Да се забранат „Лолита“ и „Сто години самотија“?

Висок руски православен свештеник ја повика Владата на Русија да ги забрани книгите на Владимир Набоков и Габриел Гарсија Маркес.

 |   | 
lolita
lolita

Висок руски православен свештеник ја повика Владата на Русија да ги забрани книгите на Владимир Набоков и Габриел Гарсија Маркес, бидејќи во нив се толерира педофилијата.
lolita
Отецот Всеволод Чаплин, раководител на одделот за комуникација со јавноста на Московската партријаршија, се изјасни во однос на романите „Лолита“ на Набоков и „Сто години самотија“ на Маркес.

Свештеникот истакна дека тие автори не треба да се изучуваат во училиштата, бидејќи „романизираат перверзни страсти, кои ги прават луѓето несреќни“.

– Време е за морална револуција или ако претпочитате контрареволуција, рече Чаплин.

100 god. samotijaСоветникот во Кремљ за меѓународна културна соработка, Михаил Швидкој истакна дека таквата забрана ќе му наштети на имиџот на Русија.

Писателот Борис Аквунин ја повика црквата да не се меша во светските и литературните прашања.

Руската православна црква и претходно упатувала повици за построга контрола на содржината на емисиите, кои ги емитуваат електронските медиуми и нагласувала дека руските жени треба да се придржуваат кон православните норми на облекување, односно да носат облека со која им се покрива целото тело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top