Ознака: кои

Тајна чувана 33 години

Post Views: 2 По смртта на Јосип Броз Тито сите предмети кои се наоѓале во неговиот личен трезор се запечатени, и така останале 33 години. Државната комисија на Србија одлучила да го отвори сефот на Јосип Броз Тито и така да ја открие тајната која била чувана толку години. Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, по одлука на Претседателството на СФРЈ, сите предмети кои се наоѓале во личниот трезор на Тито, останале запечатени. Сефот е отворен минатата година, а некои од најдрагоцените работи, како златото, се депонирани во трезорот на Народната банка на Србија. Одлучено било...

Continue reading

deponija

ОО СДСМ од Охрид: ВМРО -ДПМНЕ во населено место прави нова дива депонија

Post Views: 0 Почитувани граѓани,Воопшто не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се залагаат за чист Охрид. Дури чистејќи ја дивата депонија Мауцкер тие во дворот на ЈП Комуналец депонираат смет и на тој начин се поигруваат со здравјето на граѓаните кои живеат непосредно во околина на местото. ВМРО-ДПМНЕ свесно во населено место прават нова дива депонија, стои во соопштението  за јавост на ОО СДСМ од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

vevcani karneval

Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН

Post Views: 1 48 часовна апсолутна слобода на телото и умот. Тоа е нараскинлив дел од традиционалниот вевчански карневал и на сите учесници во него, кој веќе бележи 1400 години од своето постоење. Во овај театар на отворено продефилираа повеќе од 1000 василичари  носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирирани од личности и настани кои ја одбележаа 2014 година. Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН. Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги...

Continue reading

Проверки кои откриваат дали медот е природен или лажен

Post Views: 1 Иако само со детална анализа е возможно да се провери вистинскиот состав на медот, сепак постојат и некои проверки кои помагаат да се одреди потеклото на овој најприроден извор на здравјето. –Читање на составот на етикетата на теглата мед е првиот чекор кој помага во изборот на квалитетен мед кој во себе не содржи адитиви. Производителите мораат да го назначат тоа на етикетата и неговиот процент во количината. –Природниот мед не е леплив, а тестирањето е возможно доколку малку мед го протриете меѓу прстите. Вистинскиот мед би требало да се впие во кожата....

Continue reading

dobrotoljubie

Нормални услови, а не луксуз бараат штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“

Post Views: 2 Ова се просториите во кои веќе девет години се згрижени штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби  „Добротољубие“. Мебелот, покуќнината, ѕидовите, санитаријата, времето ги излитило и нагризило, и по девет години постојана употреба, најголемиот број од елементите ја изгубиле својата функционалност или се во лоша состојба. И покрај тоа, 12те штитеници секојдневно седат на истите неудобни столчиња, ручаат на истите маси, и се занимаваат гледајќи телевизија на нешто што одвај личи на колор телевизор. Од здружението велат дека не бараат никаков луксуз, туку...

Continue reading

teatar

Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар

Post Views: 3 Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна. „Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова...

Continue reading

Каталонија: Допуштете нѝ да се изјасниме

Post Views: 0 По забраната за референдум, шпанската влада сега сака да ги забрани и “необврзувачките консултации” со граѓаните на Каталонија, кои се најавени за 9 ноември. За каталонските власти тоа е очигледна злоупотреба на власта. Најавата на властите од Мадрид дека по судски пат ќе го забранат и ова изјаснување, ги крена на нозе челниците на Каталонија. “Тоа не само што е смешно, шпанските власти ја злоупотребуваат власта и законите. Уставниот суд го користат во погрешни цели, го присилуваат да одлучува за прашања кои не се во негова надлежност. Работата на Уставниот суд не е...

Continue reading

aromaterapi

Алтернативната медицина добива законска рамка

Post Views: 58 Нема некој што не би сакал да направи арома терапија со употреба на етеричните масла кои во 1 капка содржат 2000 цветови, вели Сузана Наумоска, сопственичката на салонот за убавина Изида Спа. Таа додава дека со оваа терапија телото за еден час  успеваат да го вратат во нормална состојба дури и кај доста нервозните клиенти. Но охриѓани сеуште малку се присутни на третманите од алтернативната медицина, потенцира Наумоска. „Морам да кажам дека економската ситуација охриѓани малку ги направи да имаат некаква линија а да не доаѓаат во салони, но, со туристите нема никаков...

Continue reading

bogojavlenie

Во Охрид се очекуваат 30 000 гости за богојавленските празници

Post Views: 3   Петдневно славење по повод празникот Богојавление-Водици. Чествувањето за овој голем христијански празник започнува на 16ти јануари со настап на културно уметнички друштва од Охрид. На 17ти во сабота на градскиот плоштад ќе има концерт познатата македонска ѕвезда Каролина Гочева, во недела бидејќи е Водопост нема да има некои музички настапи, но вечерта во 19 часот во куќата на Уранија ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе сликаат дела со мотиви од празничната атмосфера...

Continue reading

intenet

Сајбер насилниците ги демнат децата на интернет и социјалните мрежи

Post Views: 1 Користењето на фејсбук и социјалните мрежи ги става во опасност децата од сексуални злоупотреби. Од првата детска амбасада Меѓаши нагласуваат дека децата ги демнат  опасности од сајбер насилниците и порачуваат на добра информираност и на родителите и на децата за правилно користење на интернетот. Јана Зенгоска од Меѓаши посочува дека кампањите кои се водат за правилно користење на компјутерската технологија даваат резултати , но потребна е постојана едукација.  „Можеби се должи на сензибизлирање но сеуште родителите и децата сметата дека тоа не може да им се случи на...

Continue reading

nasadi creshi

Снегот и ниските температури позитивно ќе влијаат на земјоделските култури во нашиот регион

Post Views: 3 Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле. „Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени болести...

Continue reading

logo

Непочитувањето на „мој термин“ може скапо да ве чини

Post Views: 0 Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, кој пред Нова година, во прво читање, беше прифатен од собраниската Комисија за здравство, се предвидува јавните здравствени установи да можат да наплатат 50 отсто од трошоците за здравствената услуга од оние пациенти што два пати во месецот или четири пати во годината не дошле на закажан преглед или операција, а воопшто или навреме не ги откажале термините, пишува денешен „Вест“. Пациентите кои се спречени да дојдат на закажаниот термин за преглед или операција, според предложените законски измени, треба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top