Жените кои пијат вино имаат подобар сексуален живот

Истражувањето кое го направиле научници во Тоскана открило дека една или две чаши црно вино дневно водат до поисполнет живот во спалната соба. Научниците од универзитетот во Фиренца испитувале 800 жени на возраст од 18 до 50 години.

 |   | 
vino
vino

Истражувањето кое го направиле научници во Тоскана открило дека една или две чаши црно вино дневно водат до поисполнет живот во спалната соба. Научниците од универзитетот во Фиренца испитувале 800 жени на возраст од 18 до 50 години.

shampagne

Тие дошле до докази дека жените кои секојдневно пијат мало количество на црно вино повеќе уживаат во сексот од оние кои не пијат.

vinoНаучниците во текот на испитувањето обрнале внимание на сексуалниот апетит на жените, оргазмите и задоволството. Жените кои пијат две чашки црно вино дошле до 27,3 бодови, додека оние кои пиеле само по една чашка 25,9 бодови, а оние кои не пијат 24,4 бодови.

„Историски гледно уште од античка Грција се знае дека помеѓу виното и сексуалноста има голема поврзаност. Жените кои умерено пијат вино имаат подобар и посреќен сексуален живот. Сепак не е доволно истражено и ќе се трудиме да одиме во тој правец, да видиме дали навистина има голема поврзаност помеѓу виното и сексот“, изјавил др. Никола Мондани.

Интересно е дека за време на истражувањето откриено е дека постарите жени имаат поисполнет сексуален живот од младите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top