Ознака: кои

ohrid

Охрид нема да аплицира на конкурсот за град на културата во 2015та година

Post Views: 1 Охрид нема да аплицира на конкурсот за град на културата во 2015та година. Локалната смета дека градов нема потреба да конкурира на оваа манифестацијата која ја организира Министерството за култура бидејќи Охрид сам по себе е град на културата и не може да биде ставен во ист кош со останатите градови во Македонија. Охрид треба на повисоко ниво да ги промовира своите  историски и културни вредности . Тоа е главната причина зошто не учествуваме на конкурсот, а од друга страна во градов во летниот период има толку културни настани што нема потреба да аплицираме на една...

Continue reading

турција

Промотивните тури најефикасен начин за развој на туризмот

Post Views: 16 Промотивните тури еден од поефикасните начини за развојот на туризмот. Рекламата од уста на уста и познатата девиза „јас бев, оди и ти“ се покажува како најефикасна. Непосредниот контакт помеѓу домицилната земја и потенцијалните туристи носи најмногу гости, велат туристичките работници. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот потенцираат дека покрај учеството на саемите се повеќе се применува овој начин на промоција. Овој начин за разлика од саемите каде има поголем број агенции е поефикасен бидејќи има можност повеќе време да им се посвети на заинтересираните...

Continue reading

Жените се направени од поотпорен материјал

Post Views: 11 Група белгиски истражувачи ги оправдаа мажите кои цвилат кога се болни. Велат, жените сепак биле направени од поотпорен материјал. Жените имаат подобар имунитет благодарение на вториот X хромозом, во кој се кодирани молекули наречени микро РНК. Станува збор за генетски роднини на ДНК-та, кои важат за главни регулатори на имунолошкиот систем. Заради поголемиот пристап на овие молекули, жените се поотпорни на инфекции, па дури и на рак. Мажите пак, се во загуба, затоа што имаат само еден Х хромозом, што е доказ дека не џабе се жалат толку кога се болни. “Статистиките...

Continue reading

tabla

Нови информативни табли низ Охрид

Post Views: 18 ЈП “Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид. Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште “Кирил и Методиј“.Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот грб на општина Охрид. Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици потенцираат дека нови информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите општински институции. Во текот...

Continue reading

grigor prlicev

Од утре редовна настава, ОУ „Григор Прличев“ доби струја

Post Views: 4 Општина Охрид, утрово  ги подмири обврските на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари. Струјата во училиштето е веќе вклучена  а тоа значи дека наставата продолжува да се реализира во нормални услови, учениците ќе учат  во топли и светли простории. Инаку, на вчерашната  вонредна седница  која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, со одлука на градските советници,    општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија  што училиштето го  има за потрошена електрична...

Continue reading

Патиките не им ги подигнале задниците – Reebok ќе ги врати парите

Post Views: 3 Од Рибок се согласиле да им ги рефундираат парите на клиентите кои купиле од EasyTone и RunTone моделите на патики. Потегот е разрешница на спорот со Федералната комисија за трговија, која е убедена дека тврдењата на Рибок дека патиките ги зацврстуваат тетивите на нозете и мускулите на задникот немаат научна основа. “Колку и да се секси и забавни, во рекламите треба да се тврди само она што навистина има смисла и е докажано за производот,“ замерил Дејвид Владек, директор на Бирото за заштита на потрошувачите при Федералната комисија за трговија. Еден пар од обувките...

Continue reading

znaminja

Македонски знамиња виртуелно се веат пред парламентот во Атина

Post Views: 3 Доколку на електронскиот атлас google earth сакате да се прошетате до грчката престолнина, на плоштадот Синтагма ќе ве изненадат 9 македонски знамиња.Хакерот со прекар Јови, најверојатно ги презел од центарот на Скопје, односно од пред владата на Република Македонија, бидејќи нивниот број, но и положбата се идентични. Целата ситуација станува интересна со фактот дека од google ги одобриле знамињата и покрај тоа што реално пред грчкиот парламент нема такви јарболи. Објектите кои сакате да ги вметнете треба да постојат во реалноста и тие треба да бидат подобри од останатите...

Continue reading

Батерија која ќе го смени светот на технологијата

Post Views: 3 Станува збор за нова генерација на литиум-јонски батерии кои ќе имаат голем животен век од 20 години, што само по себе ќе ја намали и количината на отпад предизвикан од потрошени батерии. Новата генерација на оваа батерија ја направил Chen Xiaodong, професор од NTU. Неговиот изум ќе овозможи полнење на електричните автомобили и до 20 пати побрзо отколку досега. Ќе може да издржи преку 10.000 циклуси на полнење, што е 20 пати повеќе од постоечките технолошки решенија, пренесува International Business Times. За производство на оваа батерија, Chen и неговиот тим користеле...

Continue reading

lolita

Да се забранат „Лолита“ и „Сто години самотија“?

Post Views: 7 Висок руски православен свештеник ја повика Владата на Русија да ги забрани книгите на Владимир Набоков и Габриел Гарсија Маркес, бидејќи во нив се толерира педофилијата.Отецот Всеволод Чаплин, раководител на одделот за комуникација со јавноста на Московската партријаршија, се изјасни во однос на романите „Лолита“ на Набоков и „Сто години самотија“ на Маркес. Свештеникот истакна дека тие автори не треба да се изучуваат во училиштата, бидејќи „романизираат перверзни страсти, кои ги прават луѓето несреќни“. – Време е за морална револуција или ако претпочитате контрареволуција,...

Continue reading

Stavreski

Не треба елаборат за откуп на земјиште под зградите

Post Views: 1 Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, новите измени ќе важат и за оние кои веќе ја почнале процедурата за да може Управата поподготвена да излезе во пресрет на граѓаните и новите задачи што ќе ги добие ќе се направи реорганизација на Управата за имотно-правни работи и нејзино доекипирање. Со измените станарите од станбените објекти кои сакаат да го приватизираат земјиштето нема да треба да поднесуваат елаборат, туку Управата за имотно-правни работи ќе излезе на лице место, ќе го утврди бројот на станови и ќе го подели земјиштето пропорционално...

Continue reading

saem

Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Post Views: 2 Голем број невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување кој одржа во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ со надеж дека ќе најдат вработување или ќе остварат контакт со некој потенцијален работодавач. Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија. Караванот Саеми за вработување има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд.   Се надеваме...

Continue reading

vino

Жените кои пијат вино имаат подобар сексуален живот

Post Views: 5 Истражувањето кое го направиле научници во Тоскана открило дека една или две чаши црно вино дневно водат до поисполнет живот во спалната соба. Научниците од универзитетот во Фиренца испитувале 800 жени на возраст од 18 до 50 години. Тие дошле до докази дека жените кои секојдневно пијат мало количество на црно вино повеќе уживаат во сексот од оние кои не пијат. Научниците во текот на испитувањето обрнале внимание на сексуалниот апетит на жените, оргазмите и задоволството. Жените кои пијат две чашки црно вино дошле до 27,3 бодови, додека оние кои пиеле само по една чашка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top