбалова Делова.

Како и на охриѓани и  сонот на Думбалова Делова е изградба на затворен пливачки базен. Соња Думбалова Делова се навраќа на успесите во минатото. Пред 20-тина години охриѓани постигнуваа државни и меѓународни успеси во пливање благодарение на континуитетот во тренинзите кои ги имаа во струшкиот затворен базен. Со изградба на затворен пливачки базен во Охрид  успесите во пливањето и водените спортови би биле уште поголеми, оптимистички вели тренерот по пливање Соња Думбалова Делова.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top